Ама кај секого не е ист проблемот, за да се исчистило кај вас со тобрекс значи е било инфекција. Во 80% од ваквите случаеви кај новороденчињата, вклучувајќи го и мојов кај моето бебе, е затнато солзно каналче. И мојот педијатар ми рече да му ставам капки тобрекс или тобрадекс, едните се со кортизон и јас не и ставав ништо, пробав прво со масажичка на секој подој и правев, само едното окце и солзеше од болница уште од раѓање, до 40 дена исчезна преку ноќ. И толку беше. И го чистев со чиста газа натопена во физиолошки раствор, ништо повеќе. Не се дава туку така капки на толку мало бебенце од ракав, мора да постои сериозна причина за да се даде. Има случаеви еве и тука на форум читаме и покрај капките не минало, пак си солзи окцето, што значи не е до капките
Малку погрешна тема ама ве молам предложете ми место за ручек околина на Скопје кај што можам раат да си го надојам, да си поспие и растојание меѓу масите. Многу барам ама така си го замислив денот
Пред некој ден бевме со бебка и поголемата во Грин Гарден (бившо Мулино) во Сопиште. Преубава атмосфера, зеленило наоколу, врби, дрвја, фонтана, масички раштркани, супер е. Бебе се изнаспа, а и можеш да се тргнеш на некоја маса повнатре да го надоиш. И мирно е, нема гласна музика Ние си побаравме поодделена маса и ептен беа љубезни, се’ ни обезбедија, ама и безтоа има растојание Имаше многу родители со мали бебиња си седеа
@elka 14 кај синко беше исто, затнат солзен канал. Брис правев неколку пати, ставав капки залудно, бришев со специјални влажни марамици, со вода и газа итн. Помина само од себе т. е. се откука одеднаш. Масирај нежно со прстот и тоа е се.
Леле сама морам да си одговорам ,сега прочитав дури што сум пишала хахахахах а не можам да се редактирам Маста хлорамфеникол е, јас пак што сум пишала"хлорамфеникит" се отепав од смеење, воопшто не забележав
Му правам ама во последно време искрено не толку често. Инаку окото си солзи, а при затнато каналче кои се други симптоми?
Јас секаде ја дојам, кај најдам таму. Иначе многу мирно место ти е Ореов лад, Визијана Куманово ама морате да се јавите предходно за маса и јас како тебе барам ресторан кај што има водичка, сенка, мирно, убава природа ама уште сум по потрага.
Масирај почесто, бриши го со физиолошки раствор и со твое млеко. Нема некој симптоми, знае да има запушено носе (без секрет).
Има некој скок пред 6ти месец? Не знам дали се во прашање заби или нешто друго, ама ова не се издржува Бајдвеј кои се симптомите за вадење заби?
Има, мислам 5тиот беше. Кај некој читав дека поминаа лудо и незаборавно, јас не ни го осетив. Ми ја плака мамицата на овај 6тиов.
Јас и правев на секој подој, досадно ама бев упорна, дури црвено и беше местото под окцето неколку денови од што и го притискав оти треба и малку посилно за да се отзатне, не да го галиш. Нема симптоми, само солзење и секрет од окцето, бел, жолт, зелен, зависи....
Здраво мајки,имам едно прашање. Моето бебе има 5 месеци и 11 дена, од пред некој ден сме на гости кај свекрва ми и кога таа го држи го остава по малку да се потпира и да потскокнува на нозете одбивајќи се од подлогата. Јас сметам дека уште е мало за оваа активност, а таа вели дека не е и дека е во ред тоа на оваа возраст. Што мислите вие за ова?
Мислам дека таа ги израснала нејзините како што мислела дека треба и сега фино лепо нека се повлече да си ги израснеш ти твоите како што треба, нормално по совет на ортопед.
Антипиреа се викаат, ги има во аптеките. Голема коцка е, ќе си сечеш со ножички помали делчиња и ќе лепиш на боцнатото.
Какво мислење имате за кенгур? Бебе 3 месеци и 7 дена. Некои го препорачуваат, другите кажуваат големо НЕ. Ваши мислења и ставови околу тоа!?