Тешко да се повлечат, они се махери. Мојата едвај ја дистанцирав. Не дека немав помош, многу е внимателна и нежна со бебчето, ама претеруваше и си доби граница. @Enci201 прави како што ти сметаш дека треба и како што кажс @Jana06 советувај се со ортопед.
Јас го употребувам од 3ипол месеци, практичен ми е за кратки прошетки, прашав и ортопед кажа дека може.
I mojata pie sega po 120 ml no gledam deka i e malce pa neznaev dali smeam da davam po 150. Dr nedela sme na pedijatar pa nez sto da pravam do togas mislev da ne e mn 150 ml
Вчера бевме на гости кај бабата и дедото на мм. И бабата уште од врата го зема, а веќе е 75+ и немам баш доверба, а и мали тежи. Се гледаше дека одма и отиде цела сила, седна со него и го става да седи. Ми се преврте во стомак ама се воздржав и и викам 'Не го ставаме да седи'. На тоа ми враќа 'Да, да и не треба, уште е мал. Таму после 5 месеци ќе го оставаш да седи таман и ти да одмориш' Ја гледам зачудена, пак погледнувам во детето дали очите ме лажат, ма не бре детево седнато кај неа во скут. Ама викам седнат е сега моментално, ние не го ставаме да седи! И оваа си сврте глава како да не ме слуша и золва ми се изнервира, стана и го грабна од раце. Помина ручекот и пак го зема и го однесе во некоја соба и го слушам плаче, си го знам детето дека му треба време да се опушти со други луѓе, плус ме нервира што ми го носи по соби. Одам да го земам (непријатно да им одам по спални ама што да правам) и не ми го дава демек седи ти одмори се. Викам мое бебе е, не ме уморува и золвата пак слуша дека се влечеме за бебето и се дере од таму Јана земи си го детето. И ептен стана непријатно и оваа попушти. Божееее, си викам каква жена и после се лутат кога не одиш на гости.
Вчера бев на ортопед рече може кенгур 2.5 месеци е денес се шетавме во кенгур и беше среќен се радува и си прета.
Мене ми беше потребен и Нина уживаше,др.Марина ми рече обавезно да ја ставам. Потребен ми беше зато шо малава одбиваше да лежи во количка, имам темпераментно бебе на кое од мало му беа здодевни некој работи, така и гледањето во облаци. Во раце не можев да ја носам и уживаше беба дур гледаше шо има по маркетите или во парк.
Ние сме 4 месеци и пие по 120мл уште не побарал повеќе а некогаш и 4 саати не бара да јади ама па некогаш и на 2.5 сака... Аман веќе од вакви луѓе... Инале јас пак не сум знаела дека не треба да се остава бебе да се потпира на нозе и го потпирам некогаш кај мене на моиве ако седам на пример и тој скока ко жаба Ама сега ме замисливте...
Тоа баш не смееш да го правиш. Не е добро за зглобовите а многу лесно може и лигамент да му/и повредиш. Синко секогаш кога е покенкав и нервозен јас препишувам на скок. И кога ке отворам, секогаш испаѓа дека е.
Не е многу, на кутијата на секое млеко пишува колку треба да даваш според месеците, за 3 месеци е 150мл.
Хахахахаха и јас скоро научив. Золва е сестрата на мажот, инаку само тука пишувам 'золва' за да не и го спомнувам името. Ќе се пресмее да и кажам дека пишувам золва
Баш отидов да пребарам на нет, оти не знаев, јас имам девер Не ги знам сите, ги знам основните Значи она знае каква баба има, па затоа така направила. Иначе, може смешно и глупаво звучи, а и е стварно прост изговое, ама не сакам повеќе 3 -то дете, ете ради тие причини. Го земале во раце па ми го шетаар насекаде као божем тоа знае нешто,( а ич не сакам во раце, ептен сум љубоморна и здивувам ) па ако плаче не ми го враќаат, па ми кажуваат они што требало да правам, гладно било бла бла, и му виснуваат над глава како ноќна ламба. И ред ред други банални работи. Додека некој става слиќи, и сака да го покаже детето..јас па напротив, излегува дека ги кријам..
Мене ми помина љубомората, на мајка ми понекогаш и правам љубоморни испади зашто од толку љубов се заборава и мисли дека ни е заедничко дете Пример, во сестра ми ич немав доверба го џалатеше ептен ама и покажував како и сега е супер, на неа и го оставам да го причува ама млада е, има рефлекси и сила ако не дај боже и се размрда во раце знам нема да и падне. Плус свесна е дека не држела деца, се плаши и внимава. Додека овие бабите пуцаат од самодоверба и знаат се, па нели ние мајките неискусни треба да ги слушаме. А ја гледам едвај таа се движи, го носи низ цел стан и не седам раат. А кога ќе почнат со советите посебно за чорапи да му ставам на 30+ степени, па зошто вода не му давам, зашто цуцла му давам... Мајко мила, не можеш да се одбраниш.
Ти помина? Блазе си ти Со Јана љубомората ми помина од кога прооде И уште знам така некој ако ја фане во раце..ама за Ема уште не. Ќе чекам и она да прооде