Ми помина зашто уште се мачиме со грчеви и плачки секој ден, се научи нонстоп да го гушкам и кога го зима некој кратко седи и почнува да плаче по мене. Да е мирен кај другите охоо и те како би била љубоморна
Јас не осеќам љубомора бидејќи досега никој друг го нема кренато и допрено освен јас и мм. Со ситуацијава немаме со никого близок контакт, само од далеку го гледаат. Добро, љубоморна сум што на мм му гуга мислам може и по цел ден, на глас му се смее кога и да го погледне. Со него заспива без проблем, со мене се тегне на цице, па кенка, па пак цице. Ене ги спијат гушнати, а јас се убив до него за да спие
Јас сум многу љубоморна свекрвата ко ке ја земи.. Од такт се вадам.. Мисли и се понаша ко да ни е заедничко бебе... На цел глас и зборува бабино бебе(за гласот да и го запаметела) и цело време и се обраќа со мое, мое, мое.. Мислиш таа ја родила.. Живееме стан до стан и влези излези и полудувам..
Јас бев љубоморна на почетокот, ама после ми помина. Може и хормони ми се стабилизираа. За мое мое, цело време свеки вика мое бебе си ти. Татко ти со плави очи (како дедо му нели, пошто мајка му нема плави очи). И така, све е на нив, на баба паметен на дедо умен, на тато убав итн.. Мајка и друга фамилија нема бебево. Ама само смешна ми е со муабетиве, покажува колку е простача. Дури едвај чекам да тресне некоја нова глупост да видам до кај и оди паметот.
Блазе тебе што ти поминало.. Јас полудувам секое нејзино влегување кај нас... И одма фаќам несто низ дома само за да не слушам.. Се надевам ќе ми помини
Ух, и ти си ко мене Ако дојдат јас варам кафе, само туку нешто работам Така нервоза тресам, а и да не правам многу муабет Лоши снаи сме, ту..
Кој ти знаел..јас не дека го оставам со цела тежина да стои јас го држам ама пак се допира со нозете и се отфрла.. Фала ти Иначе ве читам за љубоморава и изгледа јас не сум во ред ама ич не сум љубоморна..мали се радува на мајка ми повеќе отколку на мене..ама таа повеќе го шета го држи му оди по газот што се вели и ко ќе ја види прета со раце ао нозе оти знај дека ќе биди кренат и прошетан а мама ќе го легни на под да се занимава сам А за свеки не сум љубоморна оти поретко го гледа а и не и се радува ич туку знај да почни да плачи ама ми го дава одма оти еднаш е построена дека јас сум мајката не таа...
Мајки од што може вака да и се појави црвенило на ноџето, синојќа не и беше, во долги спир надоле не би можело нешто да ја полази
Ортопед нам ни нагласи дека не треба така, од причините кои ги кажав. Деца до 2 3 години, не знам точно, не смеат да скокаат на трамболина баш заради тие искривувања на стапалата. Љубоморна бев кога некој од страна, дојден на видување, ке ми побараше да го земе синко. А на баби и дедовци никогаш не би можела да љубоморам. И синко ги обожава, татко ми посебно, затоа што најмногу го шета. Мене и мајка ми и свекрва ми исто ми зборуваат. Пример, јас не сакам да давам сол, и двете велат дека по годинка може слободно, голем е.
@0ли исти сме и ние. На мм му се радува одма штом го види. Се смее на цел глас Инаку за свекрвата исто сме сите. Искрено мојата му вика само дете наше, никогаш не рекла мое/твое. И ме слуша ако и кажам не така, не вака. Али пак кога го држи ме иритира па и јас гледам да одам во друга соба да се занимавам. Не знам зошто така. Нема ништо лошо направено жената. Изгледа јас сум лоша
И јас се преиспитувам цело време... Зашто таа од што многу ја сака така и зборува ама сепак посилно е од мене и ме иритира.. Ке треба да се навикнимњ да живееме со тоа
Свекрвами е таква жена што..кога ќе отидеме кај нив се лепи буквално за децата. Јана е веќе голема, 2 год..и само оди по неа се влече како црево, и вика " не таму да не паднеш" , не воа да не се убиеш " , да ја заигра не знае, ќе и каже "види бабе воа види ноа" . А Ема ако скенка, сите ги заборава и трча накај неа, "шо ти е па шо ти е "? Бебе е , шо може да и е. А мама е друга прикаска, знае дека не сакам во раце, и да ја земе ја држи кратко 1-2 мин и ја остава ( свекрва ми ако не и речеш нема да ја пушти пола саат, ќе ја врти ќе ја сучи од сите страни, ама нема да ја даде А битно артритис има и сите коски ја болат) Мама зима се валка на земја, имитира куче, лази, криенка миженка, па ја зема како коњче на неа, топки фрлаат, се бркаат, и Јана среќна пресреќна. Не и вика многу, оди по неа и ја пази само. До душа свекрва ми сигурно има околу 100 кила, а мама е 48 Затоа и може да се валка, ама пак се различни, барем анимации да и прави ако не може да се валка, ама не..и за тоа не ја бива. Горе внуците, само сок пијат. На поголемиот сите заби расипани. Уште пијат со шише од цуцла, а големиот ќе прави 5 год сега, а малата има 3 год. И стално тој муабет кога сме горе, не сок да пиете не чини, бла бла, и пак им дава Абе..не знам што да кажам, пред мене се прави само еве што е . И неќна виде Јана има нови патики, ( за роденден и ги купија) и вика " Ааа имаш нови патики, ами реков јас ќе дадам пари да и купите " ..викам поклон и се за роденден. Ама ме изнервира пак за Ема нема ништо ? Абе ќе пукнам некој ден, оти бе да ми ги делиш децата, што ако е мала, дај ми ги мене парите и ги ставам на сметка, ако немаш многу да дадеш, таа сума што ја планираш подели ја на двете. Не ти барам јаа ништо, ама коа више планираш една стотка подели ја на пола, како едната така другата. Што демек отие е мала и се користи од сестра и ? Па што дека е мала, еве и за неа ставам пари на сметка. Утре кога ќе порасне ќе си има. Абе го чекам моментот да пукнам само..
Аии која радост било да научи бебе само да се врти на меше....го напнав веќе од што ми е мерак да го гледам ко којзнае што да направил...И така дојдов само да се пофалам душа мајкина е тој
Јас на почеток бев многу љубоморна, се сеќавам дојдоја свекрва ми и золва ми на гости да не видат, јас пукнав што ја држат.. плачеше малава и свеки не ми ја даваше воопшто, се правеше како таа да ја има родено, маж ми не беше тука тие 2 недели, таа дојдена на гости, јас за да не се расправам берев во себе и плачев секое туширање, мајка ми ја држев да не се испокараат пошо и она вриеше, Нина не ја крена ни минута, камоли да ми се меша, и рече нејзе тука сме да и помогни е околу куќни работи, за Нина нека се грижи таа ама како на ѕид да му зборуваш, не можам сеуште да сватам зошто свекрвите се понашаат како да е нивно дете и како тие да имаат право на се. Еден ден ми пукна филмот и му се јавив на маж ми и му кажав дека не ми ја дава, ми ја граба од раце и ако плаче она покушава да ја смири, следеше повик и од тогаш се тргна на страна шо се однесува за малава. Само уште ме нервира тоа што ни иде често на гости, јест да имам помош за готвење и чистење ама комоција и мир немам, јас по природа сум самотњак и уживам кога сум сама, уживам во тишина, сега ја имам само на вечер кога ќе заспие малава, кога е тука јас се осеќам како гостин тука, а не она. Ќе издржам до наредни лето, па ауфвидерзен. Единствено ми е криво што малава не можи ни маж ми да ја прошета без мене ни пола саат, сакам луѓе време за себе, сакам топло кафе, сакам да се вратам во теретана, сакам фризер, сакам да седам без никој да има дома.. 8 месеци е Нина и уште мака водиме со таа разделба, демек ќе порасне и ќе се оддели, таа се поприврзана.
Јас немам проблем со љубомора .И јас и мажот ми растени сме со баба и дедо и многу сме си ги сакале Родителите кој студирале кој кариера и јас искрено од старт сакав одма да ги зближам со баба и дедо.Близнаците ми се 22м дури и шетаат во парк без мене и мажот ми само со баба и дедо.Ама како ние ќе им кажеме така и за се не прашуваат и не сум имала до сега некој проблем.Следното лето е договорено да одат на одмор со нив по една недела и со едните и со другите баба и дедо.
А кај мене па мајка ми не беше баш внимателна, многу го нишкаше дури главчето му се тресеше, цуцла му ставаше а на него му се згади и маж ми збесна, и кажав да не прави така и сега е супер, само многу ретко доаѓаат, далеку ми се. А свекрвата ептен е внимателна, многу научив гледајќи од неа, ама она влезе у филм како да е главна улога. На почеток многу се нервирав, неможев да ја поднесам, можеби и хормоните ми влијаеа ама среќа помина тој период. И маж ми многу пати и имаше укажано на тие работи што многу ни сметаа ама изгледа така и одговараше, си тераше по нејзино затоа кога си отиде ние поставивме дистанца. Поготово една вечер кога ми дојдоа, малиот плачеше она го шета наваму натаму, станав и и викам дај ми го детето. Се дрзна да ми каже што ќе сум му правела. Си отидов у спална, и ете ја:да не ти треба нешто, што да ти помогнам, викам ништо. Вика да не ти пречиме? И викам јас сега ќе си го наранам детето, ќе си го заспивам и легнувам до него. За секунда си отидоа. Среќа тој свекорот има свест и многу пати и кажува дека ни досаѓа. Веќе и ретко се гледаме. Друга случка(неколку дена беше бебе) имаше грчеви, се будам јас она го држи во раце. Дури и ми се пофали како цело време и спиел во раце. И викам: мори зошто не си го ставила во креветче!!! Со цел памет ми вика:абе зошто да го оставам. Одма солзи во очи, и сигурно ми се налути ама не ми беше ич гајле. Разбирам мерак за внуче, ем ќе си ја исполни душата ем мене ќе ми помогне ама треба да се знае за граница.
Мене па ми е многу криво што сеуште ја немаат видено во живо бабите и дедовците.Јас сум растена и ептен поврзана со моите па ми значи и ќерка ми да е блиска со нив,иако не знам каква врска ке имаат дека не сме во иста земја. За тоа мое-твое,бабино...штознам,љубов е,викаат внуците се помили од децата..Имам прочитано и за ектремни случаи овде,од “мамино дете” до давање цицка баба на внуче(ова би го ставила во клинички случај),спиење на бебе со баба во спална,не давајќи го на мајката...За ова би пресекла строго,без разлика за која баба се работи. @Bubish26 јас до сега се имам одделено само за гин.преглед 20 мин,знам како ти е.И јас сум самотник,ем научена да живеам сама,па сега на моменти ми фали бар пола саат за мене,но тешко.Ај ке пораснат па ке ги молиме да не дружат.