Подобро да не прочитав... Да му даде цицка ? Да спие со него и да не го даде на мајка? О боже.. Свекрва ми, кога плачеше најголемиот внук, му даваше да го цуца нејзиното лице, за да се смирел оти му се цицало. На јатрва ми и стоеше над цицка, за да не се угушел од цицката случајно
Леле шо нема... Кај мене се дешаваше дури да цица таа да го бацува.. И додека јас и пеам и сум над бебето таа влегува и застанува над мене и почнува бабино бебе бабино.. Епа не е во ред мислам.
И мојава го закачаше додека цицаше, нозе му држеше, раце, демек да не заспиел да се нацица. И секогаш ми висеше над глава.
Треба да им кажете,јас дека 2 се и се е на време и мора заедно и се знае кога се јаде,спие,шета.Кога ги носиме кај баба и дедо се им укажуваме јас на моите мажот ми на неговите.Што да јадат до подготовка малку проблем имавме дека децава јадат и знаат да ги прејадат и тоа го средивме им објаснивме дека крупни деца не се здрави деца и пред да ги шетаат ќе ни се јават дали сега или покасно,ќе им кажам што да ги облечат зашто малку ветре да дувне ќе ги изнаоблечат и се е со многу зборење за помалку нервози.
Ќе следат нови дечиња хах здравје пензионери сами. Со коронава се погоди мм да е дома нон стоп ама пак она мама та мама. Некогаш кризирам, Нина не се заигрува сама, се и е досадно, сама не седи.. не знам како ќе биде ова ама напорно упм. Не ме остава ни каша да и направам.
Жении аманте шо читааам, wtf?? Цц не можам да се дочудам со муабетиве... @dunika , навистина до толку забегани постојат?? А и висиње над цицка е мнооогу невкусно, така џарење, пу јаз'к . За љубомората да пишам. А бе зошто јас не осеќам љубомора како што пишувате? Хм...добро сеа не дека ми е сеедно ако има ситуација така понеобична ама не сум била нешто особено нетрпелива кога други го држат. Ама моите свекор и свекрва се со усул. Таа пример, ако ѝ заплаче во раце, не дека одма го дава, а и јас не го земам, демек можеби ќе се смири, па да не го префрламе, ама и не се џапа по него. Ете пред некој ден не се смируваше и сама си го зедов. Не ми е незгодно. Ама и таа кога гледа дека не успева, шо има да го врти бесцелно. И самата вели "еве сега баба мајка ти ќе те смири, така да си ја сакаш мама, да си ја знајш прво неа". А свекор ми, ок тој е малку "посамоуверен", ама среќа имам разбран маж, па тој си зборува место јас да се расправам. А и тоа да биде правило: не се карајте вие со свекори, на мажите жалете се, па тие нека се справуваат. И не сум љубоморна, бидејќи ми е мило шо конечно мое дете држат. Дури и убаво ми е, кога користат мили зборови. Претходно, пред да забременам, слушав такви зборови само кон внуците им од другиот син, и само си велев кога за мое дете вака . И на ручеци кога сме биле сите заедно од нивна страна две деца, ние со маж ми сами, децата го имаа целото внимание, јатрва ми растеше целата, задоволна шо само за нив околу нив се зборува. Сега ми е мило шо станав мајка шо можам да се вклучам во муабет како јас правам како мислам во врска со детето, имам право на тоа. Свекор ми дури и смешен ми е. Кога бев на почеток на 9ти месец, бевме кај нив на гости и ми вели "Елена, дај види на доктор да ти кажат за бебево да направат преглед, зашто не е добро да го надносиш, не чини многу време" . Јас 36та или 37ма недела бев. Чекај де му викам има време, ехее и над термин не е страшно. Му велам ете јатрва ми ги роди предвреме, и како е подобро?? И се заќуте. Е вистина вели свекрва ми кажуваше таа (не дека еднаш има кажано, центар пажња е типката, разбирате?) И после думам дома и си велам море таа му има зборнато така можда, зашто си знае така да каже, се мисли со искуство и знаење е големо. Демек ајде до кај е бебето, да не ѝ се оддолжи многу, па тука следат страшни причи од други знајни и незнајни. По некој ден ми пишува јатрва, како си ова она, ајде сега ми вика движи се повеќе за да излезе бебето. Ајде де, не бев во право, шо велите? Таа ќе им зборне ним, па свекор ми као загрижен туку ќе ми прирече нешто нелогично и си се убедуваме. А во принцип добри снашко-свекорски односи држиме. Ми пречи јатрвава, ако забележавте.
Ајде бе не зафркавај како можи јатрва да ти пречи...па нели вие треба да живеете, нели деверот му е брат на маж ти па сега мора и вие како сестри да сте - ова ако се прашува свеки деја и двајцата се нејзини деца..а дека таа не живее со јатрвата тоа не важи таа била лоша а мојава цвеќе за мирисање е ....
Ами и јас можам на свеки како ќерка да ѝ бидам, ама не ѝ сум. Кога се има дистанца, најдобро е, па дури и во овие односи. Не се гледаме, не се замараме. Почитувам луѓе со осет за бирање зборови, зашто понекогаш се памтат. Ама кога е побрз јазикот од умот, се случуваат утки. А бе мајките ( наши свекрви) колку и да се трудат за дружба меѓу браќата, кога не оди - не оди. Барем, фала му на Бога не сме искарани, очи да не си видиме и слично, не, не сме од тој стил. Ама кога гледам дека енергија не се разменува, џабе е, подобро поретко гледање.
Исто и мојата некогаш ми се обраќа како да ми е мајка, пред да се породам знаев да покажам малку блискост ама веќе не, никако. Дистанца е мајка на мирот. А со братот на маж ми и ние не сме блиски, маж ми многу го сака, му пишуваше многу често, ама кога ќе отидевме на ручек он и женска му (сега веќе бивша) ќе се најадеа, уста не отвараа за муабет и ќе си станеа од маса и дирекно во соба. Кога ги запознав се израдував у стил јееее ќе си имаме друштво башка фамилијарно ама цк.
Еее ете што ме нервира кај моја свеки, доаѓа да го гали по глава додека го дојам. Трпам ама некој ден може да шизнам и да ја плеснам по рака хаха се шалам, треба да му спомнам на мм да и каже.
Мајки, можеби се има ова дискутирано но ме интересираат мислења и искуства, кога почнавте со вкусови / кашички? Моево е 4 месеци и една недела, досега само на доење (никогаш вода или чај немам дадено). Воведувањето нешто плус ми е гоооолем предизвик, се осеќам како да се ближи пресериозен чекор кој треба да го превземам. Немам искуство, само вака од читање и консултации со другарки, секако ќе прашам и педијатар ама тоа можно следна недела. Затоа ме интересираат мислења од поискусните мајки,како правеле тие и од новите мајки секако, како планираат да направат
Јас му нудев по малку водичка понекогаш, чај од бекутан му давав за грчеви, досега супер си напреднува, за 1недела полни 5 месеци. Од скоро почнав да му цедам рендано јаболко разредено со вода, како сокче. Пробав и од морков исто, се си беше ок. На полни 5 месеци планирам по 1-2 лажичиња да му давам да пробува кашички.
Јас со син ми почнав со пробување на вкусови негде околу 5ипол месеци ,почнавме со овошје по препорака на педијатар (јаболка,круша,слива,банана,морков,праска,кајсија и тиквичка) варено па лупено по 3 дена пробував една овошка ,прво по 2 -3лажички после колку сака да јаде,оброк дека си вовела ќе се рачуна ако изеде одприлика околу 150гр . каша.
Јас со поголемите почнав од 6м и прво со зеленчук.Педијатарот ми даде морков,компир,сладок компир и тиквица.Од овошје јаболко,банана,крушка и слива.Од житарки пченка(палента) и ориз.Ми рече првиот ден купечка каша ,втор и трет ден домашно правено за да ги пеифатат има разлика во вкусови.Прво ги чував во вода па ги љупев и миев и варев се освен бананата.Внимавај на почеток да не предизвикаш запек или течна столица.Пример не комбинирај морков и компир или крушка и слива.Оризот прво да стои во вода 1 час па после вари.Јас рецепти од бебе готвач има апликација симнија и се поделени по месеци.
И јас исто гледам на тој момент, како на нешто ново и возбудливо, кога ќе треба да почнеме со вкусови и кашички. Од она што имам прочитано, планирам да почнам со зеленчук (како по безвкусен, дека овошјето е благо). Здравје, ако оди се' ко што треба со цицањето, би сакала од 6 месеци ако не може и порано. Мислам дека на оваа тема нема единствено решение, колку мајки толку различни искуства (во однос, кога да се почне, со што, некои даваат житарки, некои не, ептен е различно и од бебе до бебе) Има бебенца кои уште со полни 4 месеци се спремни да излапкаат цела кашичка, други пак преферираат цицање наспроти ова. Посакувам и за двајцата тоа да не претставува терет или трауматичен период, каде јас со лажичето насила ќе му бутам в уста не би сакала детето да створи одбивност кон храната. Инаку и мене ме интересираат искуства од мајките, кои сама потоа би ги прилагодила спрема моето бебе
Мојава е 5 месеци точно и уште се нема свртено сама. Баш денес гледам се врти на десната страна која и е омилена се труди да ги дофати играчките но се враќа назад, се истегнува и витка некако и неможе да се сврти сама. Дали му правиш вежби, колку време лежи на меше? Максимслно 5 минути и почнува да кенка.
Предизвик ми беше за првото, ама после голготата на милиони исфрлени каши и искинати нерви, за второто ич не бев нетрпелива. Од доењето нема поубаво. Верувај ексик ќе ти дојде се, ама разбирам, ќеф е, на почеток Почнав неколку дена пред да направи 6 месеци, само да пробува. Почнав со купечки кашички, конкретно првата лажичка му беше морков. Откако проба неколку вкуса, почнав со оброк, домашен. Сега е 9 м, уште не пие вода, вечера кога давам кога не, навечер е раздразлив, па слабо ми јаде. Совет, немој од 4, нека си цица исклучиво, барем до 5, добро си терате.