Ќе пробам така за наредно излегување а и другиот дел ќе го исправам да е на 45 во полуседечка.. И ова црвчево така се собираше ама сега почна само со рацете и телото нозете не ги крева веќе изгледа набилда стомачни
Немам јас ама логично би требало како ма секоја од позади да има како рачка која менува положба, легнато,45 степени и 90 степени или па од страна да има дугменца. Може од лежачка во седечка позиција така?
Мајки во што е разликата во месеците за цуцлите? Ми подарија две цуцли ама пишува 18+, ние сме 3м...гледам големината е иста како оваа што си ја имаме досега, разликата е малце овие се како порапави до пола (како мат да речам)
Големината е разликата. Мат до пола се цуцлите на бебе, авент ultra Air, сите се такви и 0-6 и 6-18 сега што ги користиме. Ако е тоа разликата најверојатно имате друг тип цуцла. А со големината баш ги споредував, тоа е единствената разлика на нашиве.
Навистина не знам, јас авент, чико, мам, сите што ги гледав беа се поголеми и поголеми со зголемување на месеци. Имаше едни ноќни дури поголеми од редовни. Пример ноќна за 18+ беше поголема од обична за 18+.
Кога спие подолго преку ден , проверки задолжително вршам ...ја гледам во градниот кош или се доближувам до носето дали има циркулација на воздух
Имам на чико шишенца не се лоши, си имаат помека цуцла точно. Авент имаат поцврста цуцла и поубава антиколик функција
Како да ја одвикнам од спиење во транспортер или релаксатор? Преку ден преспива во нив ако ја ставам во креветче веднаш плаче. Пред 1 час излеговме да ја шетам се успа во транспортерот
Колку месеци е? Ако е мала, тогаш ради положбата сака да спие така. Ја асоцира на положба во матката. Мора да се одвикнува, тврд и рамен душек е најбитен за правилен развој. Ставај ја, ке се буди, ама ке се навикне. И синко така ми правеше. Помагаат бели звуци - фен, правосмукалка, матка итн.
3 месеци сме и 10 дена ноќе немаме мака и поручек си спие во корпата од количката а до 17 часот е страшна во креветчето ќе си претка ќе гуга ама да заспие не сака
Работата е што не ни заспива па да се дојде до будење и навикнување. Како што пиша @Chuchanov, игра, прета, гуга, но не заспива. Ќе му се спие, ќе му се црвени очите за сон, а не заспива.
Во транспортерот од 9 ипол спие, уште не е се разбудила. Така си завршувам овие денови многу работи по дома а грев ми е што е свиткана
Девојки.. Како се рачунаат скоковите кога се?! Јас до сега не го пратев тоа ама бебо овие денови е многу плачливи, нервозен. И дали има некој скок во 17 недела, и што поточно се случува кога има скок?!?
Oд терминoт на раѓање. Имаш апликавиjа the wonder weeks симни jа. Иначе да вo 17 недела има скoк и таа недела е баш сo грoмче.