Зависи од транспортерот,нашиот е модуларен,па со растот на бебе се отстрануваат и внатрешни делови од него за комоција.Исто и висината на штитникот за глава се подесува. Не знам како е законот во Мк за возење бебиња/деца во кола,овде е многу строго,но и без тоа не би се возела со бебе да не е заштитено,макар и на кратки релации. За во количка ми е практично за на лекар,до маркет ако треба за да не местам седиште... Иначе,нозете ке висат,главата не смее да е над седиштето,баш ко што ти кажал ортопедот. И да,тешко е за носење,4,5 кг е мојот и бебе има накај 8.Едвај стигам од дома до кола Фала мајки за честитките за забче,ама уживајте дур немаат.Брадавиците ми се жар црвени од што гребе дур цица:/
@RAK91 на прашањето за дохрана да ти пишам. Почнав да му давам да пробува. Досега компир морков јаболко круша блендирани со вода во која се вареа. Ќе продолжам уште малку блендирано, а потоа сакам да оставам по некое парченце. Тукуу, дали треба бебе да има запче/запчиња за да грицка со парченца така или пак и со непцињата ќе ја врти кашата? Почна ти со кашички? *Вода не давам, си цица. И те молам кажи ми ги знаците на вадење запче и за колку време му излезе?
Моето првиот месец спиеше кај стигне, во раце, во дневна, на спална со мене, во креветче.... Од вториот месец кога си останав сама со детето почнав да си го легнувам во креветче и спие до ден денес без проблем.
Мамички, дали кај вашите бебуши коската од ножињата под коленичињата што е им е сосема права до стапалата или како свиткана нанадвор?
Свиткана му е како буква О, знам дека со растот подоцна им се исправуваат и нозете добиваат правилна форма.
Бебето ми е месец и пол треба да одиме на пат некаде од 7 часот до кај 12-13часот,е сега ми треба совет околу АД млекото. Јас сабајле ке и дадам пред да тргнеме ама за таму не знам дали можам во шише да ставам само АД и да понесам флаширана вода бидејќи ке немам можност да ја стоплам дали може да измешам со флаширана директно без да ја стоплам?
Термос немаш ли? Топла вода во термос и ќе стои 3-4 часа така и таман кога ќе дојде време за нареден оброк, ќе му биде млако млекцето таман за пиење.
Земи си термос, ептен брка работа. Јас така правам бидејќи млекото треба да се раствори во топла вода, така пишува во упатството. Ќе го наполниш термосот и подолго време ќе биде топла.
Ќерка ми од првиот ден спие во креветче. Мм не сакаше веднаш да купуваме креветче , као и така ќе спие на спална!?! Пошто од наши пријатели ,3-4год деца не спијат во креветче. Ааааа јас не дозволувам така. И најубаво и е на беба во нејзиното катче . А во транспортерот неможам да гледам бебето да е свиткано. Освен за патување.Најнезгоден и неискористен ми е . Корпата ја обожава, па веќе и за патување корпата ја заглавуваме . Уживанција
Водата треба да е од 37 до 50 степени а тоа значи превриена и оладена на собна темоература. Така се раствара не се топли пред употреба.
Јас ад давав 18 месеци си купував ладна вода.Зовривав во бокал за вода и кога ќе се олади ја чував во стаклени шишиња.Шишето на бебето го миев го стерилозирав во стерилизатор и го чував во фрижидер.Пред да одиме негде шишето го чував во термос торбичка за шише ,млекото во прав во кутија за млеко и вода си носев во стаклено шише.
Па не реков да се топли пред употреба. @stoimanovskamarija Пред да ставиш во термос, ја вриеш водата, па во термос постепено се лади и потоа се раствора млекото во топла вода. Ако се стави поголема количина жешка вода во термос, побавно се оладува и повеќе време може да се добие за правење млеко отколку да го наполниш до пола. Застануваме во кола, од термосот ставам вo шише вода, мерам која температура е и кога ќе се подолади до 40 степени, ставам млеко. Потоа чекам да се олади до кај 37 и давам да пие.
Мајки, што од облеката на бебињата пеглате? Се или само бодињата? Јас сега се спремам да ви се придружам во темава Исправ скоро се (ми остснс уште тетри и постелнина), па сега сакам да си ја соберам облеката во шкафче
Јас сè испеглав, освен на пример фротирските водоотпорни подлоги за пресоблекување, имаат силикон оздола и не се пеглаат. Инаку сè што е облека, тетри, постелнини, сè пеглам. На етикетите од работите има знак дали се пегла или не.