За Вакцина треба да е скроз чисто детето, без растечено носе, без ништо, за да има затнато или растечено носе едно дете, значи дека има некоја причина за тоа. По моја логика, а педијатрите можат и да кажат ништо не е, не смета затнато носе за вакцина.
Па тоа ми беше муабетот, знам дека ќе кажат не е ништо ќе го боцкаме (6валентна прва доза треба да прими) а мене не ми е сеедно. Па да знам да преместам. Овде за жал не се прави крвна слика пред вакцина, само површен преглед Ќе го следам до петок, може ќе му мине
Какво влијание имаат килибарните ѓердани врз бебињата? Имам прашувано мајки и ми кажале дека безболно растеле запчињата ама не разбирам на кој начин? Да не треснам нешто ама читав одамна и беше нешто поврзано со енергија што е малку тешко да поверувам. А и страв ми е со тоа околу врат да спие. Има ли некоја мајка позитивно искуство да сподели?
Пратив сега да ми купат, фала многу прва прошетка па да се спремаме,кога си без искуство ке си пишеш тука
Исто и тука не прават крвна слика никогаш, дури и кога е болно детето не прават, од кутур се даваат лекарства. Ете така е за жал, ти си го знаеш најдобро детето и ти одговараш за него, никој друг не му е ни малку гајле, да знаеш, а педијатрите, па тоа им е работа нив, можеби ќе звучи лудо, но тие тоа сакаат, да се болни децата, за да имаат работа
Мајки дали вие сте имале кај новороденче случај да му е затнато носе и како да ми крчи кало шлајм да има. Др го гледаше ми кажа супер си е, вака друго нема ништо од што може да е?
За жал така е. Немам баш искуство и не знам да наслушнам дали крчи од градите или само горе кај носето... има ли некоја техника тоа да се провери?
Фати ја со едната дланка напред на графите, а другата позади на грбчето и слушај како диши, ако слушнеш звук значи има спуштено на гради, ако си диши нормално значи нема ништо. Така ми објасни еднаш една педијатарка мене.
До 3 месец сите бебиња крчат оти и е мала носната коска внатре и се слуша како да имаат шлајм. Кај сите бебиња е така не секирај, како расте ќе помине
И моево кога не пуштаа од болница ми спомнаа дека крчи, да сум му вбризгала со шприц физиолошки раствор. Јас сега за сега ништо не сум му дала, страв ми е, сум користела спреј ама вака до шприц не знам колку да му прснам. 8 дена има бебево, да не напраам беља...
Марина ми рече да ја одложам заради течната столица и грчевите, зголемив пробиотик, да се среди тоа и ќе го носам кај неа, па ќе чекам зелено светло. Вие?
@Leo_29 имам прашање за капкиве... Педијатар денес ни ги препорача 2х 1мл. Наутро и навечер ама некако не ги сака ,имаш пишано дека ги даваш по потреба ,делуваат ли така ? И по колку даваш ?