Да, и мојот врисна одма тогаш и заспа за 5 мин. Значи, ги издржа двете вакцини, па тогаш почна да плаче? Браво,голем дечко Инаку, јас сум пресреќна дека почна да седи на 45 степени како којзнае што да постигнал Ама стварно ново дете имам дома. Си седи, се смее, си игра со тропалки подруго е малку, не плаче да го држам. Дури и заспа така, па го спуштив да си дремне. Мерачки почна денов Сабајле го носев на ортопед и ми даде зелено светло, да не ме карате
Си ја изеде слатко Ротата, па го боцна еднаш и заплака додека сестрата ја спремаше втората. Се смири, па боцна сестрата и пак не заплака веднаш, отпосле. Ама кратко. И на пат до кола заспа. Голем е баткото и сака да седи А во што го стави на 45?
@0ли што прими бебле? Кај нас вториот пат (6то валентна + пнеумокока) имаше темп,вечерта и утредента уште еднаш,гревче беше.Но,беше лето,викаат не е препорачливо на топло да се примаат вакцини:/. Плачеше после боцки иначе,но многу кратко,минута две.. Мајки,ова жолтите корички на главата како се вадеа? Ве читав еднаш,масло пола час пред бањање,па со чешле нежно да се помине,така ли беше? И нели останува мрсно,страв ми е има доста коса мојава.
Во количка. Смее само во количка, хранилка или кај мене во скут, никаде на друго место, во смисла не да биде потпрен на кревет со перници туку некаде кај што е безбеден. Ќе ти објасни Антоније.
Слободно оди. Заштитен е скроз, те носи право во ординација да не чекаш во ходник, кога треба да влезат следните во другата ординација ја затвара вратата да не дојдете во контакт. Останатите чекаат надвор на тротоар, имаат извадено столчиња.
Читам дека доста феминки сте задоволни од докторот Антоније. Каде се наоѓа? Дали е матичен? Барам матичен педијатар по можност во Карпош, баш појма немам од доктори тука..
Антоније е ортопед, работи приватно. Матичен во тој реон мислам дека е Паскалов, ама нека ме поправи некој ако грешам.
Прими петтовалентна, пневмокока и рота. А колку имаше температура? Имаше потреба да се симнува со нешто? Доцна закажав преглед, дури во октомври имаше слободен термин. Но се чув на телефон, ми рече веднаш може да го ставам на 45. Делот од количката не ми е тука, а и каишите од корпата сум ги оставила во Скопје, ќе се убијам. Ми останува да му купам хранилка додека ги земам И скутот е тука, ќе пробам
Женски да ве прашам како одат вакциниве по ред, дали знае некоја? Бебка утре треба на вакцина да ја носиме. Да знам што да очекувам, колку пати ќе ја боцкаат. 2 месеци има. Освен тие две во болница што се примаат друга вакцина нема примено. И дали знаете каде може да го најдам микролајф топломерот. Дали може некако онлајн од ск да го нарачам. Овде во Гв во ниедна аптека го нема, а ни во Те. Ви благодарам
Да не купуваш исфорсирано хранилка, можеш и во релаксатор или било што друго каде што е безбеден или ете едноставно во скут. Ако во меѓувреме почнете со цврста храна ми рече под агол од 65. @Kate Rina 93 Пиши на Google календар на имунизација и ќе ти искочи табела. Мојот на 2 месеци го боцкаа еднаш, а на некои места ги боцкаат 2 пати зависи од диспанзерот. Микролајф го земав од Еурофарм, пиши им порака на инстаграм. Кога спомнавме хранилка сакам да видам мислење од поискусните мами колку реално е потребна хранилка? Мал ни е станот, пренатрупани сме со релаксатор, подлоги, количка... Дури на пролет се селиме и дали и тогаш да купувам или количката ќе врши работа?
@0ли 38.9 вечерта,ставив чепче и беше подобро за кратко.Прво ја разладував,расоблечена,со влажни тетри облоги правев но не помогна баш,во рок од 2 часа качи скоро 39,а првпат ја гледав таква и ми беше ептен жал.Ко што читав Пнеумококата е причина за Т. Сепак,повеќето поминале без никаква реакција,не се грижи ич.Имаш лепенки,јас немав ништо такво. За седнување,на 4 мес добив препорака од матичниот да ја седнувам во скут под агол од 90,но никако меѓу перници,ко што спомна Јана.
Овој ортопед мене ми рече никако под 90 степени Најмногу до 65 за јадење. Дури ми рече дека седењето не било дел од еволуцијата и да не се секирам ако го испушти. Најважно било од лазење да се исправи и да прооди. Не знам.
Мене ми беше најдобрата и најискористената работа Уште кога почнав со дохрана од 5 ипол месеци ја седнав во неа и додека ја собираше само таму јадеше. И јадеше и си сакаше и така да седи па можев да си бркам работи по дома. Исто ќе е и со синко се надевам дека ќе ја сака и он ко сестра му
@Jana06 мила не за јадење,онака на кратко мислев.Мојава кога е легната на мене се исправа се тегне и сака да е чучната,ко тетка некоја.И среќна е,ако ја подспуштам се нервира.Не се врти уште а се тегне лази војнички
Значи најдобро е да се навикне од старт таму, да си знае дека е место за јадење. Ми се свиѓа, сакам навики. Многу ми е интересно не знам дали сум ви кажала, кога имаше грчеви му давав Колипрев капки директно од шишенце во уста пред доење и си се навикна малиот дека така треба. И сега, има моменти кога не сака да цица, се бориме и само му го покажувам шишенцето (го чувам дома празно само ради ова) и одма без борба си фаќа цице. Се умираме од смеење. Така да, може да му земам хранилка и да си створи навика. Да имаше некоја магија и за спиењето би било одлично.
Те сфатив дека не е само за јадење, докторов ми рече општо да не ја ставам за било што под 90 степени. Различни доктори, различни мислења. Уште што не ми кажа, ми забрани секакви помагала како дубаци, џампери доколку сакам кај него да одам, тешко на нас вака Другарка ми кажува детето го ставала во џампер, спас било за неколку саати да исчистиш, да зготвиш ама овој кога почна да ми кажува последици си викам батали, ќе си бидеш мајка 24/7.