Да, докторката што го прегледа пред вакцината рече дека пневмококата е причина за температура. Секако во план ми е да земам хранилка, планирам од оние што се подесуваат по висина, па кога ќе дојде време на маса со нас да си јаде, тамам ќе си седи во своето столче. Има убави што се склопуваат и не фаќаат многу место. Инаку, и јас не планирам никакви помагала да користам. Ај ќе очекувам муабет ич да не одиме кај него ако планираме да користиме
Повели линк. Polly 2 ги гледав и во живо, се подесуваат и во ширина за кога ќе е поголем, на повеќе нивоа се подесува и наслонот, тоа за нозете, послужавникот.
@Jana06 хранилка обавезно, да знае дека таму ќе јаде. Во количка повремено ок, ама не за стално. За големата користев хранилка до година ипол, кога си се откопча сама, ми се исправи и си застана во неа Оттогаш седи и јаде со нас на маса Ама ќе ти биде потребна многу додека да порасне, не само за јадење, и за играње, да го оставиш да одиш до тоалет и сл.
Оставате ли бебе само на подлога за да завршите нешто низ дома? Некогаш не можам да постигнам додека спие, од друга страна совест ме јаде
Ако бебето ти седи мирно на подлога и се занимава само, имаш среќа и да го оставаш. Грижата на совест ќе ти помине уште првата вечер кога ќе легнеш доста поодморена, а не папсана. Сериозно, оставај го за да се навикне додека е помало, после ќе те манипулира со плачење
па знае некогаш да се заигра, јас ќе фатам ручек да правам, па ќе закенка а мене нешто ми се пржи на рингла хаха така се' што правам е етапно Бидејќи сум му единствен занимател преку ден, неубаво се осеќам кога го оставам ама што велиш, од мало се научува само да се заигрува, треба да престанам да му висам постојано над глава
Којзнае, баш ќе прашам. @WonderGuurl Од тоа етапно завршување на обврски, којзнае колку километри поминувам дневно по дома
@WonderGuurl , нит грижа нит мисла да ти е. Бебето треба да си е на под, таму му е местото за сѐ што треба моторно да развие. А, ти само подгледнувај го повремено и не му се грижи ич! И така подоцна, од 6 месеци добро е да се научи на самостојно играње, без наше мешање во играта.
И јас ја гледав оваа и ние ќе ја земеме. Ама рано ми е уште сега. И ние како Јана само се сопнуваме од триста работи низ дома Инаку @WonderGuurl сабајлечки лежи по 30мин на подлога сам и си збори, тогаш спремам доручек и нешто за ручек почнувам. После тоа веќе во текот на денот по 10мин макс лежи таму. Не седам до него јас, си готвам, пуштам машини. Криво ми е само што не можам да му пеам додека лежи зошто мм е цело време на скајп состаноци Може ако му пеам ќе се заигрува повеќе А за тоа етапно не ми збори, не пржам ништо, само варам и печам и секогаш ставам на тивко за да може да се вари полека, а јас да бидам со бебето, да не мора цело време да го проверувам Инаку бебево има 3 месеци и 4 дена и сеуште не ја држо стабилно главата :/ Во четврток сме кај матичната ќе видам што ќе каже.... Али затоа со нозете прави мостови. Ако го ставам пример на кревет кај што ни стојат нозете, за 2 мин ќе се качи до горе кај перниците. Со нозете се бутка. А знам дека нели не чини да му допираат така нозете ама што да му правам. Го ставам на меше ама не може и цел ден на меше, се нервира многу. Кога почнаа вашите да ја држат главата стабилно?
Ако ги има бсж и хепатит б на раѓање примено ,сега на 2 мес.ќе прими рота и шестовалентната 1 доза (за ротата бебе треба да не е цицана саат време пред вакцината да знаеш ).
Така работам цело време од кога е родено првото. Зошто грижа на совест ? Па не си го фрлила на улица.. Кога ќе закенка одиш кај него, го раниш, го успиваш, со соблекуваш, си му дала топол кревет и кров над глава, љубов има кога ќе посака. Ич да не му ја мислиш. Јас а сетам да се мирни одам ставам алишта на брзинка во машина. За ручек ако правам, прво вадам се на маса што ми треба. Потоа полека сецкам, почнувам со готвење ако е уште мирна ситуацијата. Додека се пржи, вари, пече, ако начекам момент одма пијам садеви, не оставам за после. Шом сетам дека имам можност нешто да сработам,одам и ао брзината на светлината работам Ако ти е мисла, земи си го во кујна со тебе, ем ќе те гледа, ем ти ќе го гледаш.
Еве во локо кроко поефтина варијанта. Само што не се подесува во ширина. Ма да кога ќе има више годинка ипол две, ќе може слободно со вас на маса да си јаде Јас ја имам оваа (со друг дезен) и задоволна сум ептен https://www.lococroco.com/хранилка-loco-croco-toto
Доста поевтина и убава е. Битно е тоа да се подесува во ширина? 8 не сфатив баш седиштето оди во ширина?
А што е разликата шестовалентна, петтовалентна? Гледам некои пишат дека првата ја примиле, а моево втората.
Ние првиот пат имавме 2 боцкања и рота(сирупче)... И второто вакцинирање ли е со 2 боцкања.? Вие како поминавте? Ајде со лесно вечерва
Првиот пат имаше едно боцкање и рота. Второво беше со две боцкања и рота. Едната инекција беше за пневмокока. Досега е океј, весел е, гуга, игра, си поспа 2,5 часа. Се надевам дека вечерва ќе е океј, но спремна очекувам температура. Ќе видиме
Значи од пневмококата е Т. И моево бебе качи Т од првото вакцинирање На 29.09 идеме на второ здравје. Лепенки обавезно ..на место на убодот на ножиња и на чело
Сакам да му купам на син ми подлога за лежење и одозгора да има играчки за да може да ги фаќа. Од каде може да купам ??? И која цена се движат