Јас јекодерм ама неколку пати мачкам во денот 2 до 3 пати.На бањање ја мокрам косата и со ракавица за бањање или тетра пелена нежно тријам па ставам шампон мијам.После бришам убаво со тетра и си чешел.Убаво се вади ама по потреба се повторува уште неколку пати.
Вчера бевме за контрола и вакцина, прими само рота, другата ни рекоа ќе ја прими кога ќе стави уште малку на килажа, 4400гр ја измерија.. има рок за шестовалентната? Таа е следната нели?
Малата Софи нема многу делови за глодање. На големата маста и ја извадивме, поготово сега со запчињата. Ги изеде нозете на Софи Малата ја користеше како помал, дека можеше убаво да ја држи во рака.
Нема рок и на бебе мое не и ја ставија рече докторката мала е уште ,па и дадоа само рота ,а таа вакцина шестовалентната ни ја закажаа со втората доза рота во октомври.
Денес бевме на вакцина на 3 упил месеци, не измерија 5910 (310 грама за 13 дена) не пофалија дека е добро за да ја смирам почнав да и пејам така се смирува, се успа по пат накај дома уште спие 3ипол саати нема јадено. Матичниот ми рече 2мл на 8 часа да давам сируп при температура, а докторката на вакцините 3.5 мл на 4-6 часа, се молам да не качи две различни мислења незнам кој да послушам.
Сируп се дава на температура 38,5. Ако поткачи малку, расоблечи го бебето, лади го, немој веднаш сируп да даваш. Сирупот според килажата се дава колку што знам.
Од 3 до 6 месеци дозирањето е 2.5мл на 6 или 8 часа.И ова се однесува за бебиња родени од 37 недела до термин и нормално си качува килажа.Јас сум фармацевт и мој совет вие без разлика лекар ,аптекар дома кога ќе дојдете отворете си упаство прочитајте си дозирање,начин на чување на кутијата датум на отварање ќе си запишете и колку време треба да го чувате и обавезно рок на употреба.Секој си е стручен не го оспорувам тоа но уште една проверка дома подобро.
Значи да пораснеме уште малку И нас ни рекоа во октомври да закажеме веројатно на крајот на месецот ќе ја прими Ви благодарам мамички
Може ,јас имам ставано Од кој сируп имаш? Јас користев ефералган , има дозерка според тежина и се дава на 6 часа. Минатава недела малиот беше болен, педијатарот ми рече ако не ја симнува по 2,3часа тт ефералган, да земам блокмакс и да му давам по 2.5мл на 3,4 часа. Моето е 11 месеци и тежи околу 10кг. Над 38.5 давав сируп до тогаш туширав и расоблекував. Од вакцина 37.3 ми има качено до сега.
Аии 3 месеци полни и се' е поинтересно од цицање!!! Се' надевам период е и тоа краток. Само ми е страв да не влијае ова на количината млеко
Сега станува интересно Шарен ѓердан на тебе, јас немам таков, па тропав со тропалки кај мене на гради. Како и да е, од сега натака немирно ќе цица, ќе крева нозе, ќе ти се смее на сред цицање, ќе ти ја влече и стиска брадавицата ама слатко е
Не сум занимавала со ништо. Ако си игра ја кревам,и ја тргам, да се научи дека е време за ручок Нареден пат ќе си се нацица без тргање
Баш така, преслатко е. Цицнува еднаш, па се трга, па разгледува зад мене што има, па мене ме загледува и насмеан чека да го погледнам, а јас демек го игнорирам хахаха ама оди па да му одолееш некако
Јас бев очај, ич не качуваше на килажа некое време и ме одбиваше. Ќе тропам и оро ќе играм Леле ќе бидам Лео мамичка