Здраво мајки, пишав пред некое време за црвени лишаи по телото ми спомнавте за атопичен дерматит, го носев на педијатар ми рече хипоалергено млеко да земам и да мачкам со мустела стелатопиа, од млекото немав никакво подобрување ниту од стелатопиа, само ми се намали црвенилото по телото, вчера бев кај друг педијатар ми рече егзема и ништо да не мачкам само ќе поминело, навистина не ги разбирам докториве Затоа ве молам вас за помош. Што можам да мачкам?
Истите ги имавме како акни ситни црвени, и на вратчето имаше а најмногу на образите о на челото. Сами се смирија сега само малце рапавко има ама се повлекоа мојот педијатар ми кажа само бекутан крема и ставав неколку пати и се повлекоа,сега па многу и се суши кожата на главата и вегите имам корупчиња па почнав мустела помалку да и ставам.
На моите внуци само кремата од Скендер им помогна. Претходно пробано со Мустела, Еуцерин, и други препарати, ништо... Е сега мислам дека содржи кортикостероиди. Консултирај се со @Biodevojka
Исто имаше и моево бебе 2.месец. Сите различно кажуваа ....само моја братучетка фармацефт ме советуваше , ништо да не мачкам да се избори сам организмот Ништо не ја мачкав , само си помина . А така немав трпение да помини .....пазарот нуди различни козметики ..да не знаеш што да купиш .
Хахахахахахахаааа Чекај ја да се изрецитирам : (Ова наеднаш се зборува) Јана бе маме,Јана бе мамичка не така, абе дете те молам немој така, Јана бе , Јана Јана Јана..(од неа молк и игнор), Јанаааа ( тука врие мозок) ЈА-НА !!! Колку пати пофторив, ме слушаш ли ти мене ? На кого му зборувам, абе не такааа Иначе тоа одбивање, скоро на сите им се дешава. Идат денови кога нејќат да цицаат, и цицаат на 4 саати. Килажата нормално да стагнира, и нема да е тогаш прв пат. Како расте почесто ќе се дешава тоа. Ич, без гајле биди си
Пзу.др.Горица дерматолог работи и со упат и приватно ако си од скопје.Најди ја интернет и јави и се може и преку вибер да завршите работа.Јас се што имам проблем со нејзе и сум многу задоволна.
Леле еве го и син ми денес. Аууу абре цицнува и врти глава лево десно. Чим го чуе татко му во другата соба одма пушта цицка и го бара. Леле какво е ова цицање. А јас па се одмолзев, сакав да замрзнам нешто ама викам ај ќе му го дадам да го цица. Божеее, не знае од шише да пие, ја гризе цуцлата и се загрцнува, абе 30мин се боревме и на крај се изнервирав, ништо не испи Каков ѓердан да ставам он воопшто не гледа во мене си се врти на друга страна па ќе му текне ќе се сврти да поцица и пак во круг. Аууу, кажувајте чаре...
Хахаха чаре нема. И во спална пробав со пригушена светлина и пак разгледува. Ќе си цица по цел ден по малку
Ние пак оваа недела некако сме со пискања ама и кемкања на глас како нешто да се жали, да не му е погодено. Го шетам низ соба и пак нешто кемколи само. Фаќам нешто да не го боли, нема знаци. Мислам непцата го нервираат, рацете само в уста и се трие насекое. Почнав да го мачкам со гелот Frezy derm и обожава , многу сака кога му ги масирам непцата а му давам и глодалка ама нешто се нервира со неа (од оние што имаат водичка и што се ставаат во фрижидер за да ги лади непцата). На цице се смирува, но и тогаш има моменти кога му се спие и пишти, плачи па на крај изморен ќе заспие. Си викам зар насекое да е гладно детево... Ај се тешам некој период му е, а скок не е како што гледам.
Лелее, до кога со грчеви, АМАН! Цела ноќ, виткај се, плачи, мрдај.. Ни нурс харви ни ништо, 3м нареднава недела.. До кога вака
Мојата има 3 ипол има понекогаш, јас и давам Гас капки и јас на плантекс нирсе после првиот шише на нас не ни делуваше
Мојот имаше до 4 полни месеци, некои 10тина дена паузираа и еве од ноќеска пак почна да ги крева нозете и да плаче. Чекам Колипрев да ми донесат. 'Ризично' што јадев деновиве е само цвекло. Шта речи.
И јас мислев дека поминаа, еден ден претерав со благо(чоколадни стапчиња) па кога спишти детето едвај се смири. Тогаш имаше 4ипол месеци.
Здраво, купив неколку ампули monodose физиолошки раствор и ми кажаа дека откако ќе се отворат за 24 часа треба да се искористат, меѓутоа не ми спомнаа дали пред да се отворат треба да ги чувам во фрижидер или на собна температура. Би ви била благодарна доколку некоја мамичка знае да ми каже.
Пред отворање нема потреба, после отворање јас ги чував во фрижидер А искрено никој не ми кажа како да ги чувам.