Луѓе ме боли 2дена едната града, дали сум ја магмечила во спиење не знам. Има шанси Да се агмечи и да се запуши некое каналче? Имам и температура, се плашам. Веќе имав мастит :/ Беба е 5ипол месеци. Што да се прави
Да, да, има. Јас така 3 пати ја имам згмечено, де едната де другата. Среќа немав Т фала му на Бога, само болка во градата која поминува со масирање нежно, топли облоги и одма давање да цица од таа града. Наредниот ден кукурек Сите 3 пати така ми помина.
На собна ако е чист физиолошки раствор. Ако го користиш за чистење очи тогаш 24 часа а вака може и до 3 дена само да е затворено убаво или претори ги во шише од капки физиолошки раствор.
Денес бевме кај матичната на контрола. Фонтанелата на синко почнала да се затвора многу брзо и од 5 капки Пливит ми рече да давам само една. Кажа дека Антоније претерувал со Д капките... Искуства на некоја мајка со ова? 5 нека се многу ама па една да не е малку? Да се јавам ли кај Антоније?
Јас конкретно не ги сакам бејбитол, не ми се практични и му реков на Антоније да ми препише други. Давав пливит, од утре ќе почнам со вигантол.
Мојата имаше бетер од ова на сликичкава Педијатар ми рече од жешко време и од контакт со рачињата што се трла Со оваа крема за 3 дена се и се исчисти и за среќа не и се повтори повеќе
Сега давам омега посебно со 5 капки Пливит. Се јавив кај Антоније он ми рече или да земам д3 со омега па да додавам 3 капки пливит или само омега со 5 капки пливит. Ако прашуваш за ова.
Добро, си реков да не грешам нешто. Гледам на сите ви рекол Пливит, па се зачудив зошто мене такво нешто не ми рекол, остана на тоа Бејбитол да давам.
А го носеше на втора контрола? Зашто треба да се покачува дозата на д3 ама веројатно не е универзално правило, не знам. Пример, јас му давам една капка Пливит на 1 кило и на секое покачено кило треба да додавам по една. Една капка од Пливит има некаде 200 IE. До душа сега 8 ќе му давам 2-3 недели зашто градниот кош му бил мек, не знам од што така.
Не сум била, ми рече да го однесам околу петтиот месец, а дотогаш едно Д3 и едно омега+Д3, а тоа вкупно е 800 IU. Сега се замислив. Но и педијатар и Антоније ни рекоа вака да даваме, ваљда убаво сфатив. Или само јас давам толку малку?
Ние сме 3м, 5кг.. Па сеуште давам само 2капки д3 пливит, не ми кажале да накачам ни педијатарот кај што одиме ниту ортопед. Во мисла ми е сега
Може кога ги прегледува одлучува колку капки се потребни. На моето ти викам му качи една капка ради градниот кош ама да не ти е мисла јави му се. @mother_nature Мене истото мислење ми го дадоа и педијатар и ортопед, секое бебе е посебна приказна, веројатно немаш причина за грижа.
Јас 500 давам, никој не ми кажал колку, туку според упатството на капките ама овде секако е друга политика
Ние на 2 ипол месеци кај Талески ни кажа да ги завршиме Д3 со К1 и ДХА Омега, и после да продолжиме само со д3 со Омега заедно што е. Денеска бевме кај педијатарот и пак препрашав ми рече само таа 1 капсула насабајле и на сонце изнесување. Инаку за 4 дена сме 3 полни месеци. И мене ме ставивте сега во мисла дали е ова доволно. Има ли некој друг исто вака што му препорачале?
Па и јас видов во упатството максимум 5 капки т.е. 1000 ie, а не знам зашто толку давам. @MilaSs12 Ти мислам даваше Вигантол. Колку е една капка знаеш? Мислам ми рече 4 капки да давам ама не сум сигурна. Од утре почнувам со тие.