Утре ќе го барам. Но и во Аптамилот има, а плус и дојам, а пијам 2000 IU. Не знам дали преку мајчино прима. Мислам дека тамам му давам, џабе се штрецам
Да, јас давам вигнтол, 2 капки, што одговараат на 5 пливит. Кој ти препорача толкава доза? Јас мислам дека тоа е многу. Ке проверам колку е една капка и ке ти кажам.
Јас бев кај Талески и ми даде омега со Д и следна контрола кога ќе направи 8 месеци,но рече педијатар те гледа почесто ако ти зголеми доза на д ќе зголемиш.т.е секогаш ќе го слушаш ѕој што ќе ти каже повеќе да даваш Д.Ама секое дете е индивидуално.Пливит Д3 е послаб од вигантол и се дава по повеќе капки.
Антоније секогаш дава големи количини на д3. Јас не знам кого да слушам. Антоније е тој што треба да одреди доза на д3, ама па на инсистирање на педијатар проверив д3 и испадна дека вредноста е таман и нема потреба од поголема доза. Од друга страна педијатарот е искусен доктор, примариус, плус има болничко искуство.
Добро да не се секирам, и ортопедот и двајца педијатри ми ја кажаа оваа доза. Ајде тогаш малку медитација за смирување живци омммм
Здраво мамички, Ја мака имам близначињава почнаа да ми киваат и да им тече водичка од носе Педијатарот ми е на одмор до понеделник. 4 ипол месеци сме ,им правам инхалација. Некој совет?
Еднаш се зборуваше за вода купечка каква им давате. Почна со вкусови да пробува, па решив по неколку капки и вода да му давам. Како беше, да нема големо количество на натриум? Ај помош ве молам
Купечка имаш хип, бебелан што се баш специјални за бебиња. Ама прескапи се. Хип 500 мл е 60 70 денари во дм. Јас давам јана. Синко е 1 година. Можеш и од чешма превриена.
Хипов скапа, ама натриум 9 мислам дека има. Од тие причини ја заменав и зедов изворска од Зегин, околу 30 денари е.
Па најблизу сеа со затворените граници во Србија можете да ги земете или да ви донесе некој, а и мислам најевтини се таму. @MilaSs12 значи 3 капки би требало според ова. Фала
Прави инхалации по 2 х на ден,можеш и вирамин ц капки да дадеш по 2 или 3 капки еднаш во ден.Ако стабат зелени може да е бактерија ќе купиш брис стапче од аптека и сама ќе им земеш примерок за да не ги носиш по лабаратории.
Иди ова време и почнуваат грчевите. Долга ноќ ме очекува, срцево ми се пара ваква кога ја гледам.. нека се раздени побрзо Ништо значи не ни помогна за овие пусти грчеви На ад сме од прв ден, не знам повеќе како да и помогнам. Чај од нане и правам, не го пија се гади.
Јас давав д3 со омега од бејбитол, сега зедов од тие на омегамед ама на ист принцип се како бејбитолот (само што пишува да се даваат во лажиче и млеко малку им капнував). Повеќе од ова немам давано.