Јас кога ја однесов кај Антоније ми рече д3+к1 до 12 недела плус д3+омега и кога ќе надмине 5кг.бебе да додадам плус една капка Пливит д3 .А кога ќе завршам со д3+к1 ,да продолжам со Пливит д3 1капка на 1 кг,и плус само омега на бејбитол.
Мајки, ве молам за совет! Го однесов на преглед кај матична, попатно му го отвори и курето цело се изнаплака. Му чистеше едни бели точки внатре што се створиле и рече морат да се доисчистат да не му направат инфекција ќе го боли повеќе. Дома треба со камилица да го дочистам, оф како да чепкам таму?? и ми рече како неа до крај да отворам. Оф.. 6 месеци има, нели е рано за така целосно да му го отвори сега?
Како бе така наеднаш ? Па тоа боли ..зошто така направила? На секаде читам за ова, и мислењата се поделени, едни велат отварај од раѓање полека на секое пресоблекување, до годината да се отвори. Други велат не чепкај ништо не е ..
Тргнав пелена, мислев дека малку ќе проба, ама му го повлече надолу за белите точки да излезат, од нив можело поголем проблем да настане и да го боли. А на претходната контрола на 2 месеци ништо не ми рече отворај не отворај. Арно јас шо отидов на контрола, инаку матичните не си ги контролираат малите пациентчиња да се јават да прашаат.
Подобро сега отколку понатака уште повеќе ќе го боли. И на моето завчера на контрола многу му го отвори и крв му потече малку. Ми рече ако се раскрвари на отварање хидроциклин да му ставам со чепкалка ама барем мирна сум убаво му се отвара и му го чистам тоа белото на секое бањање. Ставај му потопла вода кога го бањаш да омекне кожичката, отвори и со чиста вода исчисти го. Ништо не му е, ќе помине. @Cherry333 Ти го однесе на уролог? Ако да, што ти кажа за отварањето?
Не го однесов. Нели тогаш тргнавме за уролог ама завршивме на ургентно зошто беше настинат, па после 2 недели пак настина, и баталив. Ни вакцина прими ни уролог виде. Кога ќе го однесам ќе ви пишам
Рече кај Симеонов ќе го носиш, јас кога го носев кај него исто многу му го отвори и рече редовно отварање и чистење, секое отварање се повеќе и повеќе. Сепак е уролог и верувам дека е во право @elenaklasik
Да, ама откажавме се слушнавме со него рече нека оздраве јавете ми се, и додека оздраве пак се разболе и толку беше. Ама ќе мора да го носам, само прво вакцина да прими треба а јас почнувам на работа. Лудилооо
Истото и мене ми го рекоа, само надворешно да се чисти, внатре да останело стерилно ама не планирам да чекам, по малку го отварам Пс. Колку влечете надолу? Јас не гледам дека нешто се "отвара" кога повлекувам... не правам на сила туку нежно ама разлика никаква не гледам
Треба да се отвара и да се чисти. Може да дојде до инфекција ако не се чисти. А целосно отварање е потрауматично како расте детето.
Кога се роди, ми рекоа да му отворам колку што се отвора. Ништо посебно разлика не гледам, исто е цело време. Изгледа не знам како треба, но кожата не се спушта надолу и не излегува главичката.
Исто и кај мојов, од пред 2 месеци да направи му го отварам,ама изгледа не доволно. Треба малце повеќе храброст, еве го 11м педијатарот вика отварајте повеќе. На секое отварање капка кантарион ставаме. Сега веќе разбира ме бутка со рацете изгледа го боли. На прва вакцина кога го потегна надоле му потече крв,му пукна капилар најверојатно. Не знам колку треба да се види главчето ...јас едвај се научив и до тука да отварам...
Не знам, најверојатно од страв да не го повредам, не правам правилно. А после раѓање па никој не ми ни спомнал нешто плус. Ќе морам сама да прашам на следната контрола.
Женски едно глупо прашање ама прво е тоа е на се се плашиш за се се мислиш. Имаме еден месец,полуисправена не ждригнува ,ми викаат исправи ја на рамо ,мајка ми и свекрва ми викаат никако ќе паднеле крајниците ,не знам како да правам...
Утре прави месец дена Па нанапред свртена не ждригнува плус ко ќе и дојде за повраќање го враќа ,затоа ми рекоа на рамо.
Моето ждригнува исправено свртено накај мене, не на рамо туку неговата глава во висина на мојата. Некогаш му требаат и 10 минути. А како да паднат крајниците?
Сврти го на рамото преку, не ептен да го испружиш да ти падне, ама нека биде исправено и со главчето на рамо. Ако се мислиш како, отвори на youtube ако можеш, види некое видео how to burp a baby. Нема да му паднат крајниците - не се кукли иако се слатки и кревки. Ах стариве стариве за ќотек се, морам да речам.