@Jana06 така само пониско ја чувам ама кога ќе и дојде за блуцкање си го враќа и после ика. А бидејќи имаше проблем со дишењето ми е многу страв од тоа голтање на повраќаницата... Па божем после ќе си имала проблем со крајниците. @elenaklasik е ајде де ,преку ми е да ти кажам искрено ,не ова не она... Демек до 2 месеци многу високо не се кревало
Нормално кревај си ја, секако дека нема во воздух високо да ја крениш. Јас толку мал кога беше така го ставав преку рамо малку, кога како успеваше. Подоцна една акушерка ѝ покажа на мајка им друг начин. Го држиш со грбот према тебе завртено, значи со лицето напред, раката една како што го држиш ѝ е на половина, кај стомачето, а со другата ги подвиткуваш ноџињата и маалку сосе него се навалуваш нанапред, за да му се створи малку притисок на желудничето па да го исфрли воздухот Значи како на сликата бебето треба да е подвиткано за да се исфрли воздух, ама бидејќи е мало за да го седнеш, ќе го свиткаш ти дури го држиш во раце станата. И ништо нема да му е, опуштено.
Како што ти објасни Елена и на сликите е убаво покажано, значи откако ќе се нацица не кревај одма, почекај некоја минута и крени ја полека да не и се врати нагло млекцето. Гушни си ја и гали ја по грбчето. А можеш и како таа третата слика на нозе да ја легнеш, така ако бљуцне нема назад да и се врати. А околината на игнор please.
И ние сме фо нас.. И тешко оди преместувањето кај нас бидеќи знае и е навикнат.. Мирисот топлина се осеќаат..
Не му го отвораше после секое бањање? Јас од болница излегов со препорака редовно да го отворам. На другарка воопшто не му го отворала на синчето и потоа на уролог му го средија. Мора редовно отворање и чистење, доколку има бело.
Моево е 4.5 месеци и најдобро ждригнува кога го вртам со главата да гледа право, го држам со левата рака под мишки некаде повисоко малку накај градите (не на стомаче) , и со другата рака долу кај ножето (измеѓу газето) и така поисправено да е. Брзо ждригнува дури често како голем човек Инаку кај нас за толку мало бебе исто викаат да не се исправа многу оти ќее му "паднеле јамките" тоа е изгледа тоа што ти рекле тебе -крајниците ))
Епа да ,ама се мачи ја гледаш еве вчера ја кренав така на рамо одма ждригна и мирно си спиеше ,инаку вака некои звуци испушташе па се мачи со гасови
Срцка да прашаш педијатар да ви го смени млекото , моето беше на хип комбиотик од раѓање и имаше многу грчеви , штом го сменивме со бебелан ниеден грч не ја фати .
Мајки дали ги ставате бебиња да лежат на стомаче, ни за некој ден полниме месец дена уште не го ставам. Дали треба?
Мајки месец и пол сме и на малата на главчето и се појавиа суви корички целото главче и е суво и се лупи,и на вегите исто има, сменивме и шампон ама пак има. Некој совет?
Јас го ставав за полесно да испушти гасови и главчето така побрзо го зацврстува. Ако ти е страв, почни прво кај тебе врз стомак да го ставаш во полулегната позиција.
Треба, после 10 дена од раѓање по совет од педијатар го ставав. На почетокот се бунеше,како почна да расте се опушти. Јас овие ги мачкав со Јекодерм
Решив да го бањам денес синко за првпат во коритце. Е сега, се постила ли нешто на пластичниот дел за лежење, да не му е тврдо многу или така да го ставам?
И на моето му е таква цела глава, прво педијатарот рече да не ги пипаме сами ќе паднат. Ама сега на контрола рече да земам некоја крема за теменица. Уште немам земено, ќе идам до Зегин ќе прашам што препорачуваат.
Јас купив ама никогаш не го искористив тој дел. Кога му падна папочето, ја полнев кадичката со малку вода, ставав тетра а главата со рака ја држев. Поточно ова го правеа мајка ми и свекрва ми, мене долго време ми беше страв да го бањам. Поточно почнав да го бањам затоа што они не можеа да дојдат, а јас не сакав синко небањан да заспие.
@Butterfly1107 @stoimanovskamarija Да јас ја земав вчера кремата еве сликичка тоа со зеленото е Ја ставив вчера на бебе па ќе ви кажам деновиве дали ја бива
Можеби ни тој новиот шампон не и одговара. Пробајте со органско нешто ако сте во можност, ви препорачувам веледа. Има и масло кое може во вода да го ставате.
Јас го бањам од прв ден сама ама не во корито. Е баш сакам да го оставам да полежи малку во вода и голем е веќе 3 месеци ајде ќе постелам една тетра на ова пластичново да не ми се лизга надолу и така ќе го бањам
Ние вчера бевме на педијатар Бебе има 2 месеца и 1 недела Во топ форма е рекоа ја изнафалија 6 кила и 60 сантима на 2 месеца Ген си влече од татко и На ексклузивно доење сме,пораснала 12 сантима од раѓање и ја дуплирала килажата Од понеделник на вакцини Најзачудувачки беше,ми рече заби и почнале и јас се збунив и кога ми покажа навистина горе набабрено и бело..уште не ми се верува ама рече полека ќе излегле (и на првото детенце прилично рано и искочија на 4+ месеци) Па ни даде да мачкам маст на фризи уште сега А таа сирота раката си ја изеде деновиве,јас мислев од што е лакома па ја цуца раката,оно си ја чешкала жлебината Пренапредно детево...