Јас еве два дена ставам бекутан масло пола саат пред бањање и излегуваат и се исчистија на вегите а на главчето има уште малце
Какво масло? Тоа од лаванда што е? Јас уште немам земено ништо. @eta јас не ставав ништо на веѓите се исчисти само со бањање.
Некаде на форумот прочитав дека им читате на бебињата од некои меки сликовници со музика. Каде можам да ги најдам? Или некоја активност да ми предложите да го занимавам малиот (4 ипол месеци е) зашто се му здосадува многу брзо и немам време до вц да одам, само кенка. Веројатно и запчињата си го прават своето ама порано си лежеше барем 20 мин со тропалки, сега сака само исправен да е, лежење бог да чува.
Не обичното од бекутан што е, и омекнуваат и со бањање и паѓаат. Мислев и јас креми да земам но една другарка ова и помогнало па пробав и стварно испаѓаат
Јас го тргнав оти плачко беше тогаш и ни 5 мин не го капев па ми беше терет само да го воденам сунѓерот за кратко капење и незнам можи и со него ќе шлапкаше ама сега само со тетри под него го капам не пробав пак со сунѓер
Мамички како ви се бебчината вчера и денес? Ние од синока сме плачливи само кога спие е мирен иначе цел ден е плачлив кемкав иначе сме месец и две недели
Веќе два дена денските дремки и се по 25 минути најмногу и строго ако јас сум до нејзе, сака само да е во раце ми паднаа веќе во никој не оди само во мене, ја шетам поручек по пола саат со плачки незнам веќе што да направам,а ноќе немаме мака плаче само кога е гладна си спие. Ме боли мене стомак и глава неколку дена исто како пред добивање не сум способна за ништо, мислам дека ќе ме изненади наскоро.
И нас бекутан обичното масло ни помогна за коруппки на глава/ веѓи. Пред капење ставав едно пола саат ,после со крпа нежно бришев и паднаа за брзо
Леле, остај веќе овие неколку дена се' му се здосадува и само в раце сака да е и тоа исправен напред да гледа. Штом го ставам во релаксаатор или ги легнам, пишти вришти. И него непцата го чешаат и нервозен е...
Здраво женски. Еве сме и ние, за некој ден полниме 6 месеци и почнавме пред неколку дена со вкусови ама не сака лажичее, само што и го доближам лажичето ја запечатува устичката и не ја отвора. А за цуцла зјае ли зјае. Пробав до неколку вифови лажички и исто е, вкусува малку од прва отвора уста оти не знае што е и после одма запечатува и плука, брмчи, лом се прави. Не знам што ќе правиме ако продолжи и натака вака. Научена само на цице до сњга, ова е ново за неа сега, ама не го сака Што ќе правиме не знам Ај дајте споделете некој совет, искуство некое....
Подобро да прашаш во темата од 6 до 12 месеци. Тука повеќето сме неискусни во тој дел. Мојот па шише не сака да види, плука како да се гади. Фати стомачен вирус и докторката ми рече оризова вода да му давам и едвај пие со шприц или лажиче.
Затоа јас од почеток му давав био гаја капки на лажичка за да се научи,затоа што моја другарка истиов проблем го имала како тебе со првото дете.
@Kallias2 јас на 5 месеци почнав со пробување,до сега немам проблем,јаде лакомо,особено сладок компир може дур и давам да лапка. До сега само зеленчук давам,се водам по препораките овдешни,остана уште пашканат да проба.Од 6 полни ке почнам и со овошје на пладне,па полека и месо за ручек. Ако одбива категорично,не навалувај,на почеток е нормално да каснува по неколку лажички.Дај и време,не се спремни сите по календар.