Има крем баш за таа намена од Уријаж (ако го напишав како што треба ) Околу 320 ден е овде на форумов ми го кажа некоја членка..уште го немам земено и јас да кажам дали е ефикасен ама како и кај оли..и на мојов му поминуваат само со вода а го мијам неколку пати во ден оти многу се лигави
Мајки на колку време им ги чистите носињата на бебушите? Јас на синко му чистам со физиолошки раствор кога ќе видам дека има мрсули. Синко многу плаче кога го чистиме носето. Ми е страв од толку плашење и трзање со главата да не му останат последици понатаму. Какви се вашите искуства со чистење на носот?
Речиси секое утро чистиме носе. И прскам Аква марис , пошто се суви мрсулки . И потоа влечам со аспираторчето. Плачи вришти ..но потоа слободно си диши . Доколку не го исчистам , бебе и така плачи,паника ја фаќа неможи да диши.
Јас и ставам физиолошки на три-четири дена, а во меѓувреме по потреба ако има суви мрсули ставам физиолошки, па и вадам со пумпицата. Ќе си поплаче малку, нема ништо да и биде од плачењето, а после лесно си дише.
А само суви ли мрсоли имаат? Кај синко во последно наутро се затнува обавезно едната ноздра откако малку застуди времето... претпоставувам и воздухот е посув станат. Ама онака ептен се затнува не може да диши, а преку ден нема ништо
Ние синоќа баш извадивме но не беа суви. До сега стававме само раствор и кога имаше вадевме а синоќаму ставив и одма со аспираторче и баш излегоа.
Секој ден му чистам нос, но со аспиратор не сум влечела досега ниту еднаш. Порано полесно беше чистењето, сега ми ги држи рацете, прета, мрда со главата, се буни. Го викам мм да застане до него и му зборува, па тој ќе се смири и малку ќе застане, па после џабе е и тоа и продолжува да се буни. Навечер му капнувам физиолошки по една капка во двете нозринки.
Јас секое утро со спреј аква марис и му ги влечам. Понежно влечам, на почеток прета ама му правам некои смешни гримаси и така му зборувам како бебешки и почнува да ме гледа и слуша и застанува едно време , не прета Сепак гледам понежно да му ги тргам, секогаш има по нешто за тргање (како белузлави се потечни, не суви).
Хм а јас пак досега без причина (да се мачи, да не може да диши) не сум чистела сепак пукаат капилари при влечење со пумпица, што знам... Мислев да не е настинат, па затоа не го ни вакцинирав, а тоа може и нормално со носето да било, дека други симптоми нема пројавено Знам одвреме навреме да ставам во секоја ноздра по малку бепантен маст (за навлажнување на слузница)
Според мене, настинка може да е ако се проѕирни мрсулчиња и течни, како нам возрасните кога ни тече нос. А за суви или за бели мислам дека не треба да се влече, може да дојде до други компликации. Така ми кажа педијатар, а и тука читав, па затоа не сум употребила досега аспиратор.
А како го чистиш, само му капнуваш физиолошки? Или има и некој друг начин, без влечење? Јас кога ставам од маста, нежно ја масирам странично ноздрата да се распредели убаво. Ама за одзатнување, друго не знам освен со влечење
Навечер капнувам физиолошки и толку. Сабајле има видливи, ќе кивне и доаѓаат поблиску до надвор, па тогаш со врвот на пример од пумпицата ќе ги потфатам, но не влечам. Некои низ темиве сум читала со чепкалка за уши натопена со физиолошки ги чистат. Не бил досега затнат да не може да дише, а не сум влечела дури ни кога му крчеше носето после раѓање, си помина.
Педијатар ли ви рече да чистите носе? Јас уште на прв преглед прашав дали треба да се чисти,ми рече не,самото бебе ќе си исфрли И така правам, кога ќе видам мрсулче му го потфаќам со стапче за уши, аспираторот остана неупотребен,бебе за некој ден ќе прави годинка
Може веднаш ако седиштето е 0+. Мислам дека до година треба да седат обратно свртени, а потоа може и напред да гледаат. Нека ме исправи некој ако грешам.
Зависи седиштето за која возраст е, има од 0+ и од 9+ Моето беше од 0+ во седиште го ставив од 5,6м нанапред завртен, пред тоа го возевме во транспортер наназад завртен
Јас му ставам Синомарин капки секој пат кога ќе слушнам дека му шушти носето. Инаку се случува сабајлечки да му е затнато и да се мачи, тогаш обавезно влечам со аспиратор. @Dua! јас давам навечер, после бањање, така ми кажа педијатарот.