И ние сме во 4ти скок, рацете ме болат во никој не сака само во мене, за гладната не е цица на 2-2 ипол часа по 40 мин, и еднаш ад пие кога зајдува али многу плаче
Ова не е слуз, таква е каката на доените бебиња, претпоставувам на доење сте. И кај нас е таква па никогаш до сега не сум помислила дека има нешто, не ни обрнував внимание на каките, по 5-6 пати какаше, сега веќе 2-3 пати и понекогаш и се такви уште.
Леле ми олесни малку, на доење сме. Ми личи мене на слуз, проѕирно е, растегливо и пелената не го впива. Еднаш како конци се имаа направено. Какаше обилно, ја полни цела пелена и грбот по многу пати на ден, сега со линекс намали на еднаш. И има некој јак мирис кога има вакво лигаво. Го гледам и мешето го боли, се витка и кенка ама ајде тоа ќе го препишам на вирусот. Ќе гледам сега од 5ти месец да почнам со цврста храна и се надевам ќе му се среди.
Исто и кај нас, така кака и обилно до грб, колку беше помала повеќе се правеше, сега не толку многу ама пак знае да и протече од обилно што кака. До сега никогаш не сум посумјала дека е нешто, нормално е, така какаат бебињата, не се секирај.
Да да, ваква и слична на оваа. И така зелена ама како да не е зелена, јас мислев дека од спирулината што ја јадам, плус јадам и мед со семе од коприва.
Ние решивме 4ти скок да си го сврзиме со матура Лажам,лажам,на прагот на 5ти сме. Тргањето од цицка си трае,нормално дека се останато е поинтересно и допрва ке станува.Па како повлекува јако кога ке се тргне ми шприца млеко без престан Друго,се дига сама и седи,значи квичи да е седната во скут,па се расправаме ко јатрви Се врти како торнадо на подлогата и сака да лази војнички. Има две забчиња,јаде со сласт,се истепа за пашканат,шокирана бев @Jana06 да му го јадеш газот,престани да си измислуваш проблеми.Сите бебешки каки се такви,мирисаат на кисело(нормално од млекото) и се како слузави.
Тоа ми беше муабетот, изгледа зелена, а кога бришам со влажни се гледа дека е жолта. Јас не консумирам ништо зелено, ни такви суплементи освен pregnacare. Правевте крвна слика во скоро време? Вака се си е ок со бебето? Колку пати дневно кака?
Па така кажи бе Јас еден месец се мачам да откријам што е проблемот, пишувам по сите теми и никој со слично искуство. Вирусот изгледа се погоди во ист момент со ова, па си поврзав. Се надевам се е ок.
Крвна слика последен пат пред вакцина, се беше океј, сега за 20дена пак не чека вакцина ќе направам пак крвна слика. Инаку супер си е. Дневно кака по еднаш или два пати. Сега последниве денови малце му се поремети какањето изгледа зошто јас пиев антибиотик и тоа баш долго го пиев- две недели, дури и мене ми се пормети се.
Секако дека е Ок Ако сакаш отвори тема со наслов “Компаративна анализа на бебешки каки” Со назнака дека не е за гадливи,па ке постираме таму за мир на душа
Да бе,ми р’жи,плази јазик,ме клоца кога ја пресоблакам,одлепува лепенка од пелената Во петтиов скок ја сваќаат дистанцата како појава,па кога ме нема на видик знае да писка по мене како маче и штом ме види се смее на цел глас.Смешки се,само нека се живи и здрави сите
Да, после секое доење најпрво ја држам исправена 10-15мин а потоа ја ставам на рамо (градите нејзини отприлика идат на рамо кај мене) и брзо ждригнува во последно време. Ако ја кренам на рамо веднаш после доење повеќе бљуцка, макар што вишокот млекце секако мора да излезе,ништо страшно
Лелее шо убаво така кога читам си јаде со сласт, мојата уште ништо не сака, денес полни 6 месеци, почнав пред 1 недела да и правам овошје нели 3 дена да пробува едно па друго и се така, е арно ама не сака лажичка, само што ја види запечатува уста и не сака, ќе ја излажам некако ќе отвори и ќе и ставам и ќе го плукне и толку после, не сака. Неколку пати и давам и штом не сака се тргам, па јас си го изедам овошјето. Така секој ден и ништо. До сега дали пола лажичка има изедено нешто, не знам што да правам. А ако и дадам во рака ќе го стави во уста па така се мислам да пробам со тој blw метод ама ми е страв од една страна за задавување, мада што читав искуства и мајки што ги ранат така од почеток бебињата викаат нема шанси да се задави....пффф не знам што да правам. Или да и дадам малку време, може уште не е спремна за цврста храна, така се тешам А кога и дадам вицка од далеку отвара уста зјае ли зјае, лелеее викам види за цице душа дава, лажичка плука
Луда си бре, ме изнасмеа.. Иначе со чепот јас бев а ме искара оли дека не е во спојлер а јас појма немав како треба,па ајде ми пиша па да се среди ситуација.. Инаже јас денес му дадов на бебе круша па како фино зинува и ручка леле мајко
Ја избришав оти укопчав дека не секој има желудник за тоа Ама сега како мајки мислам сите можиме да видиме кака и да не ни е бљак.. Иако понекогаш ми е од каките на бебе
Моево е еден месец и една недела нон стоп кака на секои 2-3 саати менуваме памперс пробував после доење пред доење (за да не е нон стоп какано) Само што ставам памперс одма кака. Дури газе нон стоп иритирано...Ајде некој совет дали е нормално вака?
И моето си какаше по 5-6 пати, нормално е. За иритираното газе пробај со маст од невен или пробај смени ги пелените да не е од нив.