Ние сме 16 недела , претходно како да немав бебе , нацицано и си седи си разгледува мирна беше , е овое 2 3 дена е кенкава преку ден , тешко се залажува со нешто , нервозна обично приквечер клоца прета со нозе раце , пика во уста рачиња и плаче Се заспиваме дури после 12 и тоа после неколку обиди со оставање во креветче и одма будење ,немирно спиење со претање клоцање Е сега со цицањето преку ден си е исто , ноќе претходно ми врзуваше по 7 8 саати , сега 5 саати. Како ќе продужи ќе видиме
Здраво мајки, ме интересира до кој месец дававте пробиотик? Бебе е веќе 3 месеци, направив консултација со педијатар и ми кажа дека остава на мене јас да одлучам - може да го прекинеме или да го давам пошто секако не штети. Сега сум на мисла. Инаку бебе е на ексклузивно доење - ако тоа значи нешто. Фала ви многу
Јас давав додека не почнавме со цврдта храна, до 5ти месец. После тоа нормално дрка му се смени каката, но и метаболозмот па имаше тврда кака. За да не се мачи му давав повремено додека не се среди
Мене педијатар ми рече до 6ти месец обавезно, за понатака ќе видиме. Ако си со царски давај пробиотик барем додека почнете со цврста храна.
И ние бевме со затнато носе пред три недели. Толку беше затната што три дена, плачеше, вриштеше и дење и ноке. Нам матичниот ни рече по пет, шест пати на ден, а педијатарот од детскиот диспанзер, кај што ставаме вакцина, рече колку што можам повеке пати да му ставам и тоа не капки, туку спреј. И потоа да ја тапкам по грпчето како кога треба да издригне. Јас и ставав спреј пред секое јадење. Докторката рече дека нема штета од спрејот, тоа е солена вода. Рече дека може и да ги исповракја.
Мојава е прематурче, педијатарот од Систина ни рече до една година да и даваме пробиотик. Можеби дека пред време родена, плус со царски рез.
Фала ви за одговорите. Јас искрено се мислев да го откажам, бебе е природно родено и воопшто немаше никакви проблеми со грчеви и слично, а плус 600ден и не е така ефтино. Ама сега ме ставивте во мисла, може и ќе продолжам да и го давам.
Зошто се дава пробиотик кај деца породени со царски? Мене педијатарот ништо не ми спомна за пробиотик. Јас давам само капките д3 со к , и омега капки.
Зашто не поминуваат низ родилниот канал и не добиваат некои потребни бактерии од мајката, вака нешто ми објасни докторката.
Ja sum porodena prirodno i na termin ,pa mi rece do godina ke davame probiotik,pak isto ke kazam,site razlicno rabotat pedijatrive
Мајки денес го боцнаа синко вакцина, и добив само чепчиња, но ако качел над 39 температура да ставам по 1 на 6 часа. Ако е под 39 ништо. Сепак ми е страв и овде читав тиширање со млака вода без да се натопи главчето. Друго што се прави ако качи пример над 38? Исто ме интересира, за изнесување на воздух, капење (да се натопи местото кај што го боцнаа на двете ножиња), ништо не ми спомнаа, претпоставувам смее!?
И јас сум со царски, педијатаров ништо ми нема спомнато. Стварно сите различно кажуваат. Јас давав само првите два месеци, немавме некои големи потешкотии околу грчеви а еве сега за некој ден правиме 5 ама не давам пробиотик, само капки д3+омега (досега и ние на ексклузивно доење сме).
не ми е јасно и ова прв пат го слушам дека само над 39 се става чепче а двете деца ги имам вакцинирано..јас после вакцина ставав антипиреа лепенките на чело превентивно и на местото дека е боцкано.Немав потреба од чепчиња зашто немаа температура а во други случаи како настинка кога ке качеа температура над 38 чепче ставав.Не мора тие денови после вакцина туширање ниту пак некое посебно излегување..Сепак тогаш детето е осетливо..
За температура 38,5 сируп, а ако има 39, тогаш чепче. До 38,5 соблекување, туширање без главчето. За првата вакцина ставав само облоги со ациди борици, не можев никаде лепенки да најдам, а за вторава најдов и лепев два дена. Немаше реакција ни првиот ни вториот пат, само вториов пат два дена посилни грчеви од ротата и толку.
Ох прашав за сируп не морало, само чепче ми препишаа Фала ви за советите, нешто прочитав разладување со влажна тетра ама не сфатив како оди тоа?! Во случај да качи, а се надевам нема. Колку време по вакцинирањето најдоцна може да се јават реакции? Не го изнесувам, секако е ептен ладно надвор, па да не направам некоја глупост, а капење ќе прескокнеме денес