Мене ми рекоа да го следам три дена за температура. Не би требало да качи температура, но следи за секој случај. Ај со лесно.
Малиов нешто како нервозен, му мерев тт има 37. Како топли дланките и главчето да му се, ќе го следам и баш на педијатар сме денес. Кај бебињава над колку треба да е тт за да ја сметаме за покачена?
Над 37,5 Мојов ретко има под 37 температура. Можеби му е топло и затоа е нервозен. Ако е наоблечен многу, расоблечи го малку.
Исто и мојот ретко кога е под 37. 37,3-4 најчесто. На почетокот бев ама сфатив дека е нормално, плус не застанува цело време е во движење, па се загрејува лесно
Да, да, нормално е. Башка што велиш постојано мрда, прета, се врти и се загрева. Само кога спие, тогаш му паѓа под 37. Меѓу првите прегледи кога го носев, ја прашав докторката и ми кажа дека е нормално меѓу 36,8 и 37,5 и раат сум. Ако видам 37,4-37,5 температура, веднаш го расоблекувам и се потспушта.
И мене докторката ми рече во случај да качи температура само чепчиња и тоа ако е 150мг да дадам пола. Гледам овие моите се 80мг значи можам цело да ставам, а сируп после 6 месеци.
Да. Да имаше потреба досега ќе дадев прво сируп ама ете на последен преглед вака ми спомна, гледам и во извештајот истото го пишала.
Лелел и моево престана да гуга , клипови што си снимав со гугање и ги пуштам да слуша, јас и гугам да отпочне пак . Не бре За 8 дена прави 4 месеци, многу е променета. Ако нема цуцла рачето во уста го става, р'жи кога ја дојам и разговарам на моб.. А утре сме и на вакцина , страв во коски ми е .
Леле секогаш различно, аман. Мене па ми рече ако е нерасположен, кенкав, да дадам превентивно Не дадов, не планирав ако нема температура. Не се секирај, еве пишаа и други дека и кај нивните е така, јас не се секирам веќе. Цело време му зборувам, му пеам, ќе почне пак. Еве вчера еднаш гугна, но од вчера имаше и нови гласови, се скапа од пискање и смеење на цел глас со пискање
Денес бев на педијатар, нешто многу неубаво се испонашаа и не прашав многу работи кои одвај чекав да прашам. Малиов мнооогу плачеше, кога требаше да го мерат се изнапишти и дури цел како со точки внатрешни се направи (како од достудено). Не знам ни дали убаво го измери, преташе плачеќи. Тежи 7500, а на 13 август 6870. Сега се мислам не е ли малку тоа за месец и пол (само 630гр)? Само на доење сме, др рече можам да почнам со сокчиња и кашички, ама ништо подетално (таму испадна нешто дека сум немала осигурување,фондот нешто зафркава, и ми се испоразвикаа како сега требало на приватно да е прегледот бла бла. Па што сум ја доцнела вакцината на своја рака, сега ако ми рекле одново сите да ги ставале-малиов ќе прави 5месеци, ги имаме ставено само тие на 2.5 засега- а сопругов беше настинат, почекував да не го префати , страв ми беше и се оддолжи ...) .Абе хаос, нема врска, само за килажава се подзагрижив оти до 13 август качуваше над кило...
Боже, боже одново да ги ставал, што не ќе слушнеш. Крај краева, ваша одлука е за вакцините, а поготово ако не си била сигурна. За килажата и мојот качува по 700гр ама за месец. Не верувам дека е проблем, сум читала тука и по 200гр качувале. Почни си полека со дохрана ако мислиш дека е спремен и ќе си качува. Има убави објаснувања во темата за Воведување на цврста храна, а и на интернет има табели.
Мајки ќе ве молам за совет. Малиот ми е на мое млеко кое го измолзувам и плус ад. Од вчера брадавицата ми се разрани(од вакумот ми се направија мали плици-плускавци полни со водичка) тие пукнаа и сега од тоа место при измолзување ми тече по малку крв. Што да правам? Иако е малку ќе отиде во млекото,како да му давам такво млеко? Совет!
Мајки сакам бебко да го носам на преглед во Систина на педијатар. Дали некоја мајка има одено и ако може да предложи добар доктор педијатар. Или да предложите добар и искусен педијатар (може и од друга клиника)
Ние сме 3 скок па бебе почна почесто да се буди нсвечер на саат и пол.. Дење е немирен сска враце се кенка нешто не ме остава вода да се напијам.... Друго нешто нема..