Топ искуство од систина имам со Др.Станка,Др.Фидановски и Др.Сајковски кај кој и да појдеш нема да згрешиш.
Во 18 и 30 цицаше и во мене се успа, си продолжи дури до 04 и 20 стана за цицање и еве ја пак продолжи да спие. Некако многу време е нејадена, предходно по 6-7 саати не стануваше,а оваа ноќ 10
Неколку дена без престан прави бебла балончиња со устата и брчи Мнг ми е Cute За 10 дена три месеци...лета времево неможам да го фатам
Eee ни пораснаа,ми текнува кога се тешевме по пораки пред пораѓање за кај Младен Влеговте во 4ти скок? Или рано е
Само кај нас "паѓаат јамки", се урочуваат од поглед, снемува млеко од "чао" или од сушење алишта од бебе навечер... како и да беше... Тешко нас што живееме со луѓе со вакви убедувања во кои слепо веруваат Се извинувам на негатива Дури сум тука да прашам, како знаете дали на бебе му е ладно? И како ги облекувате преку ден и ноќе овие денови?
Мајки од кога почнавте да им давате глодалки на вашите бебиња? По колку дремки преку ден имаат вашите бебиња од 1ипол, 2 месеци? Моето бебе пие аптамил и кака еднаш во 4,5 дена, нормално е тоа? И совет како да го научам да цуца цуцла? Ја плука не ја сака (си ги цуца рацете и на града сака да спие). Ве нападнав со прашања но прашањава ме мачат уште од кога наполни 1 месец. Сега е 42 дена бебето.
Глодалка откако почна да фаќа со рачињата. И моето пие Аптамил и кака на 4 дена, но само двапати му давам, другото е со цицање. Докторите ми рекоа дека е нормално ако е нормална каката. Цуцла ни моето не сака, дури и пишти ако му ја дадам. Со секакви пробав и не сака, тоа е тоа. Си ги става рацете во уста, нормално е, ќе го прави тоа цело време, а и моето заспива на града. Тој спие, јас укочена лежам. Ми успева да го префрлам во креветче кога цврсто ќе заспие.