Цело време е така ? Моето исто правеше ама два три дена после продолжи како што беше со тоа што навечер пак до 11 не спие потоа заспива на цице.
Цело време. Или на града или во раце спие. Штом ја оставам во кревет се буди и плаче. Веќе не можам да издржам по цел ден на раце или на гради да е.
Нз дали веруваш во тие раб. Ама д пробаш да и забаат за урок уплав.. Ништо не губиш.. Исто и во црква молитва да и испее поп викаат помага многу
Мене така кога ми правеше легнував со него во раце. Фактички само нозете му се на душек, а ми лежеше на раката. Не знам ни јас како го изведував ова, се укочував ама полека се навикна да легнува на кревет, па само лежев до него, па после го оставав и сам не се бунеше. Еден период спиеше и сам во креветче, сам си заспиваше ама со грчевите се пореметивме. Значи мора се постепено да ја учиш. Не дека е научена во раце туку и требаш ти, го сака твојот мирис, топлина. Издржи мајка, сите сме го поминале тоа. Изгледа како бесконечен период и претешко ама ќе помине.
На почеток и мојата така правеше. Како поминуваат месеците ќе се трга самата. Еве сега ќе полни 3 месеци. Пак на цице заспива, ама кога ќе се успие се тргам и дремнува уште 15,20мин плус. А да сум до неа цел ден ќе спие. Близина си бара бебуш. Прави како што му е убаво на бебушот. Знам напорно е, ама тие не разбираат, им треба близината со мама. Навечер спиеме залепени јас и таа, јас со цицката гола
Кај нас е 22-23 с денес пуштив клима малце на 25 с ама ја гасам за спиење ,исто 21-22с бебе облекувам боди на прерамки боди на долги одозгора ,панталончиња и чорапчиња .
@prinstongirl2 Ја носев на баење од уплав ама ништо не помогна. @Jana06 @Kate Rina 93 И кога сум до неа не спие. Таа да сака да спие и јас би спиела до неа преку ден бидејќи сум преморена. Инаку вечер после 11,12 спие во креветчето. Проблемот ни е преку денот спиењето. Еве денес е станата во 8 и уште не сака да спие т.е ми заспа в раце 10мин и само што ја спуштив в кревет стана.
zdravo, dali nekoja ima iskustvo so bebceto da mu se vrakja hranata no ne povrakja, kako kiselini da go fakjaat i vo grloto kako nasobrano da mu e i da grci po malce?
Да се надополнам. Од пред 10 дена не сака ни да лежи во креветчето. Претходно лежеше и преткаше а сега плаче сака да ја земам и стоејќи да ја шетам низ соба. Скок ли е што ли е не знам ама мн немирна стана а јас не можам по цел ден да ја носам
Можно е да е скок. Колку е поминато од терминот на раѓање? И немој да носиш толку мало бебе кај жени на баење во пандемија. Во другото не се мешам.
леле исто ко јас да сум го пишала ова. Моето е 2 ипол месеци,цело време сме така... спое само во раце,заспива само на цицка... врзана сум цел ден со него.
Моево е 3 ипол недели бебе, почна исто да се сецка, неколку пати легни, стани држи се во раце и на града праиме додека убаво се успие. Бар во 50% од случаите white noise ми помага, пробајте и тоа...
Мајки бебе е 4 месеци и почна многу да кашла, кива и носето да му тече.. Докторката не ми крева на телл.. Што да правам?
Во таков случај прво пробај само капки од солен раствор во носето за да може да дише. Исто така треба да биде добро хидрирано. Се додека нема посериозни проблеми како поголемо покачување на температурата, нема простор за паника. Мислам дека лекови не се даваат. Телото само ќе се избори против вирусот/настинката, на тој начин се зајакнува имунитетот. Ако неколку дена по ред нема подобрување тогаш на лекар. Ние бевме така минатата недела, ни помина за неколку дена без одење на лекар.