Јас како на сликата доле. Можеш да пастеризираш било што, што имаш домашно или тоа што го нема во зима. Во јаболките на пример, ставив и вода (никакви додатоци) за да испадне како компот и водата да ја пие како сок. Само треба да проверам да не се расипе вака.
Кратка прошетка кога ќе сакаш, не мора после 40 дена. Само да не врне, да не дува. Убаво облечени и шетајте слободно ќе се наспие надвор на свеж воздух и навечер убаво ќе си заспие.
Така и мислев, 20-30 мин макс.. Вчера што излеговме за на контрола колку си беше умен и си уживаше Пред зграда ни градат нешто и стално е галама и прашина.. нит можам да отворам, нит да поужива бебе.. Ќе почекам ете втора контрола следна недела, па и докторката да видиме што ќе каже
Кога имаше 10 дена ја изнесов на пола саат првпат,и после на неколку дена по 1 час на отворено на воздух Дека беше лето јули и убаво времето уживаше А со првото детенце дека се роди во декември ја изнесовме после 2 месеци преладно беше. Зависи од времето најмногу да не е претопло,преладно или загадено
Да шкртнам во темава и јас, колку да сум во тек со настаните Скоро 3 недели е ќерка ми. Секој ден на тераса ја изнесувам по 10тина минути, и прија воздухот и сонцето.
Жива и здрава да е керкичката. Немам одамна влезено во темата бременост, па не знаев. Само убавини да ви носи во животот, најсреќни и најгорди родители да си бидете
Жива и здрава да е куклата. Инале и јас така го изнесував. Ако има сонце и повеќе ја изнеси оти ќе залади па уште маллу повеќе..
Мајки, папот кога паѓа, уште колку време е потребно целосно да се засуши местото? Еве, после недела дена од паѓањето уште има како мало отворче (само при плачење). Инаку, по препорака од педијатар дезинфицирам и ставам спреј. Друга работа, плачаат вашите бебуши при менување пелена? Мојава куќава ја крева во вис а како за инает кака на секое цицање За банење да не зборувам да може од раце ќе ни побегне, таков проблем со синко немавме, оваа женска опасна, гола не сака и крај
Во фрижидер по препорака на ортопед. Дали некоја од вас користи Вигантол? Дали и тие како Пливит траат 3 недели? Одат моите за Србија, не знам колку паковања да нарачам.