И со двете деца истиот проблем...кога ги бањаш или пресоблекуваш како да ги колеш...што мажишта ќе беа
Јас одев кај патронажните сестри и тие му го чистеја внатре да засуши побрзо. За плачење до 40 дена ке смене.. Така барем велат
Малата има 1 месец.Досега кога ќе се прејадеше знаеше да бљуцне вишокот но не беше тоа во млаз.Денеска сабајле поврати 3 пати во млаз ,а мислам дека не беше прејадена,знае она и повеќе и подолго да цица ,но така не повраќаше.Исто така 2-3 пати од вчера ја слушам како да поткашлува Утре ќе ја носам на педијатар и ќе и кажам и за ова.Што може да е?
Мајки едно прашање: Имам проблем со плачливо бебе. Ајде на почеток мислевме се грчеви, па е мал уште ненавикнат на средината, па да не е гладен додадовме дохрана ад, меѓутоа еве 5 месеци дете цело време плачи. Преку ден едвај заспива со нишкање, или на града или со музика и тоа се заспиваме по саат и пол за по 30 мин ми се разбуди. Навечер исто на секој саат и пол се буди. Сите (вклучувајќи и доктори) велат такво му е растењето. Имала ли некоја од вас ваков проблем? Како се справувате? Психички ме опадна постојано плачење... грешам ли негде?
Мојава има 5 месеци и една недела, плачлива е од прв ден кога е родена, уствари кенкава, се е во раце шетаме по соби, сите реквизити и играчки и ги нудам и се не и е погодено, мислам дека од ден на ден како почнува да разбира е се по лошо. Некогаш се прашувам дали е се во ред со детево нешто да не ја мачи. Инаку супер си напредува. И јас психички веќе опаднав, капак на се немам помош од никого, сама сум од 7 до 22h
На 9от ден и падна папчето, но суво е. Не забележувам исцедок, хидроген не ставај, може и тој да прави секретче. За плачење плачи и мојата, не е на секое пресоблекување, но знае да плачи. Нормално е. Бањањето го прескокнавме ние, првите 2 недели, пребришувавме со влажна па сува крпа и избегнат ни е тој дел со вриштење од вода. Пробај и така, немора секој ден бањање, можеш и на овој начин, чисто да забележиш дали ќе има некаква промена
Синко имаше теменица и го мачкав со масло и го чешлав. Сега четката смрди ма застоено масло. Имам четка од чико, како да ја измијам?
На моево целосно му затвори на 3 месеци ама беше плачко па и од толку силно што плачеше му се дуеше како кила да има а немаше..додека користев банеоцин влажнеше, потоа почнав лосион од биодерма -цицабио така некако се викаше и за две недели му затвори скрос.. Од дете што сака и ужива во капење и во вода наеднаш од нигде никаде пиштеше како да го попарувам или колам кога се капевме ми се одмили тогаш и капење и се почнав во 3 дена еднаш да го капам буквално на раб да полудам бев..па почнав да го виткам во тетра и така полека да го спуштам во вода прво да допри со нозете, па полека го легнував додека се навикни и постепено го одвиткував па прекина со плачки и сега уживка..
Ааа ти со тој го чешлаше..е јас со другиот затоа ти реков да го зовриеш..незнам тој дали можи Крај краева раствори сјај во жешка вода и капни омекнувач и остави го нека постои па исплакни убаво
Мене денес ми стигнаа вигантолот од Србија пишува дека 6месеци од отварање траат/можат да се употребуваат се чуваат на собна темп.
Не се помешал вигантолот порано беше стабилен 28дена по отварање ама во тие упатства така пишуваше ,сега си стои 6месеци дека е.