Не давам Вигантол јас, јас давам Пливит ама сега ќе земам Вигантол и ќе го прашам ортопедот колку да давам
А од Пливит колку даваш на бебушка ? Ние сме три ипол месеци , бебка моја има 7200 гр , и давам 3 капки
По препорака на ортопед 1 капка за 1кг. Сега давам 5 капки зошто бебе на претходна контрола беше 5840гр.
И ние сме 3.5м и давам 2 капки пливит. Педијатар и ортопед ми кажаа нема врска со килажата (6кг сме) и рекоја до 1 год доволно е 2 до 3 капки максимум.
И јас така знам , така ми кажале до 3 капки Ова една капка на едно кило првпат слушам , се замислив дури пак да се консултирам
А давате BabytolД3, 1 или 2 капсули дневно? Мене и ортопедот и педијатарот ми рекоа да зголемам на 2, тоа се 800 IE. На интернет читам дека препорачана доза до 1 година е 400IE па не ми е јасно...
Се зависи кај кој доктор идеш. Ако му веруваш, послушај го како што ти кажал. Јас сметам дека давам голема доза д3 ама ете ми рече докторот требало 200 ie на кило. На моето му зголеми за 200 ie дека градниот кош му бил малку мек, па треба за една недела да го носам на контрола да видиме. А и на интернет е земена некоја средина, не може скандинавците и некои на југ да примаат иста доза.
Кај Антоние бевме... Инаку гледам давате Пливит и Вигантол, до сега не ми ги препишале. Па малку истражував на за Babytol-от и ми излезе дискусија на форумов од пред 2 години https://forum.femina.mk/threads/Иск...рапии-медикаменти-прегледи-и-сл.27902/page-13
Хмм и ние сме кај Антоније. Инаку, батали тоа вакви муабети искачаат секоја година за различен производ. Провери на Google има и за Вигантол дека содржело нешто токсично. Не е толку едноставно дека нешто ќе се произведе во подрум и ќе ни го продаваат, си има регулации. Изборот е твој.
Леле и мене ми мириса неубаво и прекинав да ја користам. Ако најдеш чаре, пиши. И мене ми рече дека му се омекнати ребрата и од 800 IU му зголеми на 1200.
Мене ми рече 1400 да давам, за ребрата +200 (една недела) значи 1600 А вака на допир уште му се меки. А чекај, како ви дозира на вас? Не според килажа?
Да, сега според килажа. Скоро 6800 гр е малиов и затоа 1200 да зема, а досега 800 земаше. Ако твоето пиело според килажа, зошто му омекнале? Ај моево помалку пиеше и си реков поради тоа му се омекнати.
Претпоставив дека е околу 7кг и затоа мислев веќе 1400 прима. Па не знам, цело време му давам како он што ми кажа, не знам од кај испадна ова. Ептен криво ми падна кога ми рече меки му се и го мислам од тогаш. Се надевам се средува и не е сериозно.
Тој рече за секое кило една капка, па си реков да не треба да е баш 7 кг за да му давам 1400. И мене таму ми е паметот, но тој рече дека ќе се среди и да го однесам на контрола за да види дали има ефект.
Мајки денес примивме рота 2доза,шестовалентната и плус стрептокока прва доза ,до сега беше супер ама сега ми качи 38 темп.што да правам ?Не сум имала искуство со волку мало бебе со температура ,син ми без никаква реакција ги поднесуваше вакцините.
Па нели викаат пред 38.5 да не се дава ништо туку да се разлади на друг начин. Провери за пола саат ако качува уште јас би дала сирупче.
Мене ми качи т.т 38,3 и дадов ефералган сируп. За половина час се подобри ситуацијата. Ја разладував по тело со acidi borici нешто конкретно не помогна, бебе мнооогу плачеше од разладување .