Баш си мислев да те прашам @0ли до каде сте со секретот @Izzy_0504 И ние еве 5 месеци, уште со истиот проблем. Јас чистам со физиолошки, масажи правам ама сега поретко, преѓе баш правев и му излезе доста секрет. Некогаш марамчиња иридиум земам а мајчино млеко и камилица не било препорачливо. Се надевам да се среди за скоро, веќе ми е мачно така да го гледам цело време со секрет или гурелки....еднаш педијатаров спомна ако сакам на очен лекар да ме упати (а не знам таму каква проверка им вршат).
Мене ми спомна една дека таму нешто на каналите им правеле. Не би го носела, се надевам дека ќе помине кога ќе потпорасне, тоа е
@Kate Rina 93 Кате не мораш уште сега вода,само на цицање е Софи нели?Кога ке почнеш со дохрана,тогаш понуди. Најчесто неќат,и мојава повеќе џвака цуцла него ли што пие.Денес 50мл испи.
Иста е и мојата , си игра само , не влече никако А и чим се само на цицање нема потреба воопшто од вода Кога ќе почнеме со кашички да ќе треба водичка
@dunika @Maja92@ Само на доење е, знам дека нема потреба, ама некако шубе ми е мене без вода. Не е многу ,и давам две лажички вода дневно. Почнав така кога беше многу топло. И ставам две зрнца ким. Демек да и помогне за грчевите.
Ако,не е ништо страшно лажиче две.Нека не ти шубе,тоа сакав да ти кажам,млекото во составот содржи преку 85% вода
Здраво мајки , незнам дали за тука е прашањето прашав и во друга тема ама не ми одговорија од што може да се овие мозолчиња ги има над градите и неколку кај раката и со што може да ја мачкам ? 16 месеци е благодарам.
Бевме вчера ,ја прегледа рече дека нема ништо.Ја слушна и грлото и го виде рече чисто е .Ни даде спрејче за нос ,рече дека сигурно е од греењето дома ,од сувиот воздух и се суши грлото па поткашлува.
Колку повеќе пати му правиш масажа толку побргу ќе се отзатне каналчето. Јас и правев на секој подој на мојата ќеркичка, до 40 дена исчезна, однема преку ноќ секрет, ама неколку дена по ред бев скроз упорна и правев масажи и тоа доста силно треба да се притисне за да се отзатне, значи не е дека нема врска, треба и точно да го правиш иначе ако го галиш само местото и вртиш кружно џабе е. Јас на,секој час кога и да ја дојам со едната рака ја држам со другата и правам со стапче за уши притискав одозгоре па на надоле накај носот, горе доле горе доле посилно малку и секој подој така и правев и за 2-3 дена и исчезна секретот.
Ми изгледа како алергиска реакција. Ставај течна пудра и доколку утре не се повлече консултирај педијатар. Исто внимавај на храна. Не давај алергени и води евиденција што и кога јаде да знаеш во иднина од што може да биде.
Вода не смеат да пијат ич заради тоа што бубрезите не можат да обработуваат чиста вода, па вишокот вода во крвта го разложува натриумот, а нивото на натриум не смее да паѓа, може да дојде до повраќање или напади, а во екстремни случаи и до оштетување на мозок. Ако сакаш прочитај си повеќе, hyponatremia in babies И мала количина може да штети. До 6 месеци ништо освен млеко. Не се секирај, не е дехидрирана сигурно, по урината се препознава ако е
И мене докторот ми рече да се опоравам од пораѓај и да направам пап ама ме мрзи Стално некаде одиме на доктор, контроли, ортопед, вакцини, лабораторија, ми се смачи. Ќе почекам јас.