Само за нас мајките немаме време, и мене ми е смачено од контроли, но се решив кога ќе дојдам ск да си ја завршам таа работа .ВО ремедика го носиш на ортопед?
Не, во Орто плус пед кај Антоније. Не слушнав убави работи за Иванка од ремедика, а тој Споа не знам дали е добар не сум слушнала искуства.
Што е со Иванка и јас ја носев малата таму првиот пат .. чисто да знам за следен пат ако може да споделиш.
Од Иванка не сум ич задоволна, понашање никакво,мојата е плачка сум се помирила. Се мислам измегу Антоние и Видоевски кај кој ќе има слободен термин кај тој ќе ја однесам
Здраво мајкии, малото е две недели, незнам дали така треба ама нон стоп сака во раце, заспивање, цицање и све пропратно. Штом го ставам на креветче одма станува и неспие, кажујте трик оти ке збудалам, живееме во странство сами со маж ми и тоа додатно ја отежнува ситуацијата :/
Мало е, сака близина. До 6 месеци треба да му го овозможиш тоа. И после додуша најверојатно ќе биде исто бебето, ама можеш и по малце да го оставаш да поплаче. Сега е мало, гушкај го..
Јас не сум била кај неа освен што го прегледа малиот кога се роди. Читав во темата за Ортопедски прегледи и не се задоволни мајките. Колку што разбрав и професорка била, па наводно теоретски да ама пракса слабо. Кратко траел прегледот, не кажувала ништо конкретно и била арогантна. Антоније ми е ок, само прескап е, не се согласувам со дел од советите и не ги применувам ама на вториот преглед веќе беше друго зашто планирам да го раснам детето баш како што ми објасни тој значи без дубаци, џампери и други помагала. Ми се свиѓа тоа што не се форсира ништо, нема рокови за седење, лазење, проодување, па да се мислам дали детето убаво се развива. Го оставам по цел ден на под да си игра, ми рече до 9 месеци треба да се тркала и да лази, ништо повеќе. Некои бебиња не седнувале воопшто и да немам такви очекувања зашто седењето не е дел од еволуцијата. Значи може да седи, а може и не. Исто и за проодување, може порано, а може и доста покасно зависи од детето. Нема потреба од никакви помагала. Ти изнапишував ама сакав да ти доловам дел од прегледот. Засега го носам таму ама сакам да го однесам еднаш и кај Талески, сакам второ мислење околу дозирањето со д3.
Нема трик, повеќето бебиња се такви. Помири се дека за тебе ќе немаш време освен краток туш и јадење на трчање, така е на почеток. Легни си до него и уживајте, гушкајте се, цицајте, тоа ти се обврските сега. Не дека понатака ќе имаш нешто повеќе време ама нема да бара цице на 15 минути
Ти благодарам на исцрпниот одговор јас ја носев малата првиот пат кај нејзе, точно дека не траеше многу прегледот ја прегледа на маса и направи некои вежбички па направи ехо на колкчиња и на крај даде совет за бејбитол д3, дубак џампер не препорачува и рече со полни 5 месеци може под 45 да се става и следна контрола со полни 6 месеци...воглавно тоа..помислив нешто околу стручноста да не се работи затоа те потпрашав сепак за бебињата сакаме најдобро..фала ти уште еднаш ☺
Закажи кај Антоније, да поскап е ама еден куп пари дадовме за глупости па за ова не мора да се штеди. Синко прв пат го однесовме на 3 недели, тогаш му направи ехо на колкови и на нас ни одржа 40мин предавање Следната недела сме повторно на преглед за редовна контрола
Ај да пишам и тука поактивна е групата Бебе е 2 и пол месеци и пие Хипп комбиотик и плус цица. Дневно во просек пие 700мл АД но пред секое пиење и давам да цица но кратко трае тоа бидејки исцицува и после не ја слушам да голта и почнува да се трга и давсм пак упорно и влече но џабе и пак се трга. Значи повеќе е на АД. Прашањето ми е дали да почнам да и давам помалку вода или чајче? Знам ако е само на мајчино не се дава,но ние повеќе сме на АД? Исто така кога ке почне да цица или од шише кога пие цревата многу и кркорат. Кога спие многу често се буди и ги крева ножињата и се трие по лицето и додека не прдне не се смирува,дури се буди. Давам и пробиотик биогаја но исто е и со нив и без нив не гледам разлика.Дали да сменам друг пробиотик или има некое чајче?
И кога бевме само на доење давав чај плантекс по малко заради грчеви, сега сме со една дохрана пак и давам чај има денови кога не сака да пие а има денови кога си го испива цело шише.ние имавме мака со тоа прдење плачеше многу и сменив во Ваја пробиотик не какаше, пак се вратив на биогаја со тек на време и се смири болното прдење
Матичнава ми рече по една година да појдам , дека со царски да не чепкала. Па си викам да ја послушам...
Ми рекоа цуцла не, барем една недела после пораѓај да помине затоа што се два, начина на цицање од цицка и цуцла. Малиов цица скоро по саат време на пола саат-саат.
Јас дадов втор, трет ден ама имав проблем-после како да не сакаше да цица. Прекинав ,по некој период пак дадов и пак кога кога цицаше беше проблем и пак прекинав Некаде околу 4 месеци пак дадов , сега еве 5 и нешто сме и ок е, знае дека цуцлата му е за занимација и кога треба да цица нема гајле си трга нормално