Одма дадов и јас ама џабе, не ја прифати и воопшто не сака цуцли. Инаку за цицањето така бевме и ние, по цел ден на цицка беше. Време само за брз туш, јадење со брзина на светлината и брзински до вц
Уште во болница му дадоа цуцла. Дури и ми велеа да давам за да вежба. Иста како во болница купив, понекогаш му ја нудев, но слабо сакаше. Сега се гади и ја плука, ниту една не прифаќа. Веќе ни кога се возиме не е опција за смирување, не сака. Последно му купив каучукова, а бе вришти ако му ја доближам, како којзнае што да му нудам и добива нагон за повраќање
И со првото и второто, после неколку дена од раѓање. Синчето беше цицач невиден, така да не му сметаше ни цуцлата ни шишето чајче. Ќере сега за сега супер си цица, цуцла не одбива, ја користиме за смирување после бањање дуе ја облекувам, кога се возиме во кола, или за презаспивање навечер.. али во врска цуцла со доење, кога си е гладна доближиш цице и одма плука цуцла и лапа цице си знае умница таа
Да не ја осеќа на вкус Јак мирис имаат тие каучуковите, сигурно и на вкус се различни.. Синко па само такви ги сакаше како помал и шише и цуцла, дали дека помеки му беа А малата една и купив не ја сакаше уопште
Ако уште сакаш да пробаш а немаш дадено на Мам пробај и со нив. Приступачни на цена и како што читав по форумов доста бебиња лесно ги прифаќале
После неколку дена од раѓање. На Томи типи веднаш ја прифати. Потоа нарачав една custom made анатомска и таа ја прифати. Сега е само со Бибс цуцли. Си ги сака само колку за да го утешат. Страсен цицач е. На зафрканција си викам, синко би ме продал за првото цице на повидок, само му е битно да е најаден.
Мајки да ве прашам, Софи веќе неколку дена има течна столица, ама она ептен течна, ко пролив. А кака еднаш, до два пати на ден. Нормално е толку течна столица да има? Да не ја боли стомачето, да не и е нешто? Ние на доење сме, ама до толкуу течна столица,ко вода, немала
Рота прими на 17ти септември. Значи не е од тоа.. Вчера јадев мрсно повеќе, ајде вчера од тоа да е, ама претходниве денови.. не знам дали да ја носам на педијатар,вака не дава знаци некои дека ја боли нешто. Освен попладне кога ја фаќаат грчеви па плаче, кенкава е.
Па ако сакаш однеси ја, јас го носев за течни столици ама слузави беа, чести по 5-6 пати на ден и траеја доста долго испадна стомачен вирус. Се ставив јас на диета компир, ориз, банана и сл, давав оризова вода и се среди. Ако се сомневаш на нешто направете крвна слика ама веројатно е до твојата исхрана.
Ќе јадам помалку мрсна храна деновиве, да видам како ќе биде, ако не, ќе ја носам. Страв ми е поради вирусов да ја носам. А бевме пред 1 недела на контрола, се беше во ред. Ти благодарам