И на бебе мое му е течна столицата така стално штознам два пати на ден не би требало да е пролив по мое мислење ,ставај и топла пелена малце на меше да не е настината и давај пробиотик редовно.
Дали вашите бебиња се штрекнуваат и плашат во сонот? 2 месеци е и нон стоп се плаши дури не може да спие од тоа, на секои 10мин мавта со рацете и почнува да писка
Албумот книжниот се собира до 2024. Нов е,од 2016 и трае до 2024. А на дигиталниот пишува дека е до 31.12 2020, ама прашав една жена, рече така пишувало и минатата година, па пак може да се собираат сликичките. Нека се премести одговорот во темата за Животинско царство. Се извинувам однапред
Мајки како ги возите и дали ги возите вашите бебиња во автомобил во транспортер, мене ме страв сама да појдам со бебенце инаку за 10дена полниме 2 месеци?
Јас го возев напред до мене свртен накај седиштето и со исклучено воздушно перниче до кај 3 месеци...после почна да се врти да кемка и не сум го возела од тогаш сама секогаш има некој со мене и бебето е назат во транспортер
Ич не сум задоволна и јас од Иванка Воопшто не обрна внимание,прегледот траеше точно вкупно 7мин и ајт Ни било каков совет,ни никакво појаснување
Само напред до мене на совозачко сум го возела иако имам огледало на задно седиште за да го гледам преку ретровизор, но не можам така.
Bebeto mi e 4mes i nekolku dena, devojce, postojano se isprava saka da sedi, znam deka e mnogu rano, place se isprava i nasmeana e, dali da ja potpram na nesto, kako da bide malku ispravena, vo relaksator ne saka, transporter po dva pati vo denot po dvaestina min
Исто и мојата така почна да праве а сме 4 ипол месеци. Пред една недела бевме на ортопед ми кажа да ја ставам во полуседната позиција,а за две недели дека може и да почнам да ја наседнувам.
Истото сакав да го прашам само што моето е 3м и 10 дена.. Кога му давам да пие млеко наеднаш прекинува и станува самиот буквално иди до позиција како за седење. Го туркам назад да легни и со сета сила пак се турка напред и така цело време. На ортопед сме дури за месец дена. А инаку вратот уште не го држи скрос стабилно. Не знам од кај му испадна сега вака да прави, рацете ме болат кога го држам в раце од што се трудам да го вратам во нормална позиција да не е свиткан така
Ортопедот ми рече на 4 месеци на 45 степени само во количка, никако со перници и помагала околу. Вика гледам сега се продаваат и некакви перници за да се седи, бог да чува што нема да измислат. Рече на 60 степени седнување само кога јаде. Од Бебе Хоум
Самата количка се мести на нивоа, а и хранилката што ја зедов се мести на 45, 60 и 90 степени. Не треба да се замарам дали точно степен сум фатила
Ние пред една недела бевме на ортопед, виде дека сама се поткрева, не сака легната да е. Ми рече дека може да ја ставам да седи на 45 степени, по малку. Рече штом покажува интерес , да не ја спречуваме,во смисла да ја враќаме наназад да лежи. 3ипол месеци инаку има
Нема потреба да ја спречувате, треба да си прави тоа што сака и тоа што може да прави. Ниту форсирање ниту спречување. Самото бебе си се зацврстува со секое движење и го усовршува.
Јас мислев дека е рано, пред да одиме на ортопед ,со страв ја ставав така минутка две. Штом потврди тој, ми олесна