Марина ти ги препорача? Мене кога се роди, ми рече на цуцла да му ставам од нив за да ја цуца, но не му давав. Сега кога бев на 5 месеци, ми рече да не му ги давам веќе, но не и' спомнав дека не ги ни земал.
Дали кашичките од хип ги затоплувате пред да јаде? Ние за недела дена ќе почниме по некоја лажичка, па затоа ме интересира дали треба да се стопли и како би стоплила мала количина а не цела кашичка
Да, она ми рече да му давам зашто крвната слика и по еден месец покажува вирус Подобра е ама уште вредностите не се како што треба. Памет немам веќе.
Јас не ги затоплувам. Освен ако е во фрижидер отворена од претходниот ден па нема смисла грч ладна да му ја дадам. Инаку мала количина ќе затоплиш во неговото садче што ти е за топлење вода пример, ќе истуриш колку ти треба. А цела кашичка ја топлам така што ја ставам во сад со врела вода сосе тегличка (најчесто со зеленчукови со месо го правам ова зошто се здрвени и грди ладни)
И ги даваа од прв ден во ремедика и по препорака на Живкович и давам и јас по 6 капки ама во последно време не ми ги сака
Терај тогаш штом ти рекла да му даваш. Сега пред прегледот на моево му направија крвна слика и ЦРП, супер беше резултатот и можеби затоа ми рече да му ги прекинам. Штом му се потсредила, ќе се досреди, не се секирај. Со вакцината што направи?
Ништо, пак ја одложив. За 10 дена ќе правиме нова кс и ќе видиме. Чудно ми е дека со втората крвна слика Марина рече вакцинирај го ама не ја послушав, а сега со оваа што е подобра ми рече да почекам 10 дена и да давам витамини. Матичната рече да го носам на вакцина. Еден месец чекаме, ќе почекаме уште 10 дена. Колку би сакала педијатрите да се усогласени, да не знаеш кого да слушаш.
Пазете со гумените играчки. Пред една недела во весник читав статија.Две годишно детенце од Америка завршило со страшна инфекција на очите од ваквите гумени играчки за во вода.Играјќи си со пена,дошло до контакт со очите и бактериите,па утредента кога се разбудило очите му биле жар црвени и потечени.Видов и слика,ужасно беше. Во лабораторија пронашле преку 100 вида штетни бактерии од мувлата внатре. Затоа и препораките Софи и нејзе сличните да не се топат. А и јас ја миев редовно..
За малата Софи во упатството нели пишува или со крпа или со благ сјај, не пишува воопшто да не се мие со вода. Или воопшто да не се мие?
Јас ко што сватив,само со влажна крпа да се пребрише,да не се става под млаз вода.Нека ме поправи некој ако грешам.
Ја најдов кутијата, не сум ја фрлила. Еве знак да не се потопува под вода, но може да се мие. А други гумени работи немам купувано.
Не мора да ги фрлаш,само ете да се внимава.Илјадници деца се бањаат со нив,не верувам дека е фатално,но убаво е да се знае,да не се користат предолго. Амеркианциве ја истерале до крај работата со испитување,иначе очна инфекција може да не остави во прашалници од каде/како/што.. За глава напиј се Дафалган,односно парацетамол.Мислам смееш на 6 часа по едно.
Јас ја мијам Софи (на неколку дена, инаку ја пребришувам), но со прст го затнувам дупчето да не влезе внатре вода. Така што нема проблем да се мие доколку се внимава.
Со што чистите вц дома? Ние сме во стан, вц-то ни е одма до спална и кога го чистиме мириса цел стан. Чистам со Полирапид и Доместос и треба доста време да се излуфтира. Сега со бебката несакам да мириса толку. Има ли некои средства за оваа намена?
И кај мене е така, претходно чистев само со оцет и сода. Минатата недела истурив доместос и ја затворив вц школката. После 30мин пуштив вода, ја отворив и изрибав, воопшто не мирисаше.
Малата Софи нема дупче па не би влегла вода внатре, јас секој ден ја мијам со топла вода и веднаш ја бришам со чиста крпа, не ми иде никако да и ја дадам да ја глода ако не сум ја измила утрото. Ама искрено се исплашив од оваа слика што ја постира @dunika да знаеме да внимаваме со гумените играчки.