Здраво Како давате или сте давале капки на новороденче? Моментално и даваме д3, капки за грчеви двапти на ден и хипо капки Како да ги распоредам, може ли да се даваат блиску едни со други?
Ајде мајки ми треба помош До колку месеци давате пробиотик на вашите бебиња? Ние сме 4 ипол месеци педијатарот ни кажа немало потреба да давам пробиотик повеќе (тоа ми го кажа пред месец дена,значи тогаш бебе ми беше некаде 3 ипол месеци) а пред некој ден кога примивме вакцина педијатарот што ја прегледа ми кажа дека требало до годинка да прима пробиотик. ......И сега незнам што да правам еден вика вака друг така ме побркаа Секој совет би ми бил добредојден. Инаку и давав Био Гаја.
Јас советувам пробиотик да оди до кај 6-7 месеци. Читав дека примањето на пробиотик од самиот старт на раѓање, го намалува појавувањето на атописки дерматит. Досега каде сум препорачала и ме послушале, немало проблеми. И јас на моето давам од 5от ден кога се вративме дома од болница. Био гаја и јас давам
Јас давав само првите 3 недели откако се роди, бидејќи примаше антибиотици на болница. Повеќе не дадов, некако не мислев дека треба, немаше проблем со меше. 10 месеци е. Педијатарот ми рече на царски родените до година им препорачувале да даваат секој ден.
Исто и мене , едни едно ми кажуваат ,други друго . 4 месеци сме уште давам био гаја и планирам до 7 месеци
@Dance27 јас воопшто немам дадено пробиотик,само Д3 секое утро,6+ месеци е. Фала му на бога никаков проблем до сега немала. Да напоменам дека немало ни индикации да дадам,родена е природно во термин и на доење од сам старт.
За бебиња родени со царски се препорачува до 1 година. Јас давав скоро до година. Доено бебе е син ми ама имаше страшни грчеви. Сем неколку дена ад во болница, на доење е. Во некоја друга тема, @Annath објасни дека пробиотик е добар за имунитет, се препорачува и за поголеми деца. Штета секако нема.
Моето е родено со царски на денот кога влегов во 38г.н. Сепак штом нема штета ќе продолжам уште некој месец да и давам.
Мајки Како ги облакате бебињата? Сакам да го изнесам на воздух 15-20мин 11дена сме денес гледам сончево е. Ама врска немам како да го симнам
Баш од оваа причина сум скептик и за Софи за син ми не ја купив ,а не ја зимам ни за бебка сега ,ние за бањање најдовме одлична замена се бања со играчки за на плажа ,ама ова после година дена кога наполни .
Јас му облекувам хулахопки, боди по долги, тренерки и капа ама моево е 5 и пол скоро и од сабајле е надвор само за спиење е дома.. А ие дека сте мали можиш боди на долги шпикозни капче и да го завиткаш во кебенце не многу дебело од оние потанките
Боди по кратки ,од горе шпихозни по долги ,чорапчиња ,за надвор плус капа јакничка ,дека во количка ја вадам стално ја покривам со кебенце на ноџињата .
Дали бљуцкањето е знак на прејаденост? Сите така ми викаат а на нет пишува друго дека не мора да е од прејаденост. Откога се нацица доби дохрана помина 1ч некаде и многу си ги пикаше рацете во уста и цуцлата ја откорна. Мислам бараше уште. Јас немав повеќе се стискав ама јок, а не сакав сп дохрана да го товам. Можно ли е бљуцкањето да е резултат на цуцлата и тоа пикање на раце во уста?
Леле јас воопшто немам ставено хулахопки или ѕиври, ме замисливте сега...Кога излегуваме му ставам чорапи, чевлички,тренерки/фармерки, боди по куси, блуза и јакна. Покриено во количка, некогаш и капа. Си викав дека не е уште за по хулахопки (ама само ко ќе е убаво времево го изнесувам овој период, другите денови кратко во двор).