Некои транспортери имаат дополнително сунгече за новороденче. Потоа се трга тоа и е под 45 степени транспортерот.
Па не знам, ова мојот дали имал. Значи може да се вози во транспортер бебе до кај 6-7 месеци, а да нема лоши последици? За да разјасниме, да не се уплашат другиве, ко мене што ме плашат со искривување на грпчето.
Јас го возев до 10 месеци единствено во него мирен седеше. Па потоа во седиште. Најспокојно во него беше изегувњето. Се додека глава не излезе вози го мајка. Ноџиња нека висат нема мака. Јас од макси кози имам и душата му е извадена. Сега втора рунда го чека на транспортерот
мене Антоние ми рече дека транспортерот е само за пренос на детето на лекар и сл, (краток престој)и како седиште за у кола... но не за прошетки низ парк или спиење во него. Корпата што е, се подесува на три позиции... на 0, на 45 и на 90.
Ретко го дигам да ждригне затоа што ми заспива додека цица и жал ми е да го разбудам. Правам ли голема грешка?
Моево сега почна да повраќа, мада јас не сум го видела, мојов изгледа го прејадува додека спијам. Ми е страв да не поврати во спиење, да се задави. Исто знае да се искака додека пие млеко и да заспие, не знам што е попаметно, да го разбудам и да му сменам пелена, или да оставам да спие. Шубе ми е искакан да го оставам, да не се разрани.
Аа не го будам, какво будење Јас одвај чекам да заспие, имам уште едно ѕверче, шанса ми е да одговорам и на неговите потреби. На АД сте ? Ако поврати во спиење обично сум до него и навечер и го осеќам, а ако треба да се тргнам од него го вртам на страна малку. Додека е помало така ќе се осеќаш, кога ќе пркне нема да има таква опасност. Во најмала рака ќе се закашла ќе го слушнеш.
Дечково ни е голем и лаком, јас мислам дека немам доволно млеко сеуште, иако надојдува, за да му ги задоволам потребите. Обично АД даваме навечер затоа што не му е доволно тоа што го измолзувам, а јас спијам, маж ми го чува. Плачев, многу плачев и се обвинував затоа што немав доволно млеко да го наранам уште од самиот почеток. Кога и да ми предложеа за АД, се лутев, хормонална и луда. Капак на сѐ беше кога едвај измолзив 10мл, го оставив во шишенцето и заспав и на свекрва ми ѝ се истурила вода во шишето додека го затоплувала млекото. Сѐ отерав у пичку матер!
Колку време помина? Има време ќе ти дојде млеко. Колку има побарувачка толку производство. Навечер ако нема подои може и да не ти лачат тогаш млеко. После 20-21 ден нагло доаѓа млекото. До тогаш нон стоп на града и ако треба ад, ама прво да цица па ад
Десет дена. Сега баш се измолзив, ако го дојам уште еднаш и толку ќе биде до сабајле. АД му даваме и кога треба да одиме на преглед, за да биде мирен и да спие. Се надевам дека ќе надојде.
Се чудев што е тоа Софи кога ве читав како ја одржувате, сега гледам натпревар со Софи жирафата Сите ја знаевте Софи? Што е толку подобра од другите гумени играчки?
Ставај ја почесто на града за да надојде млеко, инаку за ждригнување ноќе ја држам некое време и некогаш ја оставам неждригната, но ми вадеше памет неколку пати и се врати млекцето и низ уста и низ нос. Заради тоа редвно ја оставам на страна да спие ја потпирам позади грбчето со нешто за да не се сврти.
Хахах и јас се прашувам истото? Софи според мене е само фенси, несакам да ме разберете погрешно сите што сте ја имате
Изработена е од природна гума. Ако ги сака другите глодалки немаш потреба од Софи. Моето ја сака, најубаво се чеша со неа.
Јас би земала без цевче , тој систем со тркалце вртелешката и цевчето имам осет дека никогаш не се исчистени убаво . Плус цело време ми тече од страните низ дупчињата , а убаво го затварам... Исто беше и кај мој бебуш , користевме rilastil atopic крема и за 1 недела ни помина околу 1000 ден е ама голема е
Бебето ми е три месеци во спална кај што спие преку ден е 23-24 степени ,но навечер се спушта до 20 и рацете,образите и носот и се ептен ладни, а баш приметив нокеска дека и на вратот и беше малку ладно. Кога станувам пуштам гралка ама не можам да ја оставам цела ноќ. Ја облакам по боди на презрамки,боди на долги,чорапи и панталончиња и ја покривам со кебенце. Страв ми е да не и е ладно не знам се мислам вреќа да и земам ама не знам каква,една најдов подебела дали ке ми врши работа или потенка да барам. Некој совет