Ние повторно зедовме брис од оково кое солзи, излезе дека и а бактерија Enterobacter aerogenes. Дали имате некое искуство? Утре сме на др...
Добро е што ја фатиле, браво! Јас двапати го носев, негативни беа, а очигледно е дека има Пиши што ќе ти дадат.
Важи Првиот пат излезе негативен ама тој ден баш и како да немаше многу секрет. Овој пат и кога го носев имаше секрет и по пат уште му се појави така да ете покажа. Јас си велев дали е од носното каналче, ама пак овој секрет што излегува е баш обоен измеѓу жолто-зелено па чудно ми беше. На фб групана соба за доење и АД баш имам читано доста примери со тоа носното каналче, и гледам дека и до повеќе месеци уште не им е поминато на бебињава. Па ќе видиме како ќе биде...
Дали ги оставате да спијат на стомак? Синко вчера за прв пат се заврте сам и остана така да спие до сабајле, воопшто не се разбуди. Сега еве го дојам во лежечка позиција и пробува да се сврти на стомак. Се тргнав, се сврте и сакаше така да цица Се наместивме некако, он свртен на стомак и цицаше. После некое време се изнервира па го вратив назад на грб. Па пак се буташе за да се преврти на стомак. Не ми е јасен, ем сака на стомак, ем да цица
Заборавив да пишам вака ми рекоа на 45 степени може во количка и хранилка, од 5 месеци на 80 степени а од 6 веке на 90 степени
Мајки пробиотик пробиотик биогаја од кога се дава од 8ми ден? Земав но 5 дена сме незнам дали да му давам, и д3+к1 и што друго се даваше после 8ми ден ако е на доење само?
Пробиотик од прв ден може, а д3+к1 од 8 дена до крај на 3 месеци. Се препорачува и DHA Omega заедно со нив.
Нас не пратија на офтамолог @0ли . Мм беше кај докторкава, па рекла штом тобрекс капките и маст хлорамфеникол не помогнале, да побараме стручно мислење. Можно било и носното каналче да е плус, ама и за бактеријава па ќе видиме. Утре сме таму...
Мојава докторка тврди дека е до носот бидејќи многу тесно носе има меѓу очите (не знам како да објаснам) и дека треба да почекам да потпорасне за да се среди. Ме потсмири, но не сум мирна, ќе морам да барам друго мислење. Страшно се нервирам иако има периоди кога му се смирува и не е улепен.
Јас сега повеќе за бактеријата сум загрижена, но еве ништо не ни даде. Баш утре ќе видам што ќе кажат.
Колку дена да не давам шише..мојава можела и без храна..цел ден вчера вришти кога ја ставам на града...во полусон само цица...и толку беше 2 пати 4 ипол мес е ..незнам што да прабам бебе не попушта
На прегледот кај ортопед ни рекоа да и ставаме памперси во вид на гакички (место широк повој). 2 месеци е и тежи 4.300. Во аптекиве само sleepy 3 најдов. Какви други памперси во вид на гакички има за таа тежина?
Тоа се гаќички за широк повој се перат во машина памучни се. Имав ставено и слика некаде. Еве линк. Јас ги земав од аптеката во Ремедика ама мислам дека и во Виола ги има.
Сите сме го поминале тој период, знам колку ти е напорно и си во искушение да даваш шише и ад. Издржи, кратко трае преку ноќ ќе се смени. Форсирај доење ноќе и преку ден кога е пред заспивање. Мојот качи малку на килажа тој месец заради таа недела што нејќеше да цица ама поминува.
И ние имаме проблем со залепени очи и зелено-жолтеникав секрет и тоа од раѓање. Кога беше 5 недели бевме во болница поради друго но и го забележаа тоа и и' ставаа капки во очите, испадна дека имало инфекција мала. Кога не отпуштија кажаа дека се средило тоа, но еве до ден денес пак го има. На последниот преглед, пред неполн месец ја прашав докторката педијатар и таа ми рече дека не било ништо и дека ќе помине само од себе. Не ми даде ништо туку ми кажа само да ги чистам очите. Секој ден ги чистам и мијам по неколку пати и цело време се појавува пак, а веќе сме четири месеци. Мајка ми ми запнала да сум ги намолзила со мајчино млеко. Не знам што да правам, дали да се јавам на лекар специјално за тоа. Веќе почнува да ме фрустрира и загрижува проблемов.
Така правам пред заспивање дојам и ноќе Фала ти вака добивам надеж ..ќе го чекам денот Сестра ми и мајка ми ме тешат да почнам со вкусови..не ми се брза