Колку ми е пораснат синко не ми се верува, овој петти скок чудо е. Мини човече. Преку ноќ се претвори од бебенце во свесно мало човече. Разгледува на сите страни, забележува ситници, нови гримаси и смеење има. А рачето не го спушта 3 дена, само покажува кон нешто, па одиме до таму да допре, секој предмет во собата го интересира. Му зборувам, ме гледа и си мислиш ме разбира. Ми возвраќа со некои самогласки, слогови некои, се смее на цел глас. Се смееше и порано ама ако се глупирам. Сега се смее на тоа што му кажувам. Љубов најголема се децата, животот ми го смени. Цел ден ги гледам сликите и видеата кога беше 2-3 недели и плачам, бумбар сум во очите. За да биде се поубаво, мм ми пишува пред малку да му ги пратам видеата од бебенце, немал веќе што да гледа, сите ги изгледал од сабајле. Се топам
Јас добив на подарок два пара од Мала Пажња. Не знам која цена се, ама се супер пошто има многу места каде да се закопчаат и да одговараат и на помало и на поголемо бебенце. Тие во Ремедика што ми ги покажаа (денес бевме на контрола) се со лепенка - како Јана што прати. Конкретно за моето бебе ми рекоа да сошијам уште една лепенка пошто малце големи му се. А со овие со копчиња што ги имам си подесувам каде сакам.. Иако мислев да не ставам класичен широк повој, можеби ќе ги ставам овие.. уште не сум одлучила
Исто прави и моето. Само ноќе заспан цица ко што треба. Денски е вистинска борба и пиштење... ептен ми е жалче, но скок е ќе помине...повлекува еднаш па се зафрла наназад, разгледува наоколу, негодува, ме турка со рацете, кенка... Некогаш го носам низ соба па знае така да се занесе и да цица подолго, некогаш ни тоа не помага Шише нема да добие, само нудам на 2 часа максимум цицање. Ќе пројде ова, многу мајки потклекнуваат на кризава и ги одбиваат порано дечињата
Како бре, кој педијатар е тоа, како може инфекција сама од себе да помине? И синко имаше закачено од болница, кога дојдовме дома му се одрази, но беше сосема малку жолт секрет и му се правеа гурелки, зелено не ми личи на нормално. Нас ни дадоа капки Цитерал од 3мг. и со редовна употреба проблемот се реши брзо. Можеш и со чај од камилица да му ги миеш, а и мајчиното млеко не штети, но сепак не лечат инфекција. Консултирај се со некој друг педијатар, за очи се работи.
Ние денес бевме на очно. Ни препиша цитерал капки (после нив едни други да ставам за промивка само) и да правам масажи редовно, по 3 пати на ден со 4/5 пати стегање со прстот покрај око и надолу кон носето (за солзите да оделе надолу). Поради затнатото каналче што солзи се собирала и бактерија. Нас не ни е многу затворено окцето, повеќе одев поради бактеријата. Ако ова не помогнело, значи еве да почекаме, па потоа ќе требало таму да му го одзатнат (со игла се шприцнувало некако) ама др вика не е ништо страшно, ќе почекаме само да помини.
Бебе ми зајдува веќе 3 дена од шлајмови, ја обрнувам за да полесно извади но глас губи без памет останувам. И реков на живкович ми рече од многу што се лигави така е и не е ништо страшно. Незнам како да и помогнам страв имам од тоа зајдување
Исто, значи бебињава 4 месечни сите ко под терк исто ни се дешава Од многу лигавење е и кај нас, и кога бљуцка вади како шлајм, не знам дали кога ќе излезе запче престанува ова екстремно лигавење, нека кажат поискусните
Девојки, препорачајте ми дерматолог што итно ќе ме прими во оваа ситуација.. преку ноќ ми порасна една бенка и цела како да е полна со крв.. се преплашив.. баш меѓу градите ми е, страв ми е бебето да не ја закачи и откорне при цицање.. или па јас да си направам проблем.. Секако цела сум бенкава и во бременост ми пораснаа и излегоа нови, ама нели нормално е тоа.. ама вакво нешто немам видено Ѕвонев кај Горица 3 пати, ама никој не крева
Мајки дали некоја се соочила со вакво нешто?И ако да да ми каже искуство? Ја носев на лекар ми кажаа дека за ова терапија немало и дека би требало само од себе да се повлече. Од раѓање го немаше,се појави некаде околу 2 ипол - 3 месеци кога имаше.
Најпрво се консултирав со педијатарот,па по негов совет бев на очен лекар во нашиот град,па и во Систина кај Др Арнаудовски ја носевме.Сите исто рекоа да го следиме да не почне да расте повеќе и дека со тек на времето ќе се повлекло.Место не ме фаќа страв ми е дека и е на окцето за да не почне да и смета на видот,да беше на друго место може ќе бев помирна. Сега дека корона не ми се шета на детската клиника но да се смири ситуацијата ќе ја носам и таму ако дотогаш не почне да се повлекува.
Хемангиом е ? Ако е тоа моето дете има на газето, му се појави како точка па му се рашири околу 2 цм. Прекина да расте и сега му е малку избледено. 2 ипол години има. На контрола на детска клиника го носевме. Знам ехо им прават таму на бебињата ама за него рекоа нема потреба, се гледало дека е површно. Ехо прават да видат да не расте навнатре. На незгодно место му е, може не те праќаат ради коронава во државна. Ако сакаш види приватно закажи да си бидеш мирна.