@0ли Полна кеса со ствари имаше, на Мустела и Бекутан тестери, прашок, омекшивач, апчињава, торбичка, несесер, влошки за гради... Ова за да ве инспирира и до второ да се пораѓате таму, па до тогаш уште некој апгрејд ќе направат
Јас бев кај Анчевски, д-р Тања. И не се грижи, јас се извадив од памет, ама излезе дека не е ништо страшно
Тебе изгледа те бендисале. Јас и ти тука негде се породивме. Влошки за гради, несесер, торбичка, апчиња не добив Ми дадоа бекутан тестер пелена и креми во бекутан ранче, мустела тестер, прашок омекшивач, халки боди и синомарин 2 шишенца капки за нос
Терминот ми беше на 28.08 а се породив на 19.08. Бебе е 2 месеци и 5 дена. Од понеделникот не сака да пие млеко. На градата спие и ја тегне а АД едвај пие по 60 (а треба да пие по 150). Да не е скок?
И мене ми дадоа исто како што пиша @Izzy_0504 а боди и капки за нос немаше кај мене. Сигурно нешто комбинираат ќ, зависи од моментот.
Јас имав лигавче биогаја и ракавици, а цимерката имаше поголем пакет бекутан во ист ден породени во Ремедика
@Milkiway И јас немав боди и капки.. ни лигавче и ракавици како Чучанов. Мислам декс прават различни пакети па рандом го делат. Мене кога ми донесоа, имаше уште неколку спремни да ги поделат, и така од купче земаа едно и ми дадоа, скроз рандом
Ни кај мене немаше боди и синомарин имаше покрај наведеното од хипп лигавче и лажичка со тестери внатре од кремче што ке им се фати Али првиот пат кога се порајѓав ептен штуро беше. Мустела и бекутан само
@Chuchanov тоа на ништо не личи на едната едно на другата друго а заедно е во соба. Ние со цимерката заедно си ги разгледувавме и си коментиравме @Izzy_0504 точно дека ги зимаат рандом, кај мене на пример имаме лигавче за машко а јас породена со женско @Happyinlove јас баш се изненадив кога ни дадоа ќесе со производи дека читав тука на форумов дека не било како порано шо давале па не ни очекував Па добро ми дојде
Мене ми дадоа: лигавче Биогаја, тестери Мустела, Бекутан ранче со тестери, две пелени и мало пакување влажни, две влошки за гради и ланолин тестер Медела, прашок.
Кај нас 3 скок беше мн нервооозен, само враце и пиштеше.. Не ме оставаше да мрднам 5 мин.. Не смеев да го легнам се враце.. Друго така специјално не се случуваше
Zdravo bebe e dve nedeli na doenje sme ama mnogu sme lakomi pa mozi i ednas do dva pati i ad aptamil i imame tecna stolica celi vreme kako cica i kaka duri gazenceto i e vcrveneto iskustvo nekoja da mi kaze
Женски ај хелп малце.Тие што користите колиеф капки и што сте само на доење како ги давате?Јас не се измолзувам а читам во упатството дека треба на 15мл млеко по 4 капки да се дадат со лажичка потоа да се продолжи со доење.Сега пробав измолзив 10мл и ставив 3 капки во млекото ама малата ми заспа.Дали ако го ставам во фрижидер измолзеното со капките можам да го дадам наредно доење?
Јас сум исто тазе ама вака правам, во лажиче стискам млекце 4 капки и во уста после го дојам. Ама нека кажат и поискусните
Мислам дека е нормално столицата да е потечна кај бебиња уште поубаво што како да не го мачи мешето, еве според сликава каква треба https://www.breastfeedingmaterials.com/view-breastfed-baby-stool
Од сабајлето оваа и е трета дремка ја оставам на кревет се завртува на стомак да спие неможам ништо да фатам по дома. Пробав да ја завртам на грб кога викна да плаче
Зошто ја вртиш? Ако сама си се врти на меше остави ја ќе се наспие. Само повремено гледај ја мада ништо нема да се случи. Мојот преку ден се врти на меше ако го боли, па така изгледа му е убаво, а ноќе најчесто е на меше.
Не и давај ад ако имаш доволно млеко, може од тоа е потечна столицата. Кај новороденчињата е течна секако само не треба ептен како вода да е. Давај и колку сака нека цица, сите се такви лакоми на почеток. Газето да не и е црвено од пелените? Пробај смени ги купи некое мало пакување од друга фирма и ќе видиш дали ќе се среди, во меѓувреме бриши ја со млака вода и мачкај нешто со цинк.