Јас не го мачкам зашто еднаш кога го намачкав 6 црнки му се појавија на десното обравче, се изедов. Супер му е кожата вака.
И јас ме го мачкам со ништо.. Се капиме со corine de farme..и ставам бебешка talk пудра течна на frezyderm на врат и под пазуви и то е то.. Никаккви други кремови нигелови ни лосиони
Ми беше страв најискрено, па ја оставив штом така сака јас цел живот на стомак спијам поубаво ми е само во бременост и сега не
И јас сум иста цел живот на стомак и во бременост тоа најмногу ми фалеше. Кога се породив првите 2-3 недели ми беше шубе ради раната ама брзо почнав пак на стомак. Маж ми вика овој на тебе е цел само на меше се врти. Се плашев и јас на почеток ама сфатив дека така му е убаво и го оставам. Купив камера, па го следам што прави додека спие.
Мајки бебе ми настина ,му тече носето ,прскам спрејче исомар за бебиња ама некако мака мачам дури прснам некогаш прска некогаш не,што спрејче користите вие ?
Од што би можело бебе да има пролив? до вчера какаше со плачки. Денеска двапати какаше без плачки меѓутоа течна столица. Утре правиме еден месец.
Имам такви две дома од болница што ни ги дадоа ,по колку капки и колку пати на ден ставаш ? И колку време се користи отворена ампула ?
Една отворена ампула се користи 24часа. Кога му течеше носот му ставав повеќе капки, повеќе пати ма ден- обично ставав кога мењав пелена. Го трошев тоа скоро цело за еден ден. Двајца педијатри ми имаат кажано дека може слободно да се става бидејќи е солен раствор.
Кај бебе течна столица е проблем само ако е премногу честа. Моето е 4 месеци и каката цело време е течна со бели грутки, кака еднаш на ден.
Ако се искакало 2 пати не е пролив само имало потечна столица. Си јадела нешто такво веројатно, ќе помине. Ако во краток период се искака повеќе пати и е стварно течно тогаш е пролив и јави се на доктор да те советува.
Како изгледаат тие? Јас дома имам од тие во пластично што се мислам знаеш од аптека ги земам.. И тие ли се 24 сата? Јас не сум знаела тоа
Јас ја мачкам кога и е сувичка или ако многу бљуцкала, после миење. Земав Веледа за лиценце и сум задоволна, ама и со лосионите за тело може ваљда.
@lavinija28 Лице не му мачкам, убава му е кожата и нема потреба. Планирам само за надвор ако има ветар и ако е студено да го мачкам малку со кремот од Веледа.
Не се губат 2 месеци ги имаше. Маж ми 15 пати ми повтори немој да му ги стискаш и еден ден после бањање мека му беше кожата и пробав едно, многу лесно искочи, па ги средив сите Сега нема ништо. Знам Не ме карајте ама не можев да му ги гледам и веќе не мачкам ништо.
Јас го мачкам со веледа од невен откако е роден. Мислам дека не е од кремата. Откако е роден го мачкам со веледа, а црнки му се појавија пред месец два. Имаше 3 и ги стиснав. Не можев да го гледам, бел како памук, а на еден образ една црнка, на друг две. Маж ми вели да не сум чепкала да не останело дупче. Сега нема ништо.
@prinstongirl2 еве ги. Мене во аптека ми кажаа дека чим се отвори за 24часа треба да се фрли. Инаку сакав да прашам, имам ланолин на медела, го отворив во бочница и само таму го користев. Немам проблеми со братавиците фала му на Бога Е сега дали може на лицето мое да ја ставам кремава или некако другачие да ја искористам? Скапа беше не сакам туку така во канта да ја фрлам