Ланолинот си го искористив за раце, лакти, петици Инаку и моево имаше по некоја црнка на почетокот и не ги допирав, сами поминуваа. Шубе ми е да стискам на мене, па така издржував да не му ги стискам и нему.
Мајки од колку месеци почна вашите бебина сами да си ја подигнуват главата барем малку или со ваша помош како пример го фаќаш за рачина и тој се труди да ја подигне?
На последната контрола кога бебе имаше 3 недели и 2 дена ми кажаа да правам вакви вежби како што кажуваш - да го кревам за рачињата до кај 45 степени за да си ги вежба мускулитени да пробува да ја држи главата колку може - ова е за предните вратни мускули. Исто така правиме вежби и за задните мускули на вратот - го ставам на меше со рачињата под лице, да почне да ја крева. Во оваа вторава не сме толку успешни - ги витка нозете, го крева газето, а главата си ја врти на страна и си легнува
Мене не ми кажаа ништо такво на контрола баш 3 недели имаше кога бевме. Сега сум пак за неколку дена да видам шѕо ќе кажат. Го носиш во ремедика? Кај кого?
Ние сме 2 и пол месеци кога ќе го кренам главчето си го држи исправено се супер, на меше кога е исто си го држи пред него ставам играчки и по нив се лажи, сам се врти од на грпче на меше во спиењето.. Е само кога ќе му подадам рачина за да стани барем малку главата не ја подига воопшто, незнам дали е мало уште за ова и затоа прашав
Мало е. Моето за 10 дена ќе прави 6 месеци дури сега сам ја крева главата. Му ги подавам рацете, се фаќа и се крева скроз.
Мало е за само да ја подига главата кога го креваш..моево на 5 некаде почна сам да ја држи така кога го кревам за рачиња пред тоа наназат му висеше
Исто и на ова на назат му виси Лее добро е ме утешивте малку јас се исплашив и закажав брзо преглед на ортопед за утре.. Абе тешко мене
Ортопедот на преглед ако ви каже да го подигате, тогаш. Само на меше ставајте го, ќе си извежба самото. Ќе крева и главче, и ќе се исправа, и ќе седнува кога тоа ќе биде спремно, без гајле.
Може зависи и колкаво е бебето - мојов дечко е голем, па може затоа малку порано ни кажала, не знам.. Мислиш и на ова подигање јас што го кажав? Да не го подигам?
Ретко кој педијатар кажува вакви вежби, плус твоето е мало. Мене првпат ми рекоа на вакцина на 2 месеци кога го носев дека стомачните мускули му биле слаби и да го кревам. Не послушав зашто не гледам зошто треба да му ги вежбам стомачните мускули на мало бебе. После ми рече и друг педијатар, па почнав по еднаш на ден и за брзо почна да се врти од грб на стомак.
Ама не се вежбите за стомачните туку за мускулите на вратот - да ја држи и поткрева главата. Сега баш ме замисливте..
Добро да, ги вежба и вратните, но и стомачните. Мислам дека вакви вежби не би требало да се прават на толку мало бебе зашто главчето му е нестабилно. Има време, нека почне барем малку да ја држи главата. Ова е само мое мислење, нормално слушајте си ги докторите. Сега ми текна дека читав за тоа, пишуваше додека главата е нестабилна да се држи позади за рамениците/грбот и да се придржува за главата и така да го креваш. За рацете се крева кога ќе порасне малку.
Секој педијатар кај што сме биле за толку мало бебе препорачува само на меше. Така најубаво сѐ зацврстува
@Izzy_0504 Да, на тоа мислам. Ѓорѓевиќ од Ремедика и педијатарот кај вакцините ми рекоа да го кревам така, но не правев ништо. Кога бев кај Антоније, ги правеше тие вежби и ми рече ти ова дома ништо нема да правиш, овие се за ние докторите да провериме, само на стомак да го ставам и ништо друго. Ниту еднаш не сум го подигала, а рано се сврте на меше сам. Сум забележала дека педијатрите некако форсираат некои работи. На пример, во Ремедика ми рекоа кенгур да си земам, вежби кај нозете да правам, ете да го кревам, широк повој, а во исто време ортопед ми вели ништо од тоа. Јас оставам сам да вежба и ништо не сум правела бидејќи како машинчиња се и сами вежбаат. Кога доволно добро ќе извежбаат едно, ќе се префрлат на друго. Нема да останат со некренато главче, без да се вртат на меше и сл.
Да, за широк повој и јас не ставам бидејќи ортопед ми кажа дека не препорачува. Но ова ми го кажа телефонски, а прв пат ќе одиме на 2 месеци на контрола, пред тоа не ни има термин. За на меше па ми кажаа да не го ставам сега. Колку за едниве вежби (по 10-15 секунди неколку пати на ден). Ама не повеќе од тоа. А за ширење на колковите - ортопед ти кажа и тие вежби да не ги правиш? Добро што пишав тука, нема да ги правам и да го форсирам, да не направам проблем. Фала на советите
@ Сите деца серазлични и не гледај од други.. Моето главата почна д си ја држи дури на 3 месеци .. А д ја крева исто од тогаш 3 месец се направи