Од скокот е, ти си знаеш ама ја би ти рекла почекај малку и ќе се смири, ќе се врати во нормала (за кратко, па ќе дојде петти скок ). Јас од грчевите, па четврти, па петти скок окапа кај мене во раце и да помине короната ќе одам на физикална. Сега е се интересно околу него и само подава рачиња да пипка. Го носам во раце низ цел стан и секаде кај што ќе пружи рака морам да го однесам, ако не не можам да го смирам од плачење. Сакам да кажам да не го учиш во марама или раце ако не е научен веќе зашто од тежината негова ќе си ја за*беш кичмата.
За вртење на меше синко се вртеше од 2ипол 3 месеци само инцидентно и не знаеше сам да си го извади рачето. Само што наполни 4 почна за секунда да се врти, без проблем. Ниту еднаш не сум го форсирала ниту пак да му ги фатам нозете и да ги вртам на страна. Оставив сам, кога ќе се осети подготвен. На меше почна да сака откако си ја држеше сам главата, пред да наполни 3 месеци. Претходно го ставав понекогаш но само лежеше така и за 2 3 минути почнуваше да се противи. Така што не нешто претерано бил на меше да јакне мускули. Во однос на фаќање за раце и поткревање до седечка позиција, не сум правела, некако ептен имам страв од нишање главче лево/десно. Откако почна сам да се поткрева, му подадов раце да се држи и сам да се крене нанапред без влечење. Тоа пред да наполни 4 месеци отприлика. Инаку само лежи досега не сум го ставила полуседнат под 45степени
Да, ортопедот таму му ги ширеше кога го прегледуваше и рече да не го правам тоа, а прилично рано го однесов на прв преглед, мислам дека ни месец немаше. Вели види како си се раширени ноџињата и како сам мрда, сè што треба бебињата сами си прават за развојот.
И мене на контролата во 3та недела ми ги кажа двете вежби за вратчето а да си продолжам со оваа за ноџињата. Исто и да ставам широк повој и јас си помислив нели е рано за тоа уште не сме биле на ортопед. Зошто одма на родени бебиња широк повој? И викате нема да им ставате И јас ќе почекам да слушнам мислење од ортопед
Исто, исто потполно, да може мислам дека двете тупаничиња в уста ќе ги пикне само менуваме блузички и лигавчиња Пред некој ден дури и додека цицаше си мушна едно прсте да шмука И кога држи глодалка в рака пак рачето си го цица и утоп се прави... И да, и нас ни велат дека е нормално, дека им е дел од развојот, дека така се истражуваат себе си, а после и се што ќе им дојде до рака со ставање в уста
Досадна ќе сум што го повторувам ова, но ако Ортопедот за перница рече да се користи кога детето ќе те праша зошто ти имаш перница, а тоа нема. Тогаш е време да му се даде.
Излеговме од скокот страшна е, моето млеко и доаѓа како предјадење . Си бара бебе да јади, денес испи 5 шишиња ад по 90 мл мислам ќе пукни уште малко, втор ден и давам тиква лакомо јадеше пола тегличка од малите изеде и веднаш се заврти да цица,ако не и дадам плаче на цел глас.
Уште две недели и завршуваме со четврти скок. Се надевам дека ќе можам и јас да се пофалам дека почнал да јади... Денес одвај пие по 80мл на оброк и тоа со лажење и молење
Мамички, кога да очекувам бебуш да ја добие конечната боја на очи? И да почне да нѐ перцепира со поглед и да нѐ гледа
Ние бевме само на доење со многу ретко една дохрана и давав, во скокот ме пукна цицаше на 45 мин . Ќе почне да јади за некое време без гајле. Почнавте со вкусови?
Уште не. За некој ден ќе е 4 месеци па ако нема качено на килажа доволно сигурно педијатарот ќе ни рече да почниме
Мојата има доволно, од тоа ад давање вчера неможев цела вечер да спијам со пумпата бев, денес само еднаш ќе и дадам оти ќе пукнам.
Цица и почнува да плаче дури и зајдува и не сака да фати повторно, пробав да ја смирам со чај не сака еве од сабајле само плаче