Моето уште нема два месеци па рацете во уста ги става и јас се нервирам многу.Сега во петок ќе прашам педијатар за ова
Зошто се нервираш? Нормално е тоа, сите бебиња ставаат раце во уста, па ќе ставаат сè што ќе дофатат, па нозете... Нормална фаза е тоа, ништо не прави погрешно, остави го, не му ги тргај рачињата.
20 мин молзев едвај 20 мл извадив, сношти извадив 30 мл.сега не и дадов ад после неколку минути плачење се смири ја извадив надвор ма воздух. Често Цица од мене на саат време и кога давам ад пак после саат ипол максимум бара да цица
Дали е во ред крвнава слика 2 месеци и 11 дена сме ,треба вакцина да примиме во 11 часот ... хемоглобинов под граница е ....
Не е под граница мајка, ова е за возрасни табела. Супер му е хемоглобинот. Ако си во Ск, во авицена за 200 денари прават крвна слика со граници прилагодени за возраста.
Па не знам и јас зошто се нервирам.По дома кога ќе ја видат така некако ми реагираат демек гладна да не е а знам дека не е,само што цицала,после рано и било раце во уста да става и такви сезнајски муабети
Хахаха да да, они све заборавиле па ќе паметуваат. Од 2 месеци раце од уста не извади, па баба му сезнајката викаше овој е напреден заб вади. И така до 8 месеци кога стварно извади заб. Не слушај никого, за паметување сите ги бива, нешто корисно да ти кажат тешка работа
Ако си измолзила толку малку незначи дека немаш млеко да знаеш ,и со првото и со второво на екслузивно доење се одлично напредуваат ,а никогаш не сум успеала да измолзам повеќе од 50мл од двете гради заедно имам и квалитетна пумпа на медела .Можеби бебе не ти е гладно може и растат забчиња или е во скок па ја само сака близината на мајката .
Без упат е ова, од кога е роден таму си правиме крвна слика, во аеродром. Не примаат со упати таму сега со коронава, а и 200 денари реално не се некоја сума. Празно е секогаш, боцкаат со такви малецки за бебиња, не ни плаче. Кога одев во Тафталиџе трудна, хаос беше таму. Овде е супер, лабаво
И јас одам во Авицена во Аеродром и сум задоволна. Моево бебе воопшто не плачеше кога го боцнаа. @Chuchanov другарке, фаза им е со плачењево, не се гладни. Еве го мојот значи само во раце сака. Цело време е нервозен, не сака да спие, цица па трга глава и плаче. Остави го во релаксатор плаче, на подлога плаче. Ама во раце и да го шетам низ стан ќути ко пајче. Дури и во раце ако е, ако стојам во место пак кенка. Се надевам дека е фаза. Јас не ни помислив дека немам млеко. Зошто ако е гладен вришти без престан, не го смирува тогаш ни шетање ни ништо.
Аии исти случај колку месеци сте? Јас не знам што му е само на цицка да е и ако цица цица ако ме само таму да е порано бафем во раце сега не сака ни шетање не знам овие два дена хаос ни е.
Во четврток ќе биде 20 недели На 11 ноември ќе полни 5 месеци Мислам дека твоето е помало, колку што се сеќавам од труднички
Ви икаат ли често бебињата? Моево по 2 пати во ден знае да се заика и ќе го ставам да цицне ќе прекине.. Нормално е толку?
Моево нон стоп ика дури и на пресоблакање само што ќе му ги оставам секунда голи ноџињата почнува да ика така да нормално е
Да нормално е и синко ика често некогаш кога го преслекувам, а често кога ќе јаде послем тоа ќе се заика од прејаденос ми рече педијатар ништо страшно
Не и' е доволно. Мојов е две недели, на цицка преку ден, навечер секнувам и имам помалку млеко, мава ад по 100мл од оброк. Мислев да не е многу, на лекар ми рекоа давај, нека јаде, само да е задоволен. Минтата недела малку имаше качено, оваа си качи килажа, откако им го послушавме советот.