Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Што убаво Ноелле, за мерак да чита човек.
    Ова мојот звер, сите викаат до 40дена се навикнува, ова она, а она после 40дена ни го кажа вицот. Така се има изитрено, не има квалитетно истренирано. Порано во количка мирно си седеше си уживаше, а вчера одиме во маркет да шетаме, кога вресна, абе не се смирува. Ја зема татко и во раце, мирна седи, разгледува.Многу лоша станала.
    Денес ми плаче, ама ја оставив да се исплаче или на перница ќе седи сама на кревет, или во количка. Виде невиде после плачење , се смири во количка.
    Знам дека сум лоша, и многу ми е криво, ама сами сме си криви и морам пак да ја научам да седи мирна во количка. Нема веќе во раце, што сака нека биде.
    Ептен сакам да ја гушкам, ама ова дете не знае за доста.
     
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А во марама не седи мирна?
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Во марама сака, но денес не сум ја ставила. Инаку во неа одма заспива.
    Криво ми е што е вака разгалена, и сака да е во раце. Мора да ја одвикнам , барем малку.
     
  4. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Сосема те разбирам, си мислиш ќе се разгали, да не се учи само на раце, сите сме го поминале тоа... Не си лоша, строга си ;) Ќерка ми бее плачка невидена и на раце и легната, не е важно како она вришти, а синко на раце ќути, легни го плаче и му се заканувам, направи 3 месеци, па ќе видиш :P Се смеам сама себе, а и тој се кикоти како да разбира, смешко е невиден
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    E мојата барем да се смееше, да ме придобие со нешто, а не само се мршти и вришти :rofl:
    Не чекам три месеца, ма ни три часа веќе. Денес добро поминав, ќе видиме до вечер како ќе е. Утре татко и дома, не е на работа, има забрани да давам за држење во раце :tmi:
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу, моево кога почна повеќе да разбира точно на месец и некој ден, одма си проба со мрштење в раца да се зема, па до мене да заспие. Ама само 2 дена дозволив дека меше го болеше, ама па го боли кемка се мршти ама глас не пушта бре. Глас вадиме само кога со чика Аспиратор имаме средба ама и тоа немо гласче е.Имам чувство дека тек кога ќе пркне душа ќе ниваде за сега што е бубалче. И само 2 дена мама беше добра, после кемкал или не музика му пуштам или глас од тв да слуша само нешто, неговото омилено играче до него да му се гледа, цуцето в уста и мирна работа. Некогаш па ме фаќа мака оти не го држам доволно, само за јадење и малку да подждригне или ако гасови има,ама па подобро така од колку да не можам во тоалет да отидам и онака сум сама дома повеќето од времето, па сакала не сакала морам. И подобро така Меу.Само биди истрајна. За недела дена 2 месеци ќе имаме и гледам малиов си наголемува со спиење саативе, ама зеза од 20 часот натака до кај 12 или 1 ноќе, послем си спие до 5 без проблем. Е сега мислам да почнам по малку да го одвикнувам од ноќен подој. Или па да не е многу рано? А со млекото како би влијаело на него? Се плашам да не се намали. Искуства некој?
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Офф ма МеУ.....мојана не е држана ни по 10мин во денот во раце, ниту бараше, ниту плачеше, јас пресреќна дека такво мирно бебе имам. Ама да ми се вратат сега месеците, а бе ОД РАЦЕ нема да ја испуштам!
    Значи, проблемот не е што ти ја држиш во раце, проблемот ќе постои се` додека тоа прцулче не разграничи дека има време за гушкање, време за самостојно занимавање и време за спиење.
    Ти можеш да си ја држиш слободно, ама и да ја оставаш во релаксатор (на пример) и да ја учиш, полека полека, да ужива во него и играчките. Утре, наместо релаксаторот, ќе е подот, па после кутијата со играчките, па сликовниците итн нели, битно да знае дека си има време и ограничување за се`.

    Лишувањето од гушкање не значи дека бебето ќе се научи на ред...уживај во моментиве, ах како ќе ги бараш кога ќе ти трча под маса/над маса/по кревет и нема да дозволува никој да ја сопри и земи во раце...
    И да, и моево не се смееше ни за лек, па еве сега само насмеано е :) Таква си е од раѓање, немо набљудува додека не се осигура и опушти, после смешка невидена станува :sun:
     
    На kravce, NoellePage, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    мами имам пумпичка од baby nova ама некако како да не сака да ги вади мрсулчињата на Христијан ми рекоа прво да стиснам на гумичкаѕа па после пополека да попуштрам ако знаете некоја подобра кажете ке ја купам
    :) http://i.ebayimg.com/t/Baby-Nova-Na...Aw/$(KGrHqF,!lcFBK0Jot!jBQ,EopYFv!~~60_35.JPG
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.138
    Пол:
    Женски
    Аспиратор ти е подобра опција од пумпичка, со неа ништо не се вади, а со аспираторот поубаво и полесно се чисти носето, бидејќи ти ја дозираш силата со која ќе влечеш. Аспираторот на Насфрида е фантастичен, вади буквално сè од носето, само прво да ставаш солени капки.
     
  10. nadege

    nadege Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    мамиcki kako te mi ? :) nie sme dobro samo sto imame slamovi :( i ne znam sto da napravam za da i pomognam i smetaat mnogu koga jade, dise.. denes kupiv aspirator probav so nego da i pomognam no ne izleze nisto :^) sovet kje ve molam
     
    Последна измена од модератор: 29 април 2017
  11. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Остави ги капките минутка две во носето да и постојат, да омекнат мрсулките и убаво повлечи. Јас до сега сум немала проблем
     
    На nadege му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Специјално за МеУ :f:


    Љубовта меѓу мајката и бебето

    Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот на врската меѓу родителите и бебето


    Истражувањата објаснуваат зошто бебињата се толку зависни од родителската љубов, што е тоа што предизвикува да се заљубиме во своето бебе на прв поглед и зошто љубовта која ја чувствуваат родителите никогаш не престанува и покрај фактот што нашите деца некогаш не нервираат повеќе од било кој друг. Врската меѓу родителите и децата се менува со текот на годините, но значењето и важноста на тој однос никогаш не избледува.


    Љубов и разгаленост

    Не е возможно бебето да го разгалите со љубов. Тоа што му подарувате нежност и внимание, што го галите, нишкате и сакате – може само да влијае на неговиот правилен психички развој. Благодарене на љубовта која родителите му ја подаруваат на бебето, кај него се развива чувство на сигурност, а тоа е нешто најдрагоцено што можеме да и дадеме.



    Чувствување во пренаталниот период

    Немојте да се изненадите што ќе почувствувате љубов кон бебето уште додека е во стомакот. Како што се наближува терминот за породување, Вашиот мозок произведува се повеќе и повеќе окситоцин – хормон кој го поттикнува мајчиниот инстинкт. Окситоцинот е познат и како хормон на љубовта, а кај трудниците има за задача да го намали стресот во тек на породувањето.

    Бебето, исто така, воспоставува врска со Вас додека е во стомакот. Исѕтражувањата покажуваат дека срцето на бебето чука побрзо кога ќе го чуе мајчиниот глас. На мајчиниот глас и отчукувањата на мајчиното срце, бебето ќе се навикне уште додека е во стомакот. Башш заради тоа и кога ќе се роди бебето се чувствува најпријатно во мајчината прегратка.

    :lol: Уживај
     
    На pianogirl, kravce и NoellePage им се допаѓа ова.
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ти благодарам Моира :*
    Уф не да ја сакам , ма неможам да опишам колку ја сакам, дури претерувам со грижата околу неа, од толку голема љубов :$
    Нас најново ни е што сака да се држиме за раче кога заспива, на тој начин процесот оди побрзо :inlove:
    А утрово беше целата затната, сирота едвај дишеше , па на спиење и ставав капки , само некако како да немаа ефект. А сега еве ја се стопли, па убавко си дише(иако и се слуша тоа крчењето во позадина). :?:
     
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу тоа крчкањето веќе аман. Нон стоп си е присутно, кога повеќе кога помалку.Сношти на спиење му извадив се од носето и уаспеа малку да дремне, само 1 час, а после спиеше и плачеше цела ноќ истовремено и само града цела ноќ в уста да се смири и да чувствува блиско, а само два три пати тргна и толку.
    Инаку како што е кај мама нигде не е.И ден денес (сега веќе од кога излегов од дома поретко, ама пак) знаеме да се собериме со моите и да си пуштиме некој филм, да се направиме некој пудинг или сутлијач и после да се скупчиме сите на каучот, да не згрее малку љубов. Од мала беше така и ден денес чувството на блискот кога си заедно како само знае да те смири. Сега исто правиме со мм и со бебушко секој ден оти не спиеме заедно со малото, само во креветче до спалната спие, го земаме и по некој час се гушкаме, си пееме.
    Вчера сакаше само да му пеам, а престанев шамарчиња летаа мајко мила.Мирно мирно глас на пушта, ама претчувствувам ова ѕверче маста ќе ми ја извади а пркне малку.
    Инаку цуцата ти е прекрасна Меу.Обравчиња само да ги бацуваш.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Гушкај, бакнувај, уживај! Инаку и ќерка ми се навикна со држење за раче (а и синко го сака, сигурност им е некоја) па еве на 2 и пол години уште најдобро заспива со мама за раче, со или без приказна, ама обавезно за раче :rofl:
     
  16. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Мамички сакав да прашам на колку месеци бебчето се става во полуседечка положба ?

    абе не е за плашење ама па и не е да го остајш само пробвај неколку пати со топломер. јас и ден денес ако се нема син ми искакно 1 ден наредниот му прам провокација со топломер па нема мрзливи црева.
    од чепчињата ако ги ставаш повеќе пати се прави така е во краен случај клај му ама немој да претервш секогшот кога се нема 1 ден искакно.

    за грчеви се јас првиот пат ко купвав ми ги понудиј и тие бугарските ама и јас се одлуцив за еспумисан
     
    Последна измена од модератор: 29 април 2017
    На Elenika му/ѝ се допаѓа ова.
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Јуник јас мојата ја ставам од втора недела. А и на подигнато спие(така ни кажа педијатарот поради тоа што е нели затната), скоро никогаш или може да кажам на прсти се брои колку пати лежела на скроз рамно.

    Јас сакам да ве прашам што да направам, зошто малата не е какана од синоќа. Ја гледам се мачи, се вцрвенува , но неможе да се искака. Ова ни се нема случено до сега.
    Го масиравме стомачето, ужива, ама нема кака.
     
  18. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Погледни во темата, знам имаше дискусии околу тоа.
    http://forum.femina.mk/bebe/koga-pocnavte-da-go-sednuvate-vaseto-bebe-t13050/
    Вас ви е мислам уште рано. :)
     
  19. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    7.620
    Пол:
    Женски
    Мамички со кои капки им ги чистите носињата на вашите малечки, јас почнав со Назогал и сеуште со нив, а ние биднавме 3 месеци скоро, имам слушнато дека понатаму овие капки нема да му ги чистат мрсулчињата, па ајде помош кои капки употребувате таму после 4-от месец на вашето бебе? :^)
     
  20. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Драги мајки, не можам да спијам од нервоза, пред 2 дена имавме луѓе на повојница со мало дете и денес ми се јавуваат дека вчера (ден по посетата) се исфрлило по лицето и телото, како или алергија или сипаници, а сега имало и температура! И сега јас сум на никаде, кој пат да го фаќам, а ако се сипаници?!? Не ми е толку за ќерка ми, поголема е, ама за малиов од 2 месеци што ги нема примено вакцините за сипаници? Имал ли некој вакво искуство? Страв ми е... :sweat: