За крвна слика пред вакцина обавезно црп испитувате? Нешто друго што треба да нагласам за испитување пред вакцина?
Исто и ние го имавме истиот проблем со очињата. Не отпуштија од болница со инфицирани очиња. Ни дадоа капки ги користевме 4 дена но не ни помогнаа, па земав да ставам физиолошки раствор и да и капнувам по неколку капки од мајчино млеко ништо не се смени. Една другарка ми спомна да и ги бришам очињата со стерилна газа натопена со зовриена млака вода од надворешната кон внатрешната страна ( од увото кон носот). Ако е закоравено и залепено на трепките користи друга газа, никако немој со истата да го бришеш и другото окце. Чисти ги наутро и навечер. Нас ова ни помогна.
Спојлер: Ку*е :) Не му го чепкам и отварам стално ама денес ај реков да видам до кај е Вака изгледа кога го повлекувам во ред е ? Од бебето е иначе
Јас на скоро на секое менување пелена му го отварам по малце, а кога го капиме до крај му го отварам и се гледа малото дупче што е за мочање ( малку чудно објаснив ). И кај моето вака изгледа исто кога е полуотворено. Ако си мочка без проблем ваљда се е во ред. Мајки, сега со моето прашање, последниве два дена ми има потечна столица ама не е баш како пролив туку како што беше новороденче баш така течна и златна боја, се јавив кај матичната ми рече два пати во ден да му давам ваја, досега еднаш му давав. Иначе почнавме со вкусови и последниве дена јаболко тиква и ориз му имам дадено. Да не имала некоја слично искуство? За 4 дена 5месеци.
Ич не ти е отворено ,пробај на бањање немој вака на суво ,на секое бањање во коритце пред да го вадиш малку по малку отварај го.
Да, знам дека не е отворено едно време го отварав на капење па читав овде демек не се препорачува па сега пак почнав
А чие би било инаку Не знаев дека така изгледа неотворено, мислев на моево му е неотворено. Кога му го повлекувам, се гледа дупчето од каде што мочка.
@babyboy1 Колкави сте? Кај нас ѕирка главчето при потегнување надолу и е црвенко, нема насобрано бело од креми и слично. Претпоставувам се е ок.
На бебе му давам капки и д3 со лажичка и сега почна да ми ги плука. Совет некој? Нели е многу мало да плука 4та недела ја тераме
Мајки кај моето уште кога се породив му ја имаа како засечено кожичката што се отвара на ку*ето. Докторот нешто му објаснувал на мм како и зошто ама јас сепак не можам да ја сфатам причината.Кај него се отвара лесно поради тоа и скоро ќе можи и целосно да се отвара.Педијатар ни рече да го отвораме на секое бањање и да го чистиме. Е денес од прво му се вцрви кожичката а од кога го избањавме после некое време кога му сменував пелена гледам дека му е и потечена. Не сум сменила ништо, ни пелени ни крема а за чистење не користам никогаш влажни туку од тие марамчињата што се натопуваат во вода. Кога го допиравме со мм воопшто не реагира како да го боли потеченото туку нормално се однесува. Утре го носам обавезно на лекар ама ако некоја имала сличен проблем нека сподели, го мислам цело време.
Се шегував малку Јас не му го чепкав можи и затоа не му е отворено... За една недела 6 месеци полни..Нема проблем никаков онака прашав јас си мочка си полни пелени, ама мама радознала е неам поим како треба да изгледа На бебе иначе знам
Да да тие му ги давам истите. Пипави ми се многу еднаш ми се лизна пред да му ја дадам и ме фато страв и од тогаш затоа ск лажиче му ги пикам ама ги плука и гледам пола му се растекува ококу уста
Мене еднаш ми падна капсулата во уста кога беше ептен мало, од памет се извадив ама ја извадив. После ми кажаа дека се разградливи ама пак стресно е. Фати ја убаво и директно во уста подлабоко да не може да исплука.