Епа тоа ми е страв. Ја во лажиче ја ставав и ми се лизна и викам да треба директно во уста да ми се исподави инфаркт ќе ме стрефи и така сум сама сл него Можам да замислам кој страв ти било и тебе Ништо ќе пробам на следно лажичево бар поише да го пикам
Незнам со што се греете дома али ако е клима, парно, панел во секој случај ќе ти треба ќе видиш и самата на бебе ќе му се затнува носето фактички од сув воздух во просторија.. Мене ми рекоја додека купиш да ставам физиолошки во носето и му ги омекнува со кивање ги вади..
Јас па мислам еве неколку дена дека моево не ги пие како треба му ги ставам на лажиче и ако го пикнам малку повнатре одма се гади, а како со му ги давам ми ги враќа со јазичето
Со парно на пелети се грееме, до сега нема проблем со носето само прашувам за дали да земам за да не настане проблем
Ние сме дома со клима и со термо печка и купив навлажнувач од gorenje и ќе видам баш зимава како ќе биди. https://www.gorenje.com.mk/proizvodi/mali-aparati-za-domakinstvo/baby-aparati/h17by/561278
Имате некои познати со искуство од истиот ? Јас ги разгледувам и незнам каков да земам дефинитивно со ладна пареа ама која фирма...
@Izzy_0504 и мене ми ги покажаа вежбите што ги збореше и да ги правам секој ден. Кревање за рачињата со поддршка моја на главчето и на меше вртење и да му тропам со играчки да се врти напоредно на двете страни Ти што направи сега му ги правиш иште? Знам збрка настана дали требало или не требало да се прават овие вежби
Не, не правев. Педијатарот од Ремедика и педијатарот кај вакцините ми ги кажаа, но ортопед рече да не правам ништо. Пишував баш на претходните страни дека ми рече дома да не му правам и дека тие се вежби за докторите да провереле ситуација. Без консултација со ортопед не му чепкав ништо. Да не се сфатиме погрешно, секој како сака прави, но за вежби и сл. би те советувала да се консултираш со ортопед и ако рече дека треба, тогаш да му се прават вежби.
Ги правев 2 дена и кога тука и Јана и Оли кажаа дека ортопед им рекол не, прекинав. Бебево доста цврсто го држи главчето за толку мало (да се разбереме - не го држи скроз, но за толку мало и доста е цврсто). Друго - широк повој не ставам. И за тоа педијатар вика да се става, ортопед ми рече не, па не ставам. Така што како што не послушав за широк повој, нема да послушам ни за ова. Инаку и ние бевме вчера, и нас ни кажа за визуелна и звучна стимулација со играчки и рече да го ставаме на меше сѐ повеќе, по барем 1-2 минути да лежи. На ортопед сме на почеток на декември, па ќе видам тогаш што ќе каже тој за вежби, па како ќе каже така ќе правам. Ко што кажа Оли - нема да остане дете со некрената глава или нецврсто вратче. Се во свое време
Да да баш ги видов коментарите од пред некој ден На ортопед кај Антоније Видоевски го носеше или кај е овој антоније? Ако е Видоевски ја и за мене и за внук ми немам добро искуство кај него иако го зборат дека е најдобар. Секако ќе посетиме и ортопед во план ми е но читав и по нет до сега дека се практикуваат овие вежби на стомак од 4та недела а јас па мислев од 3ти месец се почнуваат мислев мали се. Секако ќе се распрашаме фала ти
Да и јас не планирам широк повој не постои нигде само кај нас го практикуваат А за другово читав дека нема штета да се вежба. Иначе исѕо и моево дпста стабилно го држи главчето веќе и машала 4кг направи дупло наголемува може и тоа си има влијание бидејќи сме на комбинирано хранење па валда повеќе накачува
Ние сме на цицање од старт, па дечково 4,5 кг е Иначе со време барај си ортопед и закажи си ја контролата што е на 2 месеци пошто е многу гужва. Јас ќе го носам кај Тони Талески и пред 2 недели кога се јавив прв слободен термин беше 2ри декември.
Машала сте. ти рекоа ли дека е многу? Мене ме караа многу накачил а што да правам кога бара и плаче Па не знам кај да го носам и затоа си дремам. Каде е овој талески во ремедика? Мислев таму да закажам други не знам само што ремедика ќе ми форсира широк повој и затоа не ми се носи таму