И мене ми ги кажа истите вежби 3-4 пати денот да му правам ми рече педијатар и каде што клават вакцини исто ми рече др.
Го носев во систина и таму ништо не ми рекоја за вежби супер си е дете нема потреба. Па кога дојдовме во Битола во плоднос го носам и таму ми кажа за вежби и во здраво каде што се прима вакцини. На меше да од 6недела го ставав али вежбите тек сега во 2ри месец ги почнав. И мој совет ставај бебе на меше нека се труди малку да крене главче да се сврти едноставно да се раздвижува цело почекај ете до 6недела ако се плашиш што е нормално.. Ние сме 2+ месеци сам се врти на стомаче, почна да фаќа играчки да ги носи во уста што реално е малечко за такви реакци али го ставам на подлога и цела е со играчки па посегнува.
Неее, ми кажаа супер дека е. Ама се роди 3.760 со 54 цм. Сега е 57 цм, па може соодветно на висината (должината) е ок. Ова зборам на месец и 1 ден. Вие напраивте месец? Пријави се темата за напредување на бебињата 0-1 година, па ќе се следиме таму Инаку не, ортопедов е во Ново Лисиче. Колку што разбрав таа од Ремедика не ја фалат - никој не е задоволен од неа. Отвори во тема Ортопедски прегледи и прочитај, па ќе видиш совети и таму. Во принцип Антоние (не Видоевски) и Тони ги фалат најмногу. Затоа веројатно толку и се чека
Важи фала ти ќе ѕирнам и ѕвонам денес да закажѕвам ако нема кај нив тогаш кај некој во систина ќе биде Инаку за 7 дена правиме меаец Тука сме негде со килажите ај ќе пишам во поттемата Фала
Само на меше и ќе видиш само дека сите вежби ќе ги прави, како ќе извежба нозе, грб, стомак, врат, ма цело тело. Машинче ќе биде Нормално е да не сака во почетокот, ставај го кога е одморено. Секој ден по малку колку што сака, па и да закенка ортопедот вика кога се бори и не сака, тогаш повеќе зацврстува Од ден за ден сè посилно ќе станува. За контакт Јана пишала.
Да ни закажа за наредна недела прв преглед така да и со него ќе видиме што ќе ни каже и покаже до тогаш не го форсирам Тенкју
Видоњвски и Антоние се различни ортопеди ,Антоние ќе го најдеш на фб ординацијата му се вика ортоплус ,а се наоѓа во дебар мало супер е докторот препорачувам и јас. Со должна почит спрема педијатрите ама мислам дека не треба да се мешаат во работата на ортопедите и да кажуваат за вежби,широк повој и дозирање на вит Д.
Девојки, бебе ми е 3 ипол месеци,сеиште бара да цица на 2 саата и дење и ноќе. Нели веке треба на подолго време да цица?
Ехее бебиња до 10 месеци вака прават, особено навечер. Преку ден ќе јаде ама навечер од навика стануваат..
Мојот уште малце ќе прави 5 месеци и понекогаш и на саат или саат ипол бара Ама два саати е стандард, никогаш повеќе од тоа не издржал
Почнаа грчевите кај нас. Сакам да земам пробиотик, ама свекрвата запнала за некаква шеќерна вода и ме нервира затоа што не сакам да му давам шеќер на бебето, макар и неколку капки да се. Чула некоја за овакво нешто?
Никако шеќер, во никој случај. Навистина да делувало тоа, немало капки да измислат. Башка што и капките не се 100% лек за грчеви. Грчевите сеуште се голема енигма за докторите. Кажи таму да не ти се меша. Знам како ти е, ама јас уште на почеток сечев у поим таква глупост кога ќе тропнеа. И мајка ми не беше покуса.
Абе таа од највисока развиена земја иде или од Ногаевци? Каков шеќер каква вода на бебе до шест месеци. Не смееш ни едно ни друго. Оди за грчеви капки нека ти дадат у аптека и пробиотик БиГаја. И тоа нема да помогне за грчеви. Само топло на меше имаш во аптека такви термофори и повеќе на стомак нека лежи врз тебе или на кревет под надзор. Тек почнува забавата со грчеви до 4ти месец ќе се журкате. Да не те лажам али ништо не помага.
Од Ногаевци. Се спремам да им пишам во темата за свекрви што се мешаат дека менталитетот не игра улога, исти се од каде и да потекнуваат. И неа и син и ќе ги фрлев кога ми спомнаа вода со шеќер. Уште кога беше тука почна да спомнува од никаде шеќер, не ми беше јасно зошто и сега со грчевите ми се разјасни. И спискав НЕ после милион пати повторување дека не му давам шеќер на детето, после јас лоша.