Ќе ги средиш двајцата ти не се сомневам. Само оштро И спиј кога спие мали јел идат доооолги денови. Денови ли се денови аргатски маки големи...
@PurpleMind Само пази да не даде кога не гледаш или ако го чува. Знаат и така паметни да се прават, таквите си знаат финти да го исполнат она што го предложиле.
Засега е во друга држава. Во еден момент ми рече дека ќе ме прашува за се', затоа што свекрва и' така ги научила децата на џанк фуд, не сакала она таква да биде, мада не се сомневам дека би дала шеќер ако и' го оставам на чување и малиот почне да плаче.
За шеќерна вода, конкретно не, ама за неколку капки лимон слушнав од свекрвата. И неповрзано со грчевите, јајце да сум ставела во водата за бањање.
@PurpleMind, кога те читам, како за свекрва ми да читам Исти тертип се. Среќа, па мм не ја слуша. Јас не знам од кај ги ваѓаат тие совети, дали тие така правеле со децата? И да правеле, сега треба да се повлечат, а не на глава да се качуваат. И после ќе ме прашуваат што сум нервозна. Е да се чудиш!
За лимонот и јас слушнав од мајка ми, порано педијатрите давале таков совет, само заборавив за што беше. Среќа делиме исто мислење со неа дека додека дојам не треба ништо да давам, за тоа не се р'чнавме.
Кога се породив со првото, јадев многу мандарини и портокали. Малата се нафрла, вратчето цело црвено и беше. Ми рече мајка ми да исфрлам мандарини и портокали од исхрана, црвенилото се повлече. А тек па вака да давам цитруси, не ми паѓа на памет.
Веќе неколку дена бебе се витка наназад и плаче вришти, особено навечер. Ова се случува и кога не сака да цица во тек на денот. Дали е ова некој скок, за грчеви би рекла дека е доцна зошто уште малку ќе биде 5 месеци...
Боже, господе да им ја имам самодовербата на свекрвиве. Вода не смее да се дава ни капка. Пробиотик, капки, сирупи, направени се специјално за грчеви, нешто ќе успее. Пелена топла на стомаче, white noise. Бубрезите не можат да им преработуваат чиста вода. Па водата во крвта го разредува натриумот и ако падне нивото на натриум може да дојде до хипонатремиа, состојба која може да е стварно опасна и од неколку лажички вода. А шеќер па, ајде како да не, ќе јаде шеќери и чоколади кога ќе порасне само тоа ќе бара, каков шеќер уште од сега. И секако нема да му помогне ни шеќерот ни водата пошо не се лечат грчеви така, само можат проблем да направат.
Не знам искрено. Така почнав и ми беше шубе дека ако не пијам чај нема да имам млеко и бебе ќе биде гладно. Откако почна да јаде оброци ми олесна психички и пиев едно време само по 1 чаша, па после скроз прекинав.
На првата контрола на 7 дена што е, Сајковски од Систина дал совет кога ика бебе да му дадат некоја капка лимон....моево лимон проба некој ден пред годинка зошто беше болно
Јас давав оризова вода пред 5 месеци заради стомачен вирус и после прв вкус што му дадов беше оризова каша.