Не му давав стално.. Посче се научив и јас со цицање и сега цица и преика.. За каката ќе видиѓе баш.. Некаде пишува демек ако мајката внесува мн млечни производи можи д е од тоа..
За 5 дена правиме 5 мес и започнувам со јаболко, крушка и слива, едвај чекам . А за оризот мислев рано дека е. Од зеленчук што имаш воведено?
Јас чувам вода во термос за АД што правам и од истата, ставам една лажица ориз (како прав е тоа на хип) и додавам вода и мешам само, на крај додавам кашичка што имам праено и заедно ги поминувам со рачен блендер. Понекогаш водата е поврела понекогаш топла, ама со ладна не правам.
Морков, компир, батат, пашканат, брокула и тиква. Еднаш имав земено и мешана каша со карфиол и грашок. До 6 месеци ќе го мешам овие, после ќе воведам и кромид, спанаќ и така со ред.
Мојата за 3 дена е 5 месеци, ќе и направам денес со компир, морков и кромид малку, мислев од 6 да дадам житарки. Бара ли веднаш млеко? Мојата веднаш едвај ја издржувам пола саат, се надевам со оризот подолго време ќе ја држи
Мајки, ние сме на Хумана млеко сега за сега и плус од моето му стискам два пати на ден. Прашањето ми е што еве трети ден нема какано, фактички откако излеговме од болница. Денес полни 8 дена... Утре ни е прва контрола на педијатар, а немаме избрано педијатар... Дали од 8-ми ден почнавте со АД капки? Моето денес полни 8 дена. Све сум во дилеми, не знам дали правам правилно...
Да и мојот бара, небитно што ќе му дадам едвај го држам барем пола сат да помини за млеко. Јас имам и др мака, чај сок и вода не ми пие од шише, ако му давам со лажичка ќе голтне неколу капки. Незнам што да правам со тоа, чајот ако е топол понекогаш ќе се напие 20-30мл. Ако му понудам кога е гладен ќе пие од мака, ама несакам јас да му давам сок или вода кога знам дека е време за млеко, и педијатар ми рече вода обевзно после каша, незнам како да го научам да пие. Да не има некои чашки поинакви за бебиња?
После 10ти ден почнавме со д3+к1 на бејбитол и биогаја пробиотик. Одбери педијатар обавезно, сега со ситуацијава не знам дали ќе ве примат ама по телефон секако можеш да се консултираш за се. За какањето консултација со педијатар. Моето на почетокот какаше многу ама беше само на доење.
Сега со ситуацијава дека матичниве не примаат здрави деца ,ги мерите ли некако вашите бебиња дома како напредуваат ?
Мојата матична прима Има посебен термин од 8ипол до 9ипол за здрави бебиња/деца. Со протоколи дезинфекции итн. Како може приватниве да работат ама матичните не работеле. Искрено барајте си од вас зимаат плата крај краева. Стварно го претераа пандемијава уште 1г може ќе трае мора некогаш да направат преглед... хаос се
Нашиот матичен ги откажа прегледите на здрави деца ,иако е посебна амбуланта,консултации телефонски само .Јас пробав се измерив јас на дигитална вага ,па после со се бебе се измерив,и тоа облечена ја мерев во тренерчиња некако малку ми има качено ,вака мерена излегува дека има 6400гт.,а беше 5970гр па ми е страв да не е малце тоа.
Не знам елче дали е веродостојна таа вага ај ќе пише некоја мајка што мерела. И кај двајца педијатри може да варира килажа Најдобро да си го бараш тој или да отидете кај некој друг што прима бебиња па да го платите прегледот на приватно. Поевтино ќе ти е од ремедика илј систина така. Ние сме кај др смоковска можеш да прашаш таму... чисто ако ти е само за мерењево.
Додека пиеше само од моето млеко какаше редовно на скоро секое јадење да не претерам. Кога почнавме со догхрана ад не му одговараше новалак земавме не му одговараше после оброкот такво млеко имасе проблем со столицата едвај .. кога продолжи само ад исто новалак еднаш на ден едвакжј ќе де искакаше и цело време се напнуваше и плачеше. Сменивме пие холе и добро е одтогаш наваму 3-4 пати во ден обавезно. Може не му одг млекото ама прво пробај со пробиотик дали ќе се регулира пред да се решиш да менуваш млеко. Ние пиеме waja . Обавезно пеглед од педијатар тој се ќе ве упати.
Се мислев дали во темата за доење, или тука да пишам, реков тука подобро. Чисто сакам да споредам со вашите бебиња и да споделам исксутво... Значи комбинирано дојам и давам ад. Давам ад кога се нервира, плаче и одбива да цица кога ќе се намали млекото и кога спијам, машкиот дава ад за да поспијам малку. Неќна му дал преку 100мл, инаку до 100мл ни е границата. Дал околу 130-140мл, плус на цицка бил малиот. Не е дебело бебе воопшто, расте во должина и од лекар ни е дадено зелено светло, рече давајте му да јаде ако му се јаде, не го изгладнувајте. Обично инсистирам да е повеќе на мајчино млеко, не сакам ад, ама не гледам друго чаре. Една недела поминавме со помалку ад и кавги по дома затоа што плачам и одбивам да фго ранам со тоа, малиот не напредна во тежина доволно таа недела. Сестра ми ме исплаши дека ќе сум му го раширела желудникот, а што да правам кога плаче и му се јаде? По колку млеко пијат вашите бебиња отприлика?
Фала многу, мајка. Утре сме на педијатар ние и ќе го прашам за сите работи... Инаку денес почнувам и јас со Ваја капки, ми ги препишаа во болница и плус дека пие сируп Цефалексин... Како му ги даваш Ваја капките? Ми рекоа по 7 одеднаш? Во лажичка или...?
Јас ги давам директно во устичката тие ги истиснувам со пипетата и право му давам со шишенцето да јаде после тоа за да ги голтне. 7 капки е одприлика малку над линијата обележана.А другите што се вит д и омега од babytol ги ставам во цуцлата од шишето и ги испива па право продолжува со оброк едните пред еден оброк следните со следниот да не е се наеднаш. Во лажичка повеќето го плука сеуште и повеќе од пола по муцето му се, адиректно во уста д аги стискам ми е страв да не ми се лизне капсулата