Дали вашите бебушки гледаат тв? Моето е 3ипол м, втат искрпи по тв му пуштам песнички златно славејче или baby tv и си гледа си гуга,само така уствари можам да го осѕавам да лежи пола саат. Прашањево ми е,дали смее?
Ние сме исто 3+ и не му дозволувам да гледа, ниту на телефон, ниту ТВ. Мозокот им стагнира додека зјапаат по екраните, а толку мало уште сега да го навикнувам немам намера. Освен што негативно влијае на буквално се во поглед на развојот, треба и видот да му се сочува, ќе има време и за цртани понатаму. Има други начини на кои можеш да го анимираш. Ние си играме со тропки, се луламе во релаксатор со играчките наменети за когнитивен развој, тропаме со ноџињата на baby piano, лежиме на меше по 2-3мин. дневно, му пејам песнички и му зборувам постојано.
Јас уште од старт одбивав ад, уште во болница кога бев... дома колку кавги и плачење имам удрено... Не бива, ако не тече убаво плука цицка и вришти, не можам да го смирам. Една недела инсистирав да е повеќе на цицка и помалку ад, не качи доволно килажа таа недела.
Смее ако ти дозволиш. Бебе е 9 и пол месеци и нема појма дека на телефон нешто се гледа, песнички пуштам и јас ама не гледа ТВ, си игра цело време. Кога беше толку мала не ја ставав пред ТВ, подоцна кога не знаеше да се заигра, а лежеше ќе и пуштев само кога моравѓе да јадеме со маж и и тоа беше 15 мин макс, сега и е веќе забеането скроз.
Можам да замислам Терај како тебе ти е најдовро така Ако ти си нервозна џабе млекото и бебе се си осеќа
Што мислите за спиење во ладна соба? Спалната не ја загревам воопшто и навечер таму спиеме со бебето 2 месеци е . Ноќеска и се затна носето па морав сред ноќ да влечам со пумпица, дали е тоа заради ладниот воздух?
Ние ја загреваме собата и пак му се прават мрсулчиња најверојатно од сувиот воздух. Треба барем нормална темп да е во собата и како е облечено
На телото не и е ладно, ама носеро лицето сигурно... Вака спиев и со големата , освен кога се температирите минусни. Немавме проблеми со неа, никогсш не сум влечела мрсули, сега не знам ако е од ладното ќе треба да загреваме.
Колку степени е во собата? Рачиња и образи и носе ладни ли се на допир навечер? 22-24 степени би требало да е за бебиња. И не се води по првото дете, немора да значи дека ќе бидат исти. Можеби ова е поосетливо на ладен воздух.
Секоја ноќ се буди бебе заради затнато носе од сувиот воздух. Не влечам ништо само прснувам физиолошки по еднаш и го држам малку исправено, за 5 мин опушта. Не загреваме во спална, но во текот на ноќта се суши воздухот, па така накај 3часот и двајцата сме со затнат нос. Инаку редам мокри крпи на парно, но некако не гледам некој резултат па најверојатно ќе набавам навлажнувач на воздух, за да се решиме од ова еднаш
Ова за спиење температуриве? Ние вака преку ден сме околу 23, додека за спиење луфтирам додека да падне на 20 и така најубаво спие
Јас би оставила да спие на свежо но не под 18 ст да е во собата, и кога ќе е поголемко после годинката . Подобро се спие на посвежа температура. Моето е 2++ но веќе една недела ни е пуштено парното и сите соби се топли во спална радијаторот е на 3 околу 20 -22 степени е всобата и сега за сега е добро, порачав и навлажнувач на воздух од горење бидејќи осеќам дека се суши возддухоте па се надевам нема да имаме проблеми
Од 22-24 најоптимално би требало да е. Тргнете од себе доколку ви е ладно дали ви е пријатно за спиење? Мене не ми е. Затоа гледам во сите соби да е иста температура, мериме редовно со топломер, и со термостат ни е наместена истата температура. Само кога ја бањаме е малку потопло 25 или 26 степени, потоа пак намалуваме. Се грееме на пилети.
Личен избор. Мене не ми е удобно да спијам на толку топло, ако веќе мора тогаш ептен лесно облечена. Приметив летово на 26-7 и бебе немирно спиеше, се вртеше нон стоп, иако само на боди облечено, па и сега за денски дремки го носам во поладна соба. А, најубаво му е надвор на прошетка на околу 14 степени, е така веднаш заспива Ма како и да е, нека спијат и нека растат сите бепчиња
Зависно од дете до дете најверојатно ова е понежно па гледај да биде температурата 22-23 како што ти пишала и Alishan и ќе видиш дали има разлика
Моево е 6 месеци не сум го оставала пред тв ни па со телефон да го занимавам, за разлика од татко му кој незнае поинаку да го смири или заигра па го седнува в скут и му пушта "тетки" на тик ток да гледале заедно
Имам пластични шишенца кои само ги плакнам и стерелизирам. Не сум користела сјај не знам дали треба и кој сјај да го користам? Знам дека по 1 мес се користат пластичниве совет некој за оддржување? Каков сјај користите и од кога почнавте со сјај?
ги мијам со средство з амиење шишенца цуцли и сл од фрош. Од првиот ден и цуцлите лажалки исто со тоа средство и ги стерилизирам после тоа
што мислите до кога ке трае ова,бебево спие по 30 мин ден ноќ. после пак од ново уште пола саат нишкање да заспие, и пак 30мин и се буди. Кој што прави јас по цела ноќ успивам дете, жива не наспана сум. Иначе е 3+. а цица точно на 2саати