Немора да значи дека ќе е страшен Јас не го ни осетив искрено , имаше 4 5 дена кога беше кенкава , по цел сакаше во раце и ништо не и беше интересно Со петтиот може ќе ми надокнади
Индивидуално е, јас сакам потопло, но беба моја не сака ни многу облека на себе, чорапите си ги соблекува, ја покривам откога ќе заспие бидејќи турка секаква прекривка... Во спална гледам да е околу 20° и мислам дека таа температура и' одговара. А баш пред некој ден слушав еден педијатар од Систина дека најдобро било да се научи детето од мало да спие во просторија која не се загрева бидејќи така му зајакнувал имунитетот.
Здраво мајки. Моето бебенце е старо 3 недели и му се појавија ранички на газето. Педијатарот ни препорача судокрема и ја мачкаме веќе 3 дена, ама освен што му ги ублажува болките на малото, не забележувам разлика при заздравувањето на раничките. Се мислам за ден, два ако не помине, да почнам да го мачкам со кантарионово масло. Ако некоја имала искуство, да сподели со што поминуваат ранички на бебешко газе и дали можеби треба повеќе време да помине за судокремата да почне да делува на раничките? Благодарам многу.
И ние ги имавме за 2 дена пројдоа со бекутан крема со цинк само ставај добар слој да го пополниш процепот како кит да ставаш и ќе му пројде без гајле
Дали користиш влажни марамици? Кај нас од нив се појавија на памперс влажни користев се и ги баталив земав туферчиња од ДМ бебешки и кога немам можност да го измијам го бришам со нив и ставам крема со цинк (веледа) После секое какање над лабаво го миеме за 3 дена му се среди.
Првото дете правеше така, преку ден нејкеше да спие, а цела ноќ ја спиеше. Второво, цица кака спие, 3 саата, па пак исто, и преку ноќ спие. Сакам да кажам, до детето ќе да е. П.С. со прво се отепав нишкајки, второво нејке да го гмечиш у раце, сам заспива на кревет, 3м сме
Ние уште малку 3м ,јаде , кака спие , па будна 1 час или 2 и пак исто навечер си спие ... стануваше прво на 2 часа за цицање, па на три ама сега знае да врзе и 4 или 5 часа да се занесе и си викам гладна да не ми е ,толку спиење дали е ок .. а ми е жал да ја будам , нормално ли е и по 4часа да е без цицање?
Моето е месец и пол по 7 саати знае да врзе навечер а преку ден на 3 саата јаде килажа си качува супер
И мојава е добра со килажа , дека овие денови така ми смени се загрижив ,ама нека си спие бебе чим така
Користев на pampers pure aqua, ама откако ги видов раничките, одма баталив. Овие три дена дење -ноќе го измивам со топла водичка, а земавме денес и памучни туферери од дм за навечер со нив да му го чистам газето. Само поголемка му е раничката, а тоа ме загриижува За три дена му поминаа раничките?
Да да крвче имаше така и приметив за раничката Со крема со цинк поминува одма и со редовно измивање ќе пројде Тоа е влажните марамици прават проблем кој да знае
Дали миете како во упатството што пишува? Да се потопат во 3мл сјај? Ги ставив така ама си викам има ли ефект вака сјајов?
Моето бебенце има 2 ипол месеци. Дали чајчето од камилица и анасон може да му се дава наместо водичка и по колку милилитри дневно ?
Како што пишале другите на четката за шишиња има сунгерче на врвот на него ставам од средството и ги мијам.