Немаше којзнае колку многу ама и таа што ја имаше како подолга многу брзо му падна дури се исплашив беше на места келав без коса но набрзо почна да расте новата не му се ни познава од што е плав
Бојата на очите уште од 2-3 месец се виде дека кафена ќе биде, а како бебенце плаво - зелени му беа. Многу сакав зелени да останат ама ете моите ќе ги има. Косата во исто време почна да ни паѓа, раат немавме. Постелнина на 3 дена менував, правосмукалка секој втор ден. Кај моето многу влакна дневно паѓаа ама знаев дека е нормално не се исплашив.
Почна после првиот месец да му паѓа, до третиот месец скроз му се смени. Имаше црна коса, сега му е плава
Мојата е 5 месеци има едно десетина влакна подолги не и се паднати. Од старт е со плава коса и плави очи
Мојот немаше ни месец, напред му падна цела како некое старо беше али одма нова посветла му порасна, а од страните и позади полека се проретчува. Очињата сеуште се плави, али и двајцата имаме плави па нема ни да приметам.
На моето му паднаа делови од косата, на некои места беше со долга не некои беше како ќелавка.Многу смешно и симпатично.Чекав да потпорасне па и ја израмнив .На колку месеци беше не сум сигурна ама накај 6-7 изгледа.
Бебе ТРЕБА да спие во ладна соба ( 18-20) степени. Не му е од тоа, време на настинки и вируси е. Прскај спрејче, влечи нон стоп и ќе помине.
@PurpleMind се роди со црна коса (ја сум црнка), почна да и паѓа и изгледаше прееесмешно, од кај 6ти месец престана и и се обнови. Беба е 9 месеци и е скроз плава на тато, очите и беа сивкасто плави, сега вртат накај зелено исто како тато. Ма една трепка на мене нема. Не е толку страшно хаха смешно е, Нина изгедаше како да ја имам со машинка поминато на некој места. За очите, кај некои се знае од многу рано дека ќе се темни или пак ептен светли, кај некои менуваат до година-2 според мојата докторка, најчесто тие што ќе имаат зелени очи ги менуваат подолго боите додека дојде таа зелена боја.
Кај моево после 2ипол месеци почна да му се проретчува. Па после поинтензивно да паѓа , едно време прокелаве ,но бидејќи одма расте нова коса ,накај 5тиот месец имаше кратка фризура со праменче на средина (како алфа алфа ) успомен од првата коса. Инаку се роди со црна а сега има плава коса. Околѕ вториот месец му се појави теменица и едно 2-3 недели му го чешлав главчето,помислив од тоа да не предизвикав да паѓа после сфатив дека е нормално И на моево му беа така променливи кога ќе го погледнеш не знаеш дали гледаш плаво/зелено или сиво, едно време беа зелени таман си реков готово останаа, после 6,7м смени на светло кафени, син мајкин
Да имаше 96 хемоглобин. Во 2 месец му давав 10 капки сидерал и 10капки пико ц. Па во 3ти 12 капки сидерал со 10 пико ц. Сега се покачи хемоглобинот на 120.
Денес земавме капки Нистантин, заради бели превлаки и точки на јазичето и устата внатре. Дали сте ги користеле? Патронажната сестра ми кажа дека од млекото му е тоа. И како ги дозиравте, на мм му кажале во аптрка ама заборавил...