Јас користев минатата недела за моето,1г има педијатарот рече 3 пати по 15 капки Ако не ви кажале ,прочитај во упатството Можеш и да му го чистиш јазичето со газа натопена во раствор од вода и сода,моево дека поголемо,не ми дозволи
3 пати на ден по 15 капки. Но моето не ги поднесуваше воопшто, му правеа грчеви. Јас со сода после му го чистев јазичето
Како ги облекувате вашите бебиња за спиење? Моето е во вреќичка од тила, од долу шпикозни памучни и боде танко без ракави. Се плашам да не му студи. Температурата во собата 22 до 23ст.
Исто и моево од црно плаво стана Кај нас темп сега се симнува до кај 20-21степен..Јас му облекувам боди на куси чорапи и пижамчиња ни танки ни дебели не се..и покриен е со кебенце танко(од комплетите за новороденче од тила) Во вреќа несака да соие и јас ја имам од тила ама неможи да ровари низ креветче и само се буди па ја спакував пак..се надевам ќе ја засака оти не е ич евтина за така да ми стои неискористена
Ајде ве молам за мислење - дома температура ми е 23-25 степени. Ноќе не е пониско од 22. Бебе е облечено во боди по куси, чорапи и шпихозна или боди по долги со пантолончиња памучни. Последниве денови рацете му стануваат ептен ладни... градите се топли, грбот е топол, носето е топло, само дланките грч ладни... не мислам дека му е ладно пошто е стварно топло дома, ние сме по кратки ракави, а бебе е добро облечено.. Што мислите?
Мали бебиња уште немаат воспостевена терморегулација и често им се ладни рачињата иако не им студи. Јас на иста температура го покривам и со кебенце кога спие од истиот страв дека му студи ама штом на вратче и меше се топли мислам не им студи
Исто мислам и јас. И не му ставам ракавици, си мрдка и си фаќа со рачињата и си уживка. Фала ти на потврдата
Мајки, утре правиме 40 дена Не одиме во црква ниту на 3 куќи, но некако сакам да ‘одбележам’.. што правевте вие?
Имате ли совети, бебе има 4 недели, само на Ад сме, почна да огладнува и да вришти пред да поминат 3те часа кога треба да јаде. После јадење има страшни грчеви. Користиме нурс харвеј, пробиотик и ко лактаза капки во млеко. Мислам дека ништо не помага. Ја дадов малку на Мајка ми во целиот хаос и ми призна преска дека кога плачеше без престан цел саат после оброкот, тас и ја ставила цуцлата во малку зрнца шеќер немам сила ни да се расправам со неа, ама после тоа одма се смири. На хип антиалериско сме, мислете ли дека не ја најадува? Не знам зошто се смирила со зрната шеќер навечер поспана поие помалку и си спие без проблем, ова се случува денски... цел ден. Во понеделник имаме пак преглед, во петокот ни одредија што и колку да пие, им пишав сега на педијатрите и само нови капки за грчеви препорачуваат. Не знам како ќе издржам
А колку и даваш? Пробај зголеми оброк и ќе видиш. И ние сме 4нед на хип комбиотик и пие 100мл ама гледам дека му е малце но некогаш на 3ипол часа бара некогаш на 4ч. А од пон почнувам да зголемувам на 135мл како што пишува во табелата но чекам да одиме на педијатар прво. Да не не е гладна може се само грчеви во прашање може не може да се искака па затоа плаче... Мислам дека можеш да увидиш различен е плачот за глад и грчеви. Само да се едитирам дека скок има 5та недела може да почнал малце порано. И мојов преку ден плаче вришти навечер спие. Се обиде ли да ја анимираш со играчки или да ја возиш со количка низ дома. Ние тоа прајме... Не знам каков ви е денот за да ви помогнам со друг совет
Хаха ние излегуваме, шетаме кога не е загадено и кога не е ладно. Не дека сакам и барам адети да терам, туку онака чисто некако да одбележам. Не знам ни јас што сакам
Според педијатарот и нејзината тежина треба 60-75мл. (Сега е околу 3500 и нешто)Гледам дека и е малку и некогаш и давам и по 90. Или 80. Не знам дали треба да менам млеко. Ноќта ја минуваме прилично добро, насабајле почнуваат најјаки грчеви. Потоа се изморува и заспива. Поручек обично пак има таква епизода и навечер е колку толку подобро Вие имате ли грчеви
Давај и според хип табелата што си е по недели таа количина. За ова по грамажа не ми е познато така да се одредува. Ако бара бебе повеќе не можеш да му ускратуваш. Пробај и така ќе видиш дали се грчеви или едноставно плаче од глад. Нема грчеви т.е. го фаќаат некаде во 5 сабајле тогаш се нервира и преку ден како тебе по некоја епизода навечер во глобала не.
Според нашиот педијатар и табелата од Ад млекото синко треба да пие по 210мл. 3-4 пати а тој од 100 до 170 пие најмногу и за 3 саати пак бара некогаш пие по 80 и за два саати гладен е.. Не се води по табелите следи го детето направи 90мл ако го иапие до капка значи му е малку и сака повеќе..ама не одредувај од еднаш, пробај повеќе пати..
@Katerina94 И кај почна да вришти ама не од грчеви туку ете така наеднаш и баш како шо кажа ти преку ден а навечер си спие. @Milkiway можно е да е скок, се надевам на тоа, Иначе си помислувам дека јас нешто бе правам како што треба а Мама дека, пресоблечена и мислам дека плаче за спиење а не може да заспие и не можам никако да и ја погодам положбата, што и да правам плаче и да заспие знае во сонот неколку пати да почне да вришти. Иначе е 5та недела