Мајка според ова килажа што си ја напишала бебе треба да пие 500мл во 24 часа горе доле 50-60мл плус минус во зависнос од бебе дали е лакомо или не.. Пробај со еспомисан капки нас мислам тие не спасија и по некое не пишано правило на изгреј сонце и на заогање на сонцето грчевите се најаки кога ми кажа вака сметав глупости али се уверив и самата. Иначе да не дојди од памет ти кажувам за мл вака ќе си рачунаш ја пишуваш килажата на бебето во случајов 3.500÷0.7*100 Едит И послушај ја @babyboy1 убаво ти пишала следи го детето не табела
Здраво на сите, повторно јас. Бебе, 2 месеци и 10 дена, требаше вчера да прими вакцина. Арно ама, направивме крвна слика, хемоглобин 95 и мала настинка. Е сега, ја консултирам матичната др, ми вика да давам една недела витамин ц и да повторам крвна слика. Ја консултирам др. каде го носам на приватно, таа вика мора да зема нешто за железото. На крај одам кај др. кај вакцините, а таа пак вика ништо да не зема и да се вакцинира. Навистина не знам веќе што да правам. Ве молам за совети и ваши искуства. Ви благодарам
За вакцина хемоглобинот треба да е 100-130, а плус со настинка јас не би вакцинирала. За железото немам искуство, но скоро имаше дискусија во темата Совети 6 до 12 месеци мислам, побарај таму.
Мајки го имате ли ,искористливо е или џабе потрошени пари ? Се мислам да го порачам ама спрема димензиите некако мало ми личи.. И меѓу хранилка и лулашка за бебе што би одбрале ?
Јас имам нешто слично на ова, baby piano, од Pi Ki го нарачав, верувам дека најевтино е кај нив. Синко цело време мрда со ноџињата и сега имаме мал пијанист дома, му се дупна од радости. Ги мава тропките да му мрдаат и им гуга, си игра. За мало бебе релаксатор е одлична опција ако сакаш да пододмориш малку или да завршиш некоја работа, ние ептен го користиме уште од првиот ден. Јас и немам нешто што купив а не искористив. А хранилка не ти треба се додека не почне да седи, тоа можеш и подоцна. Јас добив на подарок за повојница, но се уште сме малечки за да ја користиме, а по искуства што сум слушала од други ќе биде многу искористена.
Мајки дали е нормално бебето е старо скоро 40 дена и кака еднаш на 24 часа и тоа цел ден со напрегање, плачење и кенкање. Да напоменам дека е на адаптирано и и давам и чајче еднаш во денот. Имал ли некој искуство со вакво нешто и дали да паничам бидејќи прво бебе ми е не знам. Педијатерката не ми враќа два дена и барам нова и во меѓувреме затоа прашувам.
Не релаксатор туку ваква ,до 25 кг пишува дека е... Затоа и се мислам меѓу двете. А за двете немам простор ,плус немам трпезарија па некако смислата на хранилката ми се губи...
Тенџере едно зовриј вода и стави ги шишенцата да отстојат ја по 30м ги оставав. Тука прочотав за фрош сјајот за миење. Во дм го имаш убаво е прво со тој па после да стерелизираш
Да така уште поубаво Ја дека купив стерелизатор и брзо прекинав со тенџерето А во стерелизатор дестилирана користам
Јас пак Мене со хемоглобин 96ка ми го вратија од вакцина... Ти пишав претходн....пие сидерал и пико Ц, сега му е 120,и педијатарот ми рече да пие плус уште еден месец,па тек после вакцина (тогаш би бил 4++
Фала ти многу, денес ни дадоа сидерал и нас, па да видиме што понатаму. Само да ве прашам, дали бебенце то ви е на ексклузивно доење и дали има правило како да се даваат? Ви благодарам уште еднаш
Како ги улегнувате бебињата на страна или на грб? Во болница ми рекоа малку на страна да ја улегнувам. До скоро тоа ми успеваше но сега почна сама да се врти низ креветчето
Јас на страна го легнувам ама најубаво му е да спие на стомаче па сам се врти и главчето си го врти сам лево десно
Јас ги вриев еднаш денот-навечер а преку ден ги миев со сјај и жешка вода..сега и не ги ни вријам само мијам со жешка вода Подлогата јас ептен ја искористив и уште ја користам бебе уживаше таму сега се врти па брзо ми излегува од неа и се влечи по тепих Го имаме и baby piano и таму беше мирен додека не почна да лази( се влечи сеуште не е класично лазење ама не е на едно место) За лулашка немам искуство ама релаксаторот уште го користам некогаш и го хранам таму уште немам купено хранилка ама се исправа како столче со три позиции е па сега за сега додека се одлучам брка работа